Иницијатива за подобри услови за живот и подобрување на животната средина во ромската заедница во Кочани

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување од 2021 година поврзано со „Подобрување на условите за живот на ромската заедница во Општина Кочани преку подобрено собирање на отпад и создавање на рекреативни зелени површини за млади и постари лица“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување за мислењето на граѓаните; формирање на работна група од граѓани чија цел ќе биде следење на активностите на локалната самоуправа поврзани со изборното ветување; тристран договор (невладина организација, градоначалник и јавно претпријатие за комунална хигиена), вклучувајќи и акционен план за имплементација; герилски акции и прес-конференции.

Темата на локалниот мониторинг е одржувањето на јавната чистота во ромската заедница во општина Кочани.

Имплементатор
Центар за развој на заедницата СВЕТЛА ИДНИНА Кочани
Локација
Кочани
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Заклучно со месец Декември 2022, не е донесена одлука за почеток со реализација Општина Кочани kocani.gov.mk
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Не е потребно , бидејќи чистењето на дивите депонии и програмата за јавна чистота ја спроведува комуналното претпријатие Општина Кочани kocani.gov.mk
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Општината нема организирано информативни средби. Граѓански организации
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Во овој период се уште нема подготвен план за реализација, но во текот на наредните месеци се очекува да отпочне акциско планирање Секретар на Општина Кочани, комунален инспектор
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Започнато е со чистење на дивите депонии Видливо на терен
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Забележено е чистење на дивите депонии кои се наоѓаат во непосредна близина на ромското маало, како и поставување на нови контејнери за отпад. Видливо на терен
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Првите резултати се очекуваат во текот на месец јануари 2023.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Усвоена е програмата за комуналната чистота при што се вклучени и улици од ромската заедница. Секретар на Општина Кочани
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети. Комунален инспектор од Општина Кочани Секретар на Општина Кочани
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Прашањето кое што се мониторира е со висок приоритет на Општина Кочани. Секретар на Општина Кочани
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран. Секретар на Општина Кочани
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација. Секретар на Општина Кочани
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на општината не се достапни информации за проектот. Информациите за статусот на проектот се достапни на facebook страната на организацијата Светла Иднина која го мониторира прашањето Веб страна на општината https://kocani.gov.mk/ ФБ страна на организација Светла Иднина-Кочани https://mk-mk.facebook.com/Kocani232/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статусот на проектот можат да се добијат преку Барања за информации од јавен карактер. Службеник за односи со јавноста
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Организацијата - носител на проектот, Граѓани од ромската заедница
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Граѓани, невладини организации
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Да, граѓаните се вклучени преку јавни трибини, јавни форуми,консултации и сл. Граѓани, невладини организации, засегнати страни
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Поднесени се повеќе иницијативи на прашањето подобрување на животната средина во ромската заедница Организација Светла Иднина одговорна за мониторирање на прашањето
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Чистење на депониите и акции за посадување на дрвца со цел да се спречи фрлањето на ѓубре ФБ страна на организација Светла Иднина-Кочани https://mk-mk.facebook.com/Kocani232/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Н/П Општината често организира јавни настани како на пример буџетски форуми, тематски форуми и сл. но нема информации дали се дискутирало ова прашање Веб страна на општината (kocani.gov.mk)
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Веб страна на општината https://kocani.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината често организира отворени денови за граѓаните, каде учествуваат и граѓани од ромската заедница и даваат предлози за подобрување на животната средина и подобрување на условите во заедницата. Веб страна на општината (kocani.gov.mk)
      4.4 Граѓански иницијативи Да Организацијата Светла иднина има поднесено повеќе иницијативи кои се прифатени и веќе се спроведуваат од страна на општината по однос на ова прашање Веб страна на општината https://kocani.gov.mk/ ФБ страна на организација Светла Иднина-Кочани https://mk-mk.facebook.com/Kocani232/