Иницијатива за подобри услови за живот и подобрување на животната средина во ромската заедница во Кочани

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување од 2021 година поврзано со „Подобрување на условите за живот на ромската заедница во Општина Кочани преку подобрено собирање на отпад и создавање на рекреативни зелени површини за млади и постари лица“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување за мислењето на граѓаните; формирање на работна група од граѓани чија цел ќе биде следење на активностите на локалната самоуправа поврзани со изборното ветување; тристран договор (невладина организација, градоначалник и јавно претпријатие за комунална хигиена), вклучувајќи и акционен план за имплементација; герилски акции и прес-конференции.

Темата на локалниот мониторинг е одржувањето на јавната чистота во ромската заедница во општина Кочани.

Имплементатор
Центар за развој на заедницата СВЕТЛА ИДНИНА Кочани
Локација
Кочани
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Со усвојувањето на развојните програми во делот на изворните надлежности од страна на советот на Општина Кочани се смета дека одлуката за реализација на програмата е донесена Секретар на Општина Кочани
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Програмата за јавна чистота и расчистување на дивите депонии ја спроведува Комунално јавно претпријатие и нема потреба од јавни набавки од страна на општината КЈП Водовод
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Во текот на месец февруари беа одржани повеке информативни средби од страна на општина Кочани каде присуствуваа вработени од Општина Кочани, претставници од заедницата, членови од организацијата и мобилизаторите од организацијата Светла Иднина Тим на мобилизатори од организацијата светла Иднина, присутни на средбите
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Секретар на Општина Кочани
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите предуслови се исполнети Инспектор за комунални дејноссти
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Најмалку еднаш месечно КЈП Водовод ги чисти дивите депонии во ромското маало КЈП водовод Секретар на Општина Кочани
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Да, во рамките на програмата за комунална хигијана и јавна чистота и активностите на КЛП Водовод најмалку еднаш месечно се чистат дивите депонии во ромското маало КЈП водовод Секретар на Општина Кочани
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Иако програмите се донесени и усвоени општината сеуште ги нема потребните средства за да продолжи со реализација на проектот Секреатр на Општина Кочани
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат сретства во буџетот на Општина Кочани за да се продолжи со реализација на проектот Секретар на Општина Кочани
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Состојбата на животната средина во ромската заедница секогаш е со висок приоритет за општината Референт за односи со етничките заедници во Општина Кочани
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Секретар на Општина Кочани
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација Секретар на Општина Кочани
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статутот на проектот се достапни на страната на ЦРЗ Светла Иднина која го мониторира и проектот https://www.facebook.com/Kocani232?mibextid=ZbWKwL
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Н/П Информации за статутот на проектот можат да се добијат преку барање за информации од јавен карактер, но нема информација дали се поднесени конкретно за ова прашање Секретар на Општина Кочани
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината е отворена да споделува информации за проектот со сите заинтересирани страни Секретар на Општина Кочани
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Проектниот тим на Светла Иднина која работи на овој проект секојдневно неформално е во комуникација со Општината Проектен тим на Светла Иднина
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Преку јавни трибини и соработка со ромски невладини организации Секретар на Општина Кочани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Поднесени се повеке инцијативи за подобрување на животната средина во ромската заедница Проектен тим на Светла Иднина
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат во реализацијата со своето учество во акциите за чистење на депониите и акции за посадување на дрвца со цел да се спречи фрлањето на ѓубре Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Н/П Нема информации за одржани јавни настани за овој месец
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Освен јавно објавената e-mail адреса на општината, други начини за електронско учество нема https://kocani.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општина Кочани организира отворени денови за граѓаните https://kocani.gov.mk/?s=%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD+%D0%B4%D0%B5%D0%BD
      4.4 Граѓански иницијативи Да ЦРЗ Светла Иднина има поднесено повеќе иницијативи во врска со прашањето кое се мониторира https://www.facebook.com/Kocani232?mibextid=ZbWKwL