Иницијатива за подобри услови за живот и подобрување на животната средина во ромската заедница во Кочани

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување од 2021 година поврзано со „Подобрување на условите за живот на ромската заедница во Општина Кочани преку подобрено собирање на отпад и создавање на рекреативни зелени површини за млади и постари лица“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување за мислењето на граѓаните; формирање на работна група од граѓани чија цел ќе биде следење на активностите на локалната самоуправа поврзани со изборното ветување; тристран договор (невладина организација, градоначалник и јавно претпријатие за комунална хигиена), вклучувајќи и акционен план за имплементација; герилски акции и прес-конференции.

Темата на локалниот мониторинг е одржувањето на јавната чистота во ромската заедница во општина Кочани.

Имплементатор
Центар за развој на заедницата СВЕТЛА ИДНИНА Кочани
Локација
Кочани
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Со усвојувањето на развојните програми во делот на изворните надлежности од страна на советот на Општина Кочани се смета дека одлуката за реализација на програмата е донесена Инспектор за комунални дејности на општина Кочани
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Во моментот не се спроведува процес на јавни набавки Секретар на Општина Кочани
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Во рамките на проектот формирана е кризна група, во чии рамки, покрај членови од заедницата учествуваат и релевантни претставници на Општината, Советот и ЈКП Водовод. Во месец март 2023 година оддржани се најмалку 3 средби ЦРЗ Светла иднина Кочани Координатор на проект
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Општината нема конкретен план кој се однесува на мониторираното прашање. Се очекува општината во 2023-та да пристапи кон изработка акциски план за ромската заедница самостоен Референт за односи со етничките заедници во Општина Кочани
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П Нема потреба од исполнување на предуслови бидејќи станува збор за изворна надлежност на општината Советник за животна средина Општина Кочани
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Видливи се активности на терен за чистење на депониите, се уредуваат локации каде постојат детски игралишта, подобрена е соработката со КЈП во делот на остварување на надлежностите. самостоен референт за односи со етничките заедници во Општина Кочани
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Да, на терен се започнати активности, често може да се забележат тимови од општината и комуналното претпријатие кои вршат комунално-хигиенски активности на терен Секретар на Општина Кочани
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Има сериозен недостаток на средства во буџетот. Општината заедно со граѓанските организации подготвуваат проекти преку кои ке се добијат средства за конкретни и оддржливи активности и резултати. Секретар на Општина Кочани
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да КЈП водовод како единствено претпријатие има сериозен недостиг на ресурси, тука вклучувајќи и механизација , но и работна сила за да се справи со проблемите со комуналниот отпад, проблемите од дотрената канализација, дивите депонии и сл.. директор на КЈП Водовод Кочани
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Со оглед на тоа дека е изворна надлежност на општината, овој проблем е постојано приоритет Секретар на Општина Кочани
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Секретар на Општина Кочани
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Можни причини се: Недостиг на финансиски средства, недостиг на човечки потенцијал, недостиг на механизација, премногу отпад, ниска свест кај граѓаните во заедницата за справување со отпадот Инспектор за комунални дејности
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статутот на проектот се достапни на страната на ЦРЗ Светла Иднина која го мониторира и проектот https://www.facebook.com/Kocani232?mibextid=ZbWKwL
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статутот на проектот можат да се добијат преку барање за информации од јавен карактер, но нема информација дали се поднесени конкретно за ова прашање Секретар на Општина Кочани
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината на чести средби споделува информации за проектот, често се случуваат такви средби и во ромската заедница Секретар на општина Кочани
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Општина Кочани е отворена Општина и за секое прашање кое е во надлежност на Општината може да се добие информација. Проектниот тим на Светла Иднина која работи на овој проект секојдневно неформално е во комуникација со Општината Секретар на Општина Кочани Проектен тим на Светла Иднина
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Граѓаните се вклучени со учество во кризната група које е поддржана од страна на градоначалникот . Одлуките од групата се прифаќаат и се дел од програмите на општината. Секретар на Општина кочани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Во месец март нема нови иницијативи по однос на мониторираното прашање Самостоен референт за односи со етничките заедници
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Општината работи на подигнување на свеста кај граѓаните по однос на тоа прашање, но има уште многу работа за да се постигне посакуваното ниво (во врска со хигиената во градот) Самостоен референт за односи со етничките заедници
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец март нема организирани јавни настани по однос на прашањето, општината повеќе се фокусира на работа на терен, но ЦЗР Светла иднина организираше герила акција со посета на неочистените депонии во Кочани и апел до надлежните да превземат мерки Секретар на Општина Кочани https://www.facebook.com/Kocani232/videos/250785164048901/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Општината сеуште нема софтвер или програма за електронско учество, на веб страната има опција пријави проблем, но истата сеуште не е добро промовирана и користена од граѓаните Секретар на Општина Кочани https://kocani.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општина Кочани организира отворени денови за граѓаните но нема информација дали во месец март е покренато прашањето Секретар на општина Кочани
      4.4 Граѓански иницијативи Да ЦРЗ Светла Иднина има поднесено повеќе иницијативи во врска со прашањето кое се мониторира Секретар на Општина кочани