Граѓаните одблиску - катна гаража во Охрид

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со изградба на повеќекатна гаража во општина Охрид и степенот на учество и вклученост на граѓаните во процесот на урбанистичко планирање. Тоа ќе овозможи јавноста подобро да ги согледа актуелните случувања, динамиката и преостанатите активности на локалната самоуправа во однос на ова прашање. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средба со релевантни претставници на локалната самоуправа и барање да се сподели физибилити студијата за изградба на гаражата; информирање на јавноста и презентација на наодите на локалните медиуми и слично.

Темата на локалниот мониторинг е изградбата на катна гаража во Охрид.

Имплементатор
Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија Охрид.
Локација
Охрид
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Се уште нема донесена одлука за почеток со реализација Градоначалник на општина Охрид и Раководител на сектор за урбанизам
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Во месец фебруари нема нови набавки поврзани со проектот Раководител на сектор за урбанизам
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Општината нема одржано состаноци со засегнати страни, но Инклузија како организација која го мониторира прашањето одржа состаноци со: ЗЗ Задруга, ЗЗ Горица, Еколаг, Архрид, архитекти-експерти Инклузија, организација која го мониторира прашањето
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема подготвен план за реализација на проектот Раководител на сектор за урбанизам
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Градоначалникот на општина Охрид на медиумско прашање одговара дека добиено е конзерваторското одобрение за катна гаража/ 13.02.2022 За обезбедување на неопходни документации меѓу разговор посочува и урбанизам. На средба со мобилизаторката во декември, 2022 година градоначаникот д-р Кирил Пецаков истакнува дека се чека одобрение за градба и одобрение од Комисијата на УНЕСКО, За процесот на обезбедување на неопходна документација за почеток на реализацијата на проектот - Катна гаража, меѓу неформален разговор посочува и раководителот на сектор Урбанизам, додека преку средби со засегнати страни мобилизаторите на заедницата и проектниот тим дознава дека станува збор и за нерешени имотно правни односи. Интервју со градоначалникот на општина Охрид (https://ohrid24.mk/?p=24194&fbclid=IwAR1vQxb__J-aV32lpfPuZyo6yz0sqwJdfpH8rzPkmRlrjEeMuB0PpsXlIuo) Средба со Градоначалникот и до раководителот на секторот со урбанизам.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Не се започнати видливи конкретни активности од планот. Медиумски текст https://tvm.mk/news/ohrid/katnata-garaza-zaglavena-vo-birokratska-lavirint/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи првични резултати од реализација на проектот. Медиумски текст https://tvm.mk/news/ohrid/katnata-garaza-zaglavena-vo-birokratska-lavirint/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Во буџетот се предвидени само средства за уредување на градежно земјиште Буџет на општина Охрид за 2023 https://ohrid.gov.mk/%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D1%83%D0%B2%D0%B8%D0%B4-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D1%86%D1%80%D1%82-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%86%D1%80%D1%82/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Нерешени имотно-правни односи и други неправилности Градоначалник и Раководител на сектор за урбанизам.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Градоначалникот истакнува дека катната гаража низ средбите со граѓани се истакнува како топ 3 приоритетни решенија за општината Охрид, истото го признаваат и советниците на општината раководителот на урбанизам, како и засегнати страни и граѓани. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори од 2021 година (https://vmro-dpmne.org.mk/%d0%bb%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b0%d0%bc%d0%be%d1%83%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b0?fbclid=IwAR26NRVyn3b6Dcw03fs1ENwKibRSg7lL7EGNnIXzEi0toNcd_egXMWSyd-A) Градоначалник на Охрид Градоначалникот истакнува дека катната гаража низ средбите со граѓани се истакнува како топ 3 приоритетни решенија за општината Охрид, истото преку разговор со имплементаторите на иницијативата го истакнуваат и советниците на Советот на општина Охрид кој се во опозиција како и раководителот на секторот на урбанизам.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран од тие причини
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Нема јавна информација за причините за стагнација иако од досегашните разговори може да се заклучи дека пречките се од административна природа, имотно правни односи на самата локација. Мобилизатори
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на општината не се достапни информации за статусот на проектот. Веб страна на општина Охрид (https://ohrid.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да До овој момент од страна на мобилизаторите на заедницата и проектниот тим до општина Охрид поднесено е официјално барање за добивање на физибилити студијата за катната гаража и истата е навремено доставена Поднесено е официјално барање за добивање на физибилити студија по архивски број 122/2 2022 Притоа под бр.03-16243/1 од 22.11.2022 година ни беше доставена ЦД со електонска верзија на Физибилити студија за оправданоста за изградба на катна гаража во Охрид со тах.бр.03-186/19 од март 2019 година изработена од од Завод за испитување на метеријали и развој на нови технологии „Скопје“ АД Скопје.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информации за статусот на ветувањето можат да се добијат од страна на надлежни лица во општината, но во месец фебруари немало такви барања Локални мобилизаторки од организацијата Инклузија преку средби со засегнати страни.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Да. Градоначаникот е постојано со граѓаните и отворено се дискутира за проблемите на општината. Граѓани, невладини организации, засегнати страни.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Општината не ги вклучила граѓаните во одлуките поврзано со прашањето кое се мониторира, но општина Охрид има механизам за вклученост на граѓаните во однос на одлуките, пример отворен ден, јавни седници и слично. https://powerinfo.mk/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80/
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира, но често прашањето се дискутирало на трибини и средби со граѓани. Градоначалник на општина Охрид. Граѓани.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Прашањето кое се мониторира е сериозна капитална инвестиција на општината за кое има наведени извори на финансирање и граѓаните немаат земено никакво учество со свој придонес и ресурси. Извори на финансирање на проектот (https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Sluzben_glasnik_2021_17.pdf)
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец фебруари нема одржано јавни настани на темата Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Делот - пријави проблем на веб страната на општина Охрид (https://ohrid.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има механизам отворени денови на општината, но нема информација дали ова прашање било покренато. Медиумска најава за отворени денови на општината (https://www.ohridnews.com/otvoreni-denovi-na-opshtina-ohrid-za-predlozheniot-bu-et-za-2023-godina/)
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема информации за поднесени други граѓански иницијативи за ова прашање. Граѓаните не поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира, но често прашањето се дискутирало на трибини и средби со граѓани. Веб страна на општината (https://ohrid.gov.mk/) Градоначалник на Охрид