Граѓаните одблиску - катна гаража во Охрид

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со изградба на повеќекатна гаража во општина Охрид и степенот на учество и вклученост на граѓаните во процесот на урбанистичко планирање. Тоа ќе овозможи јавноста подобро да ги согледа актуелните случувања, динамиката и преостанатите активности на локалната самоуправа во однос на ова прашање. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средба со релевантни претставници на локалната самоуправа и барање да се сподели физибилити студијата за изградба на гаражата; информирање на јавноста и презентација на наодите на локалните медиуми и слично.

Темата на локалниот мониторинг е изградбата на катна гаража во Охрид.

Имплементатор
Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија Охрид.
Локација
Охрид
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не По официјалната средба со Градоначалникот на општина Охрид добиена е информација дека не е донесена одлука за реализација за изградба на катната гаража бидејќи како што истакнува тој заглавени се во административен лавиринт. Средба со градоначалникот на општина Охрид дознаваме дека нема донесено одлука за почеток за изградба на катната гаража бидејќи како што објаснува тој се чека одобрение за градба за катната гаража така и одобрение од страна на комисијата на УНЕСКО. Имено, тој очекува на почеток на следната година тоа одобрение да го добие локалната самоуправа.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Да, со изработка на проектната и планската документација, односно подготвителните активности во врска со изградбата на катната гаража, содржани во програмата за Развој на Општина Охрид, категорија: „Уредување на градежно земјиште“ Во програмата за Развој на Општина Охрид, категорија: „Уредување на градежно земјиште“ за периодот 2022-2024 година, оддел Б: „Асфалтирање и реконструкција на улици и пристапни патишта“ реден број 3. „Изработка на проектна и техничка документација за изградба на катна гаража“, а за истото се предвидени 4 300 000, 00 денари. („Службен гласник на Општина Охрид“ бр. 17 од 30. 12. 2021 година, стр. 17)
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Да, до овој момент мобилизаторката Елена Ристеска оствари средба со градоначалникот на општина Охрид д-р Кирил Пецаков. Исто така, мобилизаторките и тимот за имплементација на проектот остварија официјална средба со здружение на архитекти на Охрид. Градоначалник на Охрид Здруежние на архитекти
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема информации.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Градоначалникот на општина Охрид на медиумско прашање одговара дека добиено е конзерваторското одобрение за катна гаража/ 13.02.2022 На средба со мобилизаторката тој истакнува дека се чека одобрение за градба и одобрение од Комисијата на УНЕСКО. Интервју со градоначалникот на општина Охрид (https://ohrid24.mk/?p=24194&fbclid=IwAR1vQxb__J-aV32lpfPuZyo6yz0sqwJdfpH8rzPkmRlrjEeMuB0PpsXlIuo) Средба со Градоначалник
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Не се започнати видливи конкретни активности од планот. Медиумски текст https://tvm.mk/news/ohrid/katnata-garaza-zaglavena-vo-birokratska-lavirint/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи првични резултати од реализација на проектот. Медиумски текст https://tvm.mk/news/ohrid/katnata-garaza-zaglavena-vo-birokratska-lavirint/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Нема информација. Во разговор со градоначалникот на општина Охрид ни истакнува дека најверојатно за изградба на катната гаража ќе има јавен повик и со одложено плаќање ќе се гради истата. Градоначалник на Охрид
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Интензивно се работи на капиталниот проект за изградба на Катна гаража на потегот кај Градски пазар. Во финална фаза се административните процедури за двата проекти и се спроведуваат сите предвидени активности за комплетирање на целокупната документација. Отчет на градоначалникот Кирил Пецаков (https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Otcet_100_dena_2022.pdf)
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Градоначалникот истакнува дека катната гаража низ средбите со граѓани се истакнува како топ 3 приоритетни решенија за општината Охрид, односно немањето на катна гаража претставува проблем и за граѓаните на Охрид и за туристите кој го Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори од 2021 година (https://vmro-dpmne.org.mk/%d0%bb%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b0%d0%bc%d0%be%d1%83%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b0?fbclid=IwAR26NRVyn3b6Dcw03fs1ENwKibRSg7lL7EGNnIXzEi0toNcd_egXMWSyd-A) Градоначалник на Охрид
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Нема информации за започнати истраги.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Нема јавна информација за причините за стагнација.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на општината не се достапни информации за статусот на проектот. Веб страна на општина Охрид (https://ohrid.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да До овој момент од страна на мобилизаторите на заедницата и проектниот тим до општина Охрид поднесено е официјално барање за добивање на физибилити студијата за катната гаража. Поднесено е официјално барање за добивање на физибилити студија по архивски број 122/2 2022
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Да. Градоначалникот на општина Охрид, д-р Кирил Пецаков оставри средба со локкалната мобилизаторка. Постои транстаперно работење од негова страна, за разлика од тоа што од општинската управа се уште се чека одговор. Локални мобилизаторки од организацијата Инклузија
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Да. Градоначаникот е постојано со граѓаните и отворено се дискутира за проблемите на општината. Граѓани, невладини организации, засегнати страни
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Општината не ги вклучила граѓаните во одлуките поврзано со прашањето кое се мониторира, но општина Охрид има механизам за вклученост на граѓаните во однос на одлуките, пример отворен ден, јавни седници и слично. https://powerinfo.mk/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80/
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира, но често прашањето се дискутирало на трибини и средби со граѓани. Градоначалник на Охрид Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Прашањето кое се мониторира е сериозна капитална инвестиција на општината за кое има наведени извори на финансирање и граѓаните немаат земено никакво учество со свој придонес и ресурси. Извори на финансирање на проектот (https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Sluzben_glasnik_2021_17.pdf)
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема информации за одржани јавни настани.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Делот - пријави проблем на веб страната на општина Охрид (https://ohrid.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има механизам отворени денови на општината, но нема информација дали ова прашање било покренато. Медиумска најава за отворени денови на општината (https://www.ohridnews.com/otvoreni-denovi-na-opshtina-ohrid-za-predlozheniot-bu-et-za-2023-godina/)
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема информации за поднесени други граѓански иницијативи за ова прашање. Граѓаните не поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира, но често прашањето се дискутирало на трибини и средби со граѓани. Веб страна на општината (https://ohrid.gov.mk/) Градоначалник на Охрид