Граѓаните одблиску - катна гаража во Охрид

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со изградба на повеќекатна гаража во општина Охрид и степенот на учество и вклученост на граѓаните во процесот на урбанистичко планирање. Тоа ќе овозможи јавноста подобро да ги согледа актуелните случувања, динамиката и преостанатите активности на локалната самоуправа во однос на ова прашање. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средба со релевантни претставници на локалната самоуправа и барање да се сподели физибилити студијата за изградба на гаражата; информирање на јавноста и презентација на наодите на локалните медиуми и слично.

Темата на локалниот мониторинг е изградбата на катна гаража во Охрид.

Имплементатор
Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија Охрид.
Локација
Охрид
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Се уште нема донесена одлука за почеток со реализација Градоначалник на општина Охрид, Раководител на урбанизам, Секретар на општина Охрид.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Во месец март нема набавки поврзани со проектот. Раководител на сектор за урбанизам, секретар на општина Охрид, градоначалник на општина Охрид.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Општината нема одржано состаноци со засегнати страни, но Инклузија како организација која го мониторира прашањето до сега одржа состаноци со повеќе засегнати страни Организација која го мониторира прашањето „Инклузија“
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема подготвен план за реализација на проектот Раководител на сектор за урбанизам.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Градоначалникот на општина Охрид на медиумско прашање одговара дека добиено е конзерваторското одобрение за катна гаража/ 13.02.2022 г. За обезбедување на неопходни документации меѓу разговор посочува и урбанизам, архитекти од „Завод и музеј“ и секретарот. Преку разговор на ден 20.03.2023 година, секретарот на општина Охрид посочува дека документацијата е заглавена во рацете на институциите, односно постојано се посочуваат нови забелешки за проектот, додека од „Завод и музеј“ велат дека барањето е вратено кај изрботувачот на проектот со листа на забелешки, па потоа стручен тим одлучува за забелешките.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Преку разговор со надлежни од општина Охрид ни посочуваат дека се преземаат конкретни активности со цел спроведување на изборното ветување, но истите се уште не се видливи. - Од секторот за урбанизам се во процес на изработка на идеен проект. Има изработена физибилити студија; Медиумски текст https://tvm.mk/news/ohrid/katnata-garaza-zaglavena-vo-birokratska-lavirint/ - https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-notifications-for-bid/68e52470-70f2-4edc-897b-933e3590dbeb (како претходен предуслов за изработка на идеен проект)
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема првични видливи резултати за реализација на изборното ветување. Видливо на терен+ Медиумски текст https://tvm.mk/news/ohrid/katnata-garaza-zaglavena-vo-birokratska-lavirint/ https://www.ohridnews.com/so-izgradbata-na-katnata-garazha-%d1%9ce-se-reshat-dolgogodishnite-problemi-so-soobra%d1%9ca%d1%98niot-metezh-vo-ohrid/ https://kurir.mk/republika/opstini/javna-rasprava-za-potrebata-od-katna-garazha-vo-ohrid/?fbclid=IwAR3-wJ7IlJwWsg-XSA3MQKMM-zRXFaVLKOxFLluOfjHUlLbIggfgsDE5LHE https://lider.mk/javna-rasprava-za-potrebata-od-katna-garaza-vo-ohrid/?fbclid=IwAR384yZnrctVjZfncqSO-AqTQzZHV_BiWSorBgyjdAeqAQ5SRdF7x-9oyO8 https://ohridpress.com.mk/?p=172361&fbclid=IwAR1kLn_CmzHwOxKvw8sqlbuXF9GABKkl-L3CwStBa6224yBhizWjFYMm1zI https://www.webohrid.com/javna-debata-na-tema-katna-garaza-nova-moznost-za-ohrid/?fbclid=IwAR1VhpxuHLeIX8zPDhaKsg86H-7QqXi-K7S74ZYPYO55ErzvaPV_qOc5hEk
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П - Делумно. Недостигот на средства ќе се покрие преку јавно-приватно партнерство, според Физибилити студијата. -Во буџетот се предвидени само средства за уредување на градежно земјиште -Градоначалникот на општина Охрид - изградба со одложено плаќање - Физибилити студија; -Градоначалник на општина Охрид; -Секретар на општина Охрид; -Додека на 31.03.2023 година раководителот на урбанистичко планирање, на јавната дебата која ја организираше „Инклузија“ на прашање од страна на опозиционата политичка партија, не одговори конкретно дали средствата ќе бидат покриени со јавно-приватно партнерство, иако според Физибилити така е планирано.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Нерешени имотно-правни односи и други неправилности. Низа забелешки дадени од страна на Управа за заштита на кулурното наследство. Градоначалник и Раководител на сектор за урбанизам, Архитект од „Завод и музеј“. Проектот е вратен со низа забелешки дадени од страна Управа за заштита на кулурното наследство. (на истите се работи посочуваат од локалната самоуправа).
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не За приоритет на изборното ветување Инклузија зборуваше со градоначалникот на општина Охрид, секретарот на општина Охрид, урбанизам, Советници од советот на општина Охрид, директорот на ЈП„Билјанини извори“... Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори од 2021 година (https://vmro-dpmne.org.mk/%d0%bb%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b0%d0%bc%d0%be%d1%83%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b0?fbclid=IwAR26NRVyn3b6Dcw03fs1ENwKibRSg7lL7EGNnIXzEi0toNcd_egXMWSyd-A) Градоначалник на Охрид Градоначалникот истакнува дека катната гаража низ средбите со граѓани се истакнува како топ 3 приоритетни решенија за општината Охрид, истото преку разговор со имплементаторите на иницијативата го истакнуваат и советниците на Советот на општина Охрид кој се во опозиција како и раководителот на секторот на урбанизам, за важноста на овој проект преку разговор од 20.03.2023 година со мобилизаторката и претседателот на „Инклузија“ истакнува и секретарот на општина Охрид г-дин Александар Китески, за важноста на паркинг местата и капацитетот на паркинг места со кој располага јавното претпријатие на паркинзи при општина Охрид разговаравме и со директорот на ЈП „Билјанини извори“, г-дин Теодор Андоноски, додека на јавната дебата имплементирана на 31.03.2023 година и присутните граѓани истакнуваат дека изборното ветување е приоритет што е веќе и задоцнет од сите претходни раководни структури на локалната самоуправа.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран од тие причини. Општина Охрид посочуваат дека изборното ветување не е стопирано, туку на истото се работи.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Нема јавна информација за причините за стагнација иако од досегашните разговори може да се заклучи дека пречките се од административна природа, имотно правни односи на самата локација. Мобилизатори од организацијата Инклузија
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На веб страната на општината не се достапни информации за статусот на проектот. Веб страна на општина Охрид (https://ohrid.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да До овој момент од страна на мобилизаторите од Инклузија и проектниот тим до општина Охрид поднесено е официјално барање за добивање на физибилити студијата за катната гаража и истата е навремено доставена и други информатвни состаноци. Поднесено е официјално барање за добивање на физибилити студија по архивски број 122/2 2022 Притоа под бр.03-16243/1 од 22.11.2022 година ни беше доставена ЦД со електонска верзија на Физибилити студија за оправданоста за изградба на катна гаража во Охрид со тах.бр.03-186/19 од март 2019 година изработена од од Завод за испитување на метеријали и развој на нови технологии „Скопје“ АД Скопје.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информации за статусот на ветувањето можат да се добијат од страна на надлежни лица во општината. Во месец март повторно беше побарано од страна на мобилизаторите средба со секторот на Урбанизам, но на истото не беше одговорено од страна на општината. Секретар на општина Охрид Директор на ЈП „Билјанини извори“ - паркинзи Претходно одржани се состаноци и со раководителот на урбанизам и градоначалникот на општина Охрид.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Да. Градоначаникот позитивно одговори на нашето барање и се дискутираше за проблемите на општината, конкретно за ова ветување. Граѓани, невладини организации, засегнати страни. https://tvm.mk/news/ohrid/ohrigjani-najaktivno-debatiraat-udobno-doma/?fbclid=IwAR3-wJ7IlJwWsg-XSA3MQKMM-zRXFaVLKOxFLluOfjHUlLbIggfgsDE5LHE
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Општината не ги вклучила граѓаните во одлуките поврзано со прашањето кое се мониторира, но општина Охрид има механизам за вклученост на граѓаните во однос на одлуките, пример отворен ден, јавни седници и слично. https://powerinfo.mk/%d0%be%d1%82%d0%b2%d0%be%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8-%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d1%85%d1%80%d0%b8%d0%b4-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80/
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира, но често прашањето се дискутирало на трибини и средби со граѓани. Градоначалник на општина Охрид. Граѓани.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Прашањето кое се мониторира е сериозна капитална инвестиција на општината за кое има наведени извори на финансирање и граѓаните немаат земено никакво учество со свој придонес и ресурси. Извори на финансирање на проектот (https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Sluzben_glasnik_2021_17.pdf)
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не, општината нема организирано јавен собир, дебата или форум за ова прашање. На 31.03.2023 година „Инклузија“ организира јавна дебата на тема: „Катна гаража – нова можност за Охрид“ во рамките на проектот : „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“. Општината нема пракса често да организира јавна дебата, собири или форуми за прашањата кои се од важност за граѓаните. Јавната дебата се имплементира од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, каде преставници на локалната самоуправа, експерти од областа, граѓанскиот сектор, претставници на политички партии, претставници на политички подмладоци, архитекти и сите заинтересирани граѓани имаа можност активно да дискутираат и поставуваат прашања на надлежните за ова прашање, меѓудругото на јавната дебата учесниците имаа можност да ја проследат и презентацијата на урбанистичката анализа на физибилити студијата за катната гаража (SWOT анализа) како и компаративната анализа со други катни гаражи во земјава и регионот, подготвени од „Колектив“ АРХИД“. За важноста на програмската определба и имплементација на проектот катна гаража во Охрид, збор зема Љупчо Танески, претставник од општина Охрид, додека за преспективите за катната гаража говореше Живка Ангелоска, член на советот на општина Охрид од редовите на СДСМ. За катната гаража и предизвиците за културното наследство на Охрид, на јавната дебата говореше Горан Патчев, вработен во НУ Завод и музеј – Охрид, додека како засегната страна, како граѓанин и како претставник на Еколошкото друштво „ЕКО ЛАГ“- Охрид, говореше Митко Кузманоски. https://www.ohridnews.com/so-izgradbata-na-katnata-garazha-%d1%9ce-se-reshat-dolgogodishnite-problemi-so-soobra%d1%9ca%d1%98niot-metezh-vo-ohrid/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Делот - пријави проблем на веб страната на општина Охрид (https://ohrid.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има механизам отворени денови на општината, но нема информација дали ова прашање било покренато. Медиумска најава за отворени денови на општината (https://www.ohridnews.com/otvoreni-denovi-na-opshtina-ohrid-za-predlozheniot-bu-et-za-2023-godina/)
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема информации за поднесени други граѓански иницијативи за ова прашање. Граѓаните не поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира, но често прашањето се дискутирало на трибини и средби со граѓани. Веб страна на општината (https://ohrid.gov.mk/) Градоначалник на Охрид