Граѓаните одблиску - катна гаража во Охрид

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со изградба на повеќекатна гаража во општина Охрид и степенот на учество и вклученост на граѓаните во процесот на урбанистичко планирање. Тоа ќе овозможи јавноста подобро да ги согледа актуелните случувања, динамиката и преостанатите активности на локалната самоуправа во однос на ова прашање. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средба со релевантни претставници на локалната самоуправа и барање да се сподели физибилити студијата за изградба на гаражата; информирање на јавноста и презентација на наодите на локалните медиуми и слично.

Темата на локалниот мониторинг е изградбата на катна гаража во Охрид.

Имплементатор
Здружение за мултикултурна интеграција Инклузија Охрид.
Локација
Охрид
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Одлука за почеток на изборното ветување нема. Градоначалник на општина Охрид. Секретар на општина Охрид. Раководител на сектор за урбанистичко планирање.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Да, со изработка на проектната и планската документација, односно подготвителните активности во врска со изградбата на катната гаража, содржани во програмата за Развој на Општина Охрид, категорија: „Уредување на градежно земјиште“. Во програмата за Развој на Општина Охрид, категорија: „Уредување на градежно земјиште“ за периодот 2022-2024 година, оддел Б: „Асфалтирање и реконструкција на улици и пристапни патишта“ реден број 3. „Изработка на проектна и техничка документација за изградба на катна гаража“, а за истото се предвидени 4 300 000, 00 денари. („Службен гласник на Општина Охрид“ бр. 17 од 30. 12. 2021 година, стр. 17)
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Да! Општина Охрид работи на прашањето кое го мониторираме. Додека во текот на изминатите 6 месеци одржани се информативни состаноци од страна на „Инклузија“ скоро со сите засегнати страни. Општина Охрид го работи прашањето кое што се мониторира. Има изработена физибилити студија, до овој момент има распишан јавен оглас за идејно решение, односно конкурс за избор на идејно решение бр. 12414/2020 https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/274b470b-2082-4339-8f20-44822d2468c9/6
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Нема детално подготвен план за реализација на проектот. Раководител на сектор за урбанизам.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Градоначалникот на општина Охрид на медиумско прашање одговара дека добиено е конзерваторското одобрение за катна гаража/ 13.02.2022 г. За обезбедување на неопходни документации меѓу разговор посочува и урбанизам, архитекти од „Завод и музеј“ и секретарот. Преку разговор на ден 20.03.2023 година, секретарот на општина Охрид посочува дека документацијата е заглавена во рацете на институциите, односно постојано се посочуваат нови забелешки за проектот, додека од „Завод и музеј“ велат дека барањето е вратено кај изработувачот на проектот со листа на забелешки, па потоа стручен тим одлучува за забелешките.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Да. Досега реализиран е конкурс за изработка на идејно решение, во процес на изработка е идеен план, како и добиено е позитивно конзерваторско мислење од страна на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј" - Охрид. Јавна дебата. Јавната дебата се имплементира од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, каде преставници на локалната самоуправа, експерти од областа, граѓанскиот сектор, претставници на политички партии, претставници на политички подмладоци, архитекти и сите заинтересирани граѓани имаа можност активно да дискутираат и поставуваат прашања на надлежните за ова прашање, меѓудругото на јавната дебата учесниците имаа можност да ја проследат и презентацијата на урбанистичката анализа на физибилити студијата за катната гаража (SWOT анализа) како и компаративната анализа со други катни гаражи во земјава и регионот, подготвени од „Колектив“ АРХИД“. https://www.ohridnews.com/so-izgradbata-na-katnata-garazha-%d1%9ce-se-reshat-dolgogodishnite-problemi-so-soobra%d1%9ca%d1%98niot-metezh-vo-ohrid/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема првични видливи резултати за реализација на изборното ветување Видливо на терен Медиумски текст https://tvm.mk/news/ohrid/katnata-garaza-zaglavena-vo-birokratska-lavirint/ https://www.ohridnews.com/so-izgradbata-na-katnata-garazha-%d1%9ce-se-reshat-dolgogodishnite-problemi-so-soobra%d1%9ca%d1%98niot-metezh-vo-ohrid/ https://kurir.mk/republika/opstini/javna-rasprava-za-potrebata-od-katna-garazha-vo-ohrid/?fbclid=IwAR3-wJ7IlJwWsg-XSA3MQKMM-zRXFaVLKOxFLluOfjHUlLbIggfgsDE5LHE https://lider.mk/javna-rasprava-za-potrebata-od-katna-garaza-vo-ohrid/?fbclid=IwAR384yZnrctVjZfncqSO-AqTQzZHV_BiWSorBgyjdAeqAQ5SRdF7x-9oyO8 https://ohridpress.com.mk/?p=172361&fbclid=IwAR1kLn_CmzHwOxKvw8sqlbuXF9GABKkl-L3CwStBa6224yBhizWjFYMm1zI https://www.webohrid.com/javna-debata-na-tema-katna-garaza-nova-moznost-za-ohrid/?fbclid=IwAR1VhpxuHLeIX8zPDhaKsg86H-7QqXi-K7S74ZYPYO55ErzvaPV_qOc5hEk
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Проектот ќе биде целосно реализиран со средства од општината. Јавна дебата. Јавната дебата се имплементира од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, каде преставници на локалната самоуправа, експерти од областа, граѓанскиот сектор, претставници на политички партии, претставници на политички подмладоци, архитекти и сите заинтересирани граѓани имаа можност активно да дискутираат и поставуваат прашања на надлежните за ова прашање, меѓудругото на јавната дебата учесниците имаа можност да ја проследат и презентацијата на урбанистичката анализа на физибилити студијата за катната гаража (SWOT анализа) како и компаративната анализа со други катни гаражи во земјава и регионот, подготвени од „Колектив“ АРХИД“. https://www.ohridnews.com/so-izgradbata-na-katnata-garazha-%d1%9ce-se-reshat-dolgogodishnite-problemi-so-soobra%d1%9ca%d1%98niot-metezh-vo-ohrid/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Се уште не е добиено конзерваторско одобрение од страна на Управата за заштита на културното наследство на Република Северна Македонија. Преку разговор на ден 20.03.2023 година, секретарот на општина Охрид посочува дека документацијата е заглавена во рацете на институциите, односно постојано се посочуваат нови забелешки за проектот, додека од „Завод и музеј“ велат дека барањето е вратено кај изрботувачот на проектот со листа на забелешки, па потоа стручен тим одлучува за забелешките.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не За приоритет на изборното ветување Инклузија зборуваше со градоначалникот на општина Охрид, секретарот на општина Охрид, урбанизам, Советници од советот на општина Охрид, директорот на ЈП„Билјанини извори“... Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори од 2021 година (https://vmro-dpmne.org.mk/%d0%bb%d0%be%d0%ba%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b0%d0%bc%d0%be%d1%83%d0%bf%d1%80%d0%b0%d0%b2%d0%b0?fbclid=IwAR26NRVyn3b6Dcw03fs1ENwKibRSg7lL7EGNnIXzEi0toNcd_egXMWSyd-A) Градоначалник на Охрид - Градоначалникот истакнува дека катната гаража низ средбите со граѓани се истакнува како топ 3 приоритетни решенија за општината Охрид, истото преку разговор со имплементаторите на иницијативата го истакнуваат и советниците на Советот на општина Охрид кој се во опозиција како и раководителот на секторот на урбанизам, за важноста на овој проект преку разговор од 20.03.2023 година со мобилизаторката и претседателот на „Инклузија“ истакнува и секретарот на општина Охрид г-дин Александар Китески, за важноста на паркинг местата и капацитетот на паркинг места со кој располага јавното претпријатие на паркинзи при општина Охрид разговаравме и со директорот на ЈП „Билјанини извори“, г-дин Теодор Андоноски, додека на јавната дебата имплементирана на 31.03.2023 година и присутните граѓани истакнуваат дека изборното ветување е приоритет што е веќе и задоцнет од сите претходни раководни структури на локалната самоуправа. За изборното ветување дека е приоротет покажува и ставот на граѓаните присутни на Јавната дебата имплементирана од страна на „Инклузија“, како и коментарите по социјалните медиуми.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран од тие причини. Општина Охрид посочуваат дека изборното ветување не е стопирано, туку на истото се работи. Градоначалник на општина Охрид. Секретарот пак на општина Охрид смета дека проектот не е стопиран, напротив на него се работи, но бавниот напредок се должи на административниот лавиринт ( односно на забелешките зададени од страна на надлежните институции).
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема јавна информација за причините за стагнација иако од досегашните разговори може да се заклучи дека пречките се од административна природа, конкретно, се уште не е добиено конзерваторско одобрение од страна на Управата за заштита на кул. наследство Засегнати страни.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статусот на изборното ветување на веб страната не се поставени ниту во текот на месец април. Веб страна на општина Охрид (https://ohrid.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Да! Од страна на мобилизаторите од Инклузија и проектниот тим до општина Охрид поднесено е официјално барање за добивање на физибилити студијата за катната гаража и истата е навремено доставена. Во текот на проектот беа остварени неколку средби со локалната самоуправа каде меѓу разговор добивавме одговори во однос на прашањето кое го мониторираме. Поднесено е официјално барање за добивање на физибилити студија по архивски број 122/2 2022 Притоа под бр.03-16243/1 од 22.11.2022 година ни беше доставена ЦД со електонска верзија на Физибилити студија за оправданоста за изградба на катна гаража во Охрид со тах.бр.03-186/19 од март 2019 година изработена од од Завод за испитување на метеријали и развој на нови технологии „Скопје“ АД Скопје.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информации за статусот на ветувањето можат да се добијат од страна на надлежни лица во општината. Информации за статусот на изборното ветување може да се добијат од страна на општина Охрид. „Инклузија“ во неколку наврати оствари средби со надлежни лица од локалната самоуправа. Само во месец март не ни беше одговорено за завршната средба со Раководителот на урбанизам, додека во месец април беше остварена финална средба со градоначаникот на општина Охрид д-р Кирил Пецаков со цел презентација на досегашните активности, образложение на брошурата како и предавање на макетата која беше изработена од страна на „Инклузија“.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Да. Градоначаникот позитивно одговори на нашето барање и се дискутираше за проблемите на општината, конкретно и за ова ветување. Градоначалникот на општина Охрид позитивно одговори на барањето за состаноци по оваа тема со тимот на „Инклузија“, позитивно одговорија и Секретарот на општина Охрид, Раководителот на секор урбанизам, директорот на ЈП „Билјанини извори“ - паркинзи. Имено, општината има механизам за т.н „отворени денови“ но истите ретко се користат од страна на граѓаните.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Општината не ги вклучила граѓаните во одлуките поврзано со прашањето кое се мониторира. Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира, но како што посочува градоначалникот прашањето било поставувано како приоритет за решавање за градот. Граѓаните не поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изботното ветување кое се мониторира, единствено нешто што било од граѓаните по ова прашање е како што посоува градоначалникот се поставувало во неколку наврати меѓу средби со граѓани, бизнис заедница и сл. дека проектот е приоритетен и дека истиот ќе реши многу проблеми со кои што се соочува градот, а особено со сообраќајниот хаос во централното градско подрачје. Градоначалник на општина Охрид. Граѓани.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Прашањето кое се мониторира е сериозна капитална инвестиција на општината за кое има наведени извори на финансирање и граѓаните немаат земено никакво учество со свој придонес и ресурси. Извори на финансирање на проектот (https://ohrid.gov.mk/wp-content/uploads/2017/08/Sluzben_glasnik_2021_17.pdf)
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не, општината нема организирано јавен собир, дебата или форум за ова прашање. На 31.03.2023 година „Инклузија“ организира јавна дебата на тема: „Катна гаража – нова можност за Охрид“ во рамките на проектот : „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“. Општината нема пракса често да организира јавна дебата, собири или форуми за прашањата кои се од важност за граѓаните. Јавната дебата се имплементира од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, каде преставници на локалната самоуправа, експерти од областа, граѓанскиот сектор, претставници на политички партии, претставници на политички подмладоци, архитекти и сите заинтересирани граѓани имаа можност активно да дискутираат и поставуваат прашања на надлежните за ова прашање, меѓудругото на јавната дебата учесниците имаа можност да ја проследат и презентацијата на урбанистичката анализа на физибилити студијата за катната гаража (SWOT анализа) како и компаративната анализа со други катни гаражи во земјава и регионот, подготвени од „Колектив“ АРХИД“. За важноста на програмската определба и имплементација на проектот катна гаража во Охрид, збор зема Љупчо Танески, претставник од општина Охрид, додека за преспективите за катната гаража говореше Живка Ангелоска, член на советот на општина Охрид од редовите на СДСМ. За катната гаража и предизвиците за културното наследство на Охрид, на јавната дебата говореше Горан Патчев, вработен во НУ Завод и музеј – Охрид, додека како засегната страна, како граѓанин и како претставник на Еколошкото друштво „ЕКО ЛАГ“- Охрид, говореше Митко Кузманоски. https://www.ohridnews.com/so-izgradbata-na-katnata-garazha-%d1%9ce-se-reshat-dolgogodishnite-problemi-so-soobra%d1%9ca%d1%98niot-metezh-vo-ohrid/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Делот - пријави проблем на веб страната на општина Охрид (https://ohrid.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има механизам отворени денови на општината, но нема информација дали ова прашање било покренато. Медиумска најава за отворени денови на општината (https://www.ohridnews.com/otvoreni-denovi-na-opshtina-ohrid-za-predlozheniot-bu-et-za-2023-godina/)
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема информации за поднесени други граѓански иницијативи за ова прашање. Граѓаните не поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира, но често прашањето се дискутирало на трибини и средби со граѓани. Веб страна на општината (https://ohrid.gov.mk/) Градоначалник на Охрид