Селектирање и рециклирање на отпад за минимизирање на загадувањето во општините Струмица, Ново Село и Босилово

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на спроведување на изборното ветување на независните локални советници од кандидатската листа „Стига е“ за општините Струмица, Ново Село и Босилово, односно „да се намали загадувањето на животната средина со отпад“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување на мислењето на граѓаните за степенот на исполнување на ветеното; јавна дебата со претставници на локалната самоуправа, експерти и засегнати граѓани; организирање на герилски акции и слично.

Темата на локалниот мониторинг е селекција и рециклажа на отпадот во општина Босилово.

Имплементатор
Здружение за еколошки одржлив развој Зелен институт - Скопје
Локација
Босилово, Ново Село, Струмица
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Одлуката за почеток со релизација е донесена од поодамна Советник во општина Босилово
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да 40 контењери поставени пред правни субјекти во село Босилово Советник во општина Босилово, Директор на ЈКП
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Одржана е работилница од страна на организацијата која го мониторира прашањето на која биле презентирани резултатите од мониторингот за селекција и рециклажа на отпад на која присуствувале и советници од општината и директорот на ЈКП Зелен институт, организација задолжена за мониторирање на прашањето
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Во планот за реализација е нагласена потребата од информативна кампања за граѓаните во врска со селекција на отпад и предвидено е одржување на форум во Март за информирање на граѓаните, како и ревизија на планот за управување со отпад Советник во општина Босилово, директор на ЈКП
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Селекцијата е внесена во програма, но потребна е ревизија на планот на општината со поамбициозни цели. Планот е со истечен рок и истиот треба да се услклади со национален план Советник во општина Босилово, инспектор за животна средина, директор на ЈКП
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Советник во општина Босилово
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Сеуште нема видливи резултати но постигнат е усмен договор за следните чекори , ревизија ,информативна кампања и следен настан Советник во општина Босилово, директор на ЈКП
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Недостигаат средства за возила за подигање на смет и за затворање на диви депонии Советник во општина Босилово, директорк на ЈКП, комунален инспектор
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат средства во буџетот за одредени сегменти од проектот Советник во општина Босилово, директор на ЈКП
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет и активно се работи на негово релизирање Советник во општина Босилово, директор на ЈКП
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Советник во општина Босилово, директор на ЈКП
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статусот на проектот не се достапни на веб страната на општината https://opstinabosilovo.gov.mk
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Навремено и соодветно одговорени барања за информации од јавен карактер Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината е отворена е за соработка и се спроведува кампања за селекција на отпад Советник во општина Босилово, Директор на ЈКП
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено иницијатива за учество во одлуките поврзани со прашањето Советник во општина Босилово, граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Некои граѓани самоиницијативно си вршат селекција на отпад со посебни кеси Советник во општина Босилово, граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не До сега нема одржано јавен настан по ова прашање, се планира да се одржи во март оваа година Советник во општина Босилово, граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На веб страната на општината постојат две контакт форми за комуникација, една за општината и уште една за градоначалникот - Прашајте го градоначалникот Веб страна на општина Босилово https://opstinabosilovo.gov.mk https://opstinabosilovo.gov.mk/prasajgogradonacalnikot/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општина Босилово не одржува отворени денови на општината Веб страна на општината https://opstinabosilovo.gov.mk
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање Советник во општина Босилово, граѓани