Селектирање и рециклирање на отпад за минимизирање на загадувањето во општините Струмица, Ново Село и Босилово

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на спроведување на изборното ветување на независните локални советници од кандидатската листа „Стига е“ за општините Струмица, Ново Село и Босилово, односно „да се намали загадувањето на животната средина со отпад“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување на мислењето на граѓаните за степенот на исполнување на ветеното; јавна дебата со претставници на локалната самоуправа, експерти и засегнати граѓани; организирање на герилски акции и слично.

Темата на локалниот мониторинг е селекција и рециклажа на отпадот во општина Босилово.

Имплементатор
Здружение за еколошки одржлив развој Зелен институт - Скопје
Локација
Босилово, Ново Село, Струмица
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Одлуката за почеток со реализација е донесена од поодамна. Советник во општина Босилово
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Во месец март нема јавни набавки. Советник во општина Босилово Директор на ЈКП
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Водени се неформални разговори во врска со организација на форумот на граѓани од страна на Зелен Институт Советник во општина Босилово Зелен Институт
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Постои подготвен план за реализација на активностите од поодамна според кои тековно се реализираат активностите Советник во општина Босилово
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Селекцијата на отпадот е внесена во програмата за управување со отпад на ЈКП, останува да се ревидира планот на општината како и таа би се вклучила во реализација на активности поврзани со мониториранотот прашање Советник во општина Босилово инспектор за животна средина, директор на ЈКП
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да На 26 Март одржана еко акција ,,Чисти ридови за сите", организирана од општината, каде покрај општината учество земаа училишта, ЈКП, НВО-а, советници и голем број на граѓани со зголемена посетеност #ЕкоАкција:ЧИСТИ РИДОВИ ЗА СИТЕ-3 https://www.radiomof.mk/eko-akcija-chisti-ridovi-za-site-za-zashtita-na-prirodata-vo-strumica-i-regionot/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Во месец март нема нови видливи резултати од реализација на проектот Се одржа форум на граѓани на 17 Март во организација на Зелен Институт, присутни 20 учесници Советник,
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Нема средства за возила за подигање на смет и средства за затварање на диви депонии Советник во општина Босилово, директор на ЈКП, комунален инспектор
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат средства во буџетот за целосна реализација на проектот Советник во општина Босилово, директор на ЈКП
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Ветувањето останува приоритет и истото се реализира според тековните можности Советник во општина Босилово, директор на ЈКП
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Советник во општина Босилово,
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација на проектот Советник во општина Босилово,
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема информации за изборното ветување на веб страната на општината https://opstinabosilovo.gov.mk
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите имаат поднесено неколку барања за информации од јавен карактер на кои е навремено одговорено Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Во месец март нема одржани состаноци на темата Инспектор за животна средина
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои и кампања за селекција на отпад, тековна кампања на општината опфатена во нивната програма каде учесници се граѓани, училишта и сл. Советник во општина Босилово, Директор на ЈКП Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени во одлуките по ова прашање Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено иницијатива по однос на ова прашање Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните самоиницијативно вршат селекција на отпад Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината нема одржано јавен настан но Зелен институт, организација која го мониторира прашањто на 17 Март одржа форум на граѓани со присуство и на градоначалникот, присутни 20 учесници , за кој општината ги информираше граѓаните https://www.facebook.com/zeleninstitut/posts/pfbid02JuPezFcdY6qN9r9CaPaWRCefefdmPBBuDZMUeW6bb66PscikUM9h4XHdyPWa9tX6l
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На веб страната на општината постојат две контакт форми за комуникација, една за општината и уште една за градоначалникот - Прашајте го градоначалникот Веб страна на општина Босилово https://opstinabosilovo.gov.mk https://opstinabosilovo.gov.mk/prasajgogradonacalnikot/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општина Босилово не одржува отворени денови на општината Веб страна на општината https://opstinabosilovo.gov.mk
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање Советник во општина Босилово