Селектирање и рециклирање на отпад за минимизирање на загадувањето во општините Струмица, Ново Село и Босилово

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на спроведување на изборното ветување на независните локални советници од кандидатската листа „Стига е“ за општините Струмица, Ново Село и Босилово, односно „да се намали загадувањето на животната средина со отпад“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување на мислењето на граѓаните за степенот на исполнување на ветеното; јавна дебата со претставници на локалната самоуправа, експерти и засегнати граѓани; организирање на герилски акции и слично.

Темата на локалниот мониторинг е селекција и рециклажа на отпадот во општина Босилово.

Имплементатор
Здружение за еколошки одржлив развој Зелен институт - Скопје
Локација
Босилово, Ново Село, Струмица
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Одлуката за почеток со релизација е донесена од поодамна Советник во општина Босилово
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Веќе набавени и поставени 40 контењери пред правни субјекти Советник во општина Босилово, Директор на ЈКП
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Контакт на експертско ниво со општинските раководители и ЈКП за спроведување на заклучоците. Советник во општина Босилово
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Потребна е информативна кампања за граѓаните во врска со селекцијата . Се планираат граѓански форуми за Селекција и рециклирање на отпадот во месец март Советник во општина Босилово
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Селекцијата е внесена во програма, треба да се ревидира планот на општината. Советник,инспектор за животна средина, директор на ЈКП
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Се работи на организација на претстојните планирани форуми Советник во општина Босилово
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да 40 контењери поставени пред правни субјекти во село Босилово Советник во општина Босилово
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Има недостаток од возила за подигање на смет и средства за затворање на диви депонии Советник во општина Босилово, директор на ЈКП, комунален инспектор
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Советник во општина Босилово, Директор на ЈКП
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Ветувањето останува приоритет Советник во општина Босилово, Директор на ЈКП
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Нема стопирање Советник во општина Босилово, Директор на ЈКП
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не https://opstinabosilovo.gov.mk
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Сите побарани информации се добиени навремено Инспектор за животна средина
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Постои и кампања за селекција на отпад, тековна кампања на општината опфатена во нивната програма каде учесници се граѓани ,училишта итн. Советник во општина Босилово, Директор на ЈКП
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени во одлуките Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните самоиницијативно селектираат отпад Граѓани, советник во општина Босилово
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема одржано јавни настани по ова прашање Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На веб страната на општината постојат две контакт форми за комуникација, една за општината и уште една за градоначалникот - Прашајте го градоначалникот Веб страна на општина Босилово https://opstinabosilovo.gov.mk https://opstinabosilovo.gov.mk/prasajgogradonacalnikot/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општина Босилово не одржува отворени денови на општината Веб страна на општината https://opstinabosilovo.gov.mk
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање Советник во општина Босилово,граѓани