Селектирање и рециклирање на отпад за минимизирање на загадувањето во општините Струмица, Ново Село и Босилово

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на спроведување на изборното ветување на независните локални советници од кандидатската листа „Стига е“ за општините Струмица, Ново Село и Босилово, односно „да се намали загадувањето на животната средина со отпад“. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: истражување на мислењето на граѓаните за степенот на исполнување на ветеното; јавна дебата со претставници на локалната самоуправа, експерти и засегнати граѓани; организирање на герилски акции и слично.

Темата на локалниот мониторинг е селекција и рециклажа на отпадот во општина Босилово.

Имплементатор
Здружение за еколошки одржлив развој Зелен институт - Скопје
Локација
Босилово, Ново Село, Струмица
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Одлука за почеток со реализација е донесена од поодамна. Советник во општина Босилово.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не До крајот на годината доставувачот Пакомак треба да набави и постави 40 - 69 помали контењери и садови за стакло и хартија за селектирање. Со локален доставувач за селекција наредните месеци треба да се потпише договор, договорите ги потпишува ЈКП Советник во општина Босилово
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Водени се неформални разговори со мобилизаторите за статусот на мониторираното прашање Советник во општина Босилово Мобилизатори
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Постои подготвен план за реализација на активностите од поодамна според кои тековно се реализираат активностите. До крајот на годината ќе им бидат доделени и контењери за цврст отпад од МЖСПП кои ги побара општината преку ЈКП. Советник во општина Босилово
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да нема промени од претходниот месец Советник во општина Босилово, инспектор за животна средина, Директор на ЈКП
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да На 7 ми Април одржана е еколошка акција од страна на општината за поттикнување на граѓаните за селекција. Општина Босилово подели 1.200 овошни насади на жителите кои селектираат пластични шишиња https://mia.mk/story/%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D1%88%D0%B8%D1%88%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Акција за собирање на пластични шишиња организирана од општината https://mia.mk/story/%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B1%D0%BE%D1%81%D0%B8%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D1%88%D0%B8%D1%88%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0-%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Недостигаат средства за возила за подигање на смет и средства за затворање на диви депонии. Советник во општина Босилово
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат средства во буџетот за целосна реализација на проектот. Советник на општина Босилово ,Директор на ЈКП
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Ветувањето останува приоритет и истото се реализира според тековните можности и ќе продолжи да се реализира и по завршувањето на мониторингот Советник во општина Босилово, директор на ЈКП
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран. Советник во општина Босилово
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација на проектот. Советник во општина Босилово
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема информации за изборното ветување на веб страната на општината. https://opstinabosilovo.gov.mk
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите имаат поднесено неколку барања за информации од јавен карактер на кои е навремено одговорено. Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Во месец април нема споделени нови информации на темата Советник во општината
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Одржани се неколку неформални состаноци на темата, но поради природата на состаноците (неформални) не се споделени информации и бројка Советник во општина Босилово, Директор на ЈКП, граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени во одлуките по ова прашање. Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено иницијатива по однос на ова прашање Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните самоиницијативно вршат селекција на отпад Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец април нема одржано јавни настани на темата Советник на општина Босилово
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На веб страната на општината постојат две контакт форми за комуникација, една за општината и уште една за градоначалникот- Прашајте го градоначалникот. Веб страна на општина Босилово https://opstinabosilovo.gov.mk https://opstinabosilovo.gov.mk/prasajgogradonacalnikot
      4.3 Отворени денови на општината Не Општина Босилово не одржува отворени денови на општината. Веб страна на општината https:/opstinabosilovo.gov.mk
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање. Советник во општина Босилово