ЕКО-ЛУПА

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување дадено за време на Локалните избори 2021 и 2022 година: Неготино зелен и чист град. Во програмата ,,Гарантирам” на Градоначалникот е содржано изборно ветување за изградба на нов модерен и современ градски парк кај СРЦ Младост кој ќе нуди зеленило, спортски и рекреативни содржини за граѓаните на општина Неготино. Исто така под мотото ,,Неготино зелен и чист град” е предвидено чистење на сите диви депонии и превземање на мерки за спречување на нови. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Настани во заедницата, кампањи на социјални мрежи, медиумско претставување на резултатите.

Имплементатор
Здружение на граѓани ЕКОВИТА - Неготино
Локација
Неготино
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Донесена е одлука и отпочната е постапка со прибирање на техничката документација, воедно делумно се исчистени дивите депонии Секретар на општина Неготино, теренски активности на Ековита
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Се уште не се спроведува процес на набавки, се чека прибирање на техничката документација. Раководител на оделение за финансии на општина Неготино
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во месец јуни нема одржани средби со засегнати страни Раководител на одделение за урбанизам и животна средина при Општина Неготино
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подготвен е целосен план, вклучтелно и обезбедување на финансии за реализирање на изборното верување. Раководител на оделение за финансии на општина Неготино Градоначалник на општина Неготино
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Проектот е се уште во фаза на исполнување на предусловите со прибирање на техничка документација. Секретар на општина Неготино
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Превземени се конкретни активности, во поглед на техничкиот дел, како и теренски делумно се исчистени дивите депонии Секретар на општина Неготино Раководител на одделение за урбанизам и животна средина при Општина Неготино
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Има напредок во разеленувањето и подигање на еколошката свест во градот, исчистени се главните дивите депонии кои претставуваа најголема опасност Секретар на општина Неготино Теренски актинвости на Ековита
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Се уште не се обезбедени сите средства за изградба на парк кај СРЦ Младост. Градоначалник на Општина Неготино Раководител на одделение за финансии на општина Неготино
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат финансиски средства за изградба на паркот Градоначалник на Општина Неготино Раководител на одделение за финансии на општина Неготино
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Ветувањето останува приоритет и се работи на негова реализација. Градоначалник на општина Неготино.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Раководител на одделение за урбанизам и животна средина
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Единствена причина за стагнација и предизвик е обезбедување на средства за финансирање за изградба на градскиот парк Градоначалник на Општина Неготино
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Не се споделуваат информации за статусот на изборното ветување на веб страната на општината Веб страна на општината https://negotino.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статусот на ветувањето спаѓаат во јавно достапни информации кои можат да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер, но организацијата која го мониторира прашањето досега го нема искористено овој механизам Раководител на одделение за урбанизам и животна средина
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Преку механизмот за отворени денови на општината, како и проектот Моја патрола, може да се добијат информации за изборното ветување, но нема информација колку е истото искористено за конкретното прашање https://www.facebook.com/mojapatrola
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Можат да се добијат информации и на неформален начин, но препорачливо е да се користат официјални канали Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните се вклучени, единствено на партиско ниво и информации се споделуваат на партиски состаноци. Анкетирање на граѓаните на општина Неготино https://www.facebook.com/ekovita.mk/posts/pfbid0XMxsP28awZnDuuMhpPnEkTyTYtwskGey35CWFgUfk7JwQEDkCYYciCGWP912B4G2l
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесени граѓански иницијативи по однос на ова прашање Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Граѓаните учествуваат во чистење на дивите депонии и видливо е зголемување на еколошката свест, но по однос на изградбата на паркот не се консултирани https://www.facebook.com/ekovita.mk/posts/pfbid0XMxsP28awZnDuuMhpPnEkTyTYtwskGey35CWFgUfk7JwQEDkCYYciCGWP912B4G2l
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец јуни нема одржани јавни настани на темата. Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Општината преку својата веб страна и проектот Моја патрола, нуди повеќе начини за електронско учество https://negotino.gov.mk/ https://www.facebook.com/mojapatrola
      4.3 Отворени денови на општината Да Еден ден неделно е наменет за отворен ден на општината за комуникација и средби со граѓани Општински служби Граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи по однос на мониторираното прашање Општински служби Граѓани