ЕКО-ЛУПА

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување дадено за време на Локалните избори 2021 и 2022 година: Неготино зелен и чист град. Во програмата ,,Гарантирам” на Градоначалникот е содржано изборно ветување за изградба на нов модерен и современ градски парк кај СРЦ Младост кој ќе нуди зеленило, спортски и рекреативни содржини за граѓаните на општина Неготино. Исто така под мотото ,,Неготино зелен и чист град” е предвидено чистење на сите диви депонии и превземање на мерки за спречување на нови. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Настани во заедницата, кампањи на социјални мрежи, медиумско претставување на резултатите.

Имплементатор
Здружение на граѓани ЕКОВИТА - Неготино
Локација
Неготино
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Донесена одлука за почеток на постaпка по тендер за изградба на градски парк кај СРЦ Младост. Средба со Градоначалник https://mia.mk/story/%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%BE?fbclid=IwAR36uOOllxCVOF0ay7rx_NSveOhnoM9acIFZKsOn1DTr6MfLVyhMKI5bnY4
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Планирани се јавни набавки за месец мај 2023 Градоначалник
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се одржани состаноци со засегнати страни Граѓани
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подготвен е план за реализација кој треба да стартува од месец мај. Градоначалник
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Обезбеден е кадар и опрема за чистење на дивите депонии, додека не се отпочнати подготвителни активности за изградба на градски парк кај СРЦ Младост. Градоначалник
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Се реализираат конкретни активности само во однос на расчистувањето на дивите депонии а по однос на изградбата на градски парк се очекува наскоро да започнат подготвителни активности Видливо на терен Градоначалник
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Исчистени се поголем дел од дивите депонии и се превземаат мерки за спречување на појава на нови. Видливо на терен.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Има недостаток на средства во буџетот за изградба на нов градски парк кај СРЦ Младост Градоначалник
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостаток на средства во буџетот за изградба на нов градски парк кај СРЦ Младост Раководител на одделение за финансии при Општина Неготино
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Нема информација
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација, дел од активностите веќе се спроведуваат а дел се планирани за следниот период Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Не се споделуваат информации за статусот на изборното ветување на веб страната на општината Веб страна на општината https://negotino.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статусот на ветувањето спаѓаат во јавно достапни информации кои можат да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Ековита, организација која го мониторира ветувањето
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информации за статусот на ветувањето можат да се добијат преку состаноци со надлежни лица, доколку има барања од страна на засегнати страни. Но досега, освен со Ековита друго состаноци немало на темата Градоначалник Ековита, организација која го мониторира ветувањето https://mia.mk/story/%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%B8-%D0%BC%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B3-%D0%BD%D0%B0-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%B2%D0%B5%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%BE?fbclid=IwAR36uOOllxCVOF0ay7rx_NSveOhnoM9acIFZKsOn1DTr6MfLVyhMKI5bnY4
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Многу тешко се добиваат информации од страна на општината на неформален начин Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните воопшто не се информирани за одлуките поврзани со ветувањето Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесени граѓански иницијативи по однос на ова прашање Претставник на одделение за Локален економски развој
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат со свој придонес во расчистувањето на дивите депонии и со високата еколошка освестеност Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се организирани јавни настани по однос на ова прашање Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Проект - Моја патрола, за пријавување и детектирање на проблеми од страна на граѓаните, како и контакт формата на веб страната на општината https://negotino.gov.mk/ https://www.facebook.com/mojapatrola https://negotino.gov.mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината еднаш неделно има состаноци со граѓаните со претходно закажан термин Градоначалник Граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема евидентирани граѓански иницијативи по ова прашање Граѓани