ЕКО-ЛУПА

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување дадено за време на Локалните избори 2021 и 2022 година: Неготино зелен и чист град. Во програмата ,,Гарантирам” на Градоначалникот е содржано изборно ветување за изградба на нов модерен и современ градски парк кај СРЦ Младост кој ќе нуди зеленило, спортски и рекреативни содржини за граѓаните на општина Неготино. Исто така под мотото ,,Неготино зелен и чист град” е предвидено чистење на сите диви депонии и превземање на мерки за спречување на нови. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Настани во заедницата, кампањи на социјални мрежи, медиумско претставување на резултатите.

Имплементатор
Здружение на граѓани ЕКОВИТА - Неготино
Локација
Неготино
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Донесена е одлука за изработка на планска документација за изградба на градски парк кај СРЦ Младост - Неготино, при што првите активности ќе отпочнат со реализација во месец мај. Се превземаат мерки за одржување на состојбата со депониите. Раководител на одделение за урбанизам и животна средина при Општина Неготино
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Овој процес е во фаза на планирање Раководител на одделение за финансии при Општина Неготино
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Нема одржани средби со засегнати страни Раководител на одделение за урбанизам и животна средина при Општина Неготино
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подготвен, но во фаза на разгледување и дополнување. Градоначалник на Општина Неготино
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да За изборното ветување за изградба за парк кај СРЦ Младост, овој процес е планиран да започне во месец мај, додека обезбеден е кадар и сите предуслови за чистење на дивите депонии и разеленување на градот. Градоначалник на Општина Неготино, Претседател на Совет на општина Неготино и Раководител на одделение за јавни дејности при ЛС
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Се реализираат конкретни активности само во однос на расчистувањето на дивите депонии а по однос на изградбата на градски парк се очекува наскоро да започнат подготвителни активности Градоначалник на Општина Неготино
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Видливи се резултати во делот на расчистување на дивите депонии. Исчистени се неколку диви депонии, кои претставуваа главен загадувач. Раководител на одделение за урбанизам и животна средина Видливо на терен
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Во врска со изградбата на градскиот парк, дел од средствата се обезбедени, дел е планирано да се обезбедат од Вардарски плански регион, како и други извори на финансирање, како што се фондовите за поддршка на ЛС. Градоначалник на Општина Неготино, Раководител на одделение за финансии при ЛС
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Средства за финансирање на изградбата на градскиот парк Градоначалник на Општина Неготино, Раководител на одделение за финансии при ЛС
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување останува приоритет. Дел е во фаза на реализација, додека дел во фаза на планирање. Градоначалник на Општина Неготино
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Раководите на одделение за урбанизам и животна средина
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Единствена причина за стагнација и предизвик е обезбедување на средства за финансирање за изградба на градскиот парк Градоначалник на Општина Неготино
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Информации за статусот на изборното ветување не се споделуваат на официјалните интернет страни и профили на општината Веб страна на општината https://negotino.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статусот на ветувањето спаѓаат во јавно достапни информации кои можат да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер, но организацијата која го мониторира прашањето досега го нема искористено овој механизам Раководите на одделение за урбанизам и животна средина Ековита
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Преку механизмот за отворени денови на општината, како и проектот Моја патрола, може да се добијат информации за изборното ветување. https://www.facebook.com/mojapatrola
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Можат да се добијат информации и на неформален начин, но препорачливо е да се користат официјални канали Средби со граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните се вклучени, единствено на партиско ниво и информации се споделуваат на партиски состаноци. Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесени граѓански иницијативи по однос на ова прашање Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат во чистење на дивите депонии и видливо е зголемување на еколошката свест. Неформални средби со граѓани, Видливо на терен
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема одржани јавни настани на темата Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Општината преку својата веб страна и проектот Моја патрола, нуди повеќе начини за електронско учество https://negotino.gov.mk/ https://www.facebook.com/mojapatrola
      4.3 Отворени денови на општината Да Еден ден неделно е наменет за отворен ден на општината за комуникација и средби со граѓани Општински служби, Граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи по однос на мониторираното прашање Општински служби, Граѓани