Борбата против менструалната сиромаштија – неостварено изборно ветување

Со оваа иницијатива ќе се мониторира отчетноста и реализацијата на изборното ветување на ДОМ за искоренување на менструалната сиромаштија. Во предизбоната програма, во делот кој се однесува на правата на жената , како и во “Национална стратегија за родова еднаквост 2021-2026”, се ветува дека ќе се изборат за искоренување на менструалната сиромаштија. Една од алатките за тоа е секое девојче вклучено во редовниот образовен процес да добива бесплатен пакет на менструални производи секој месец. Во меѓувреме, во изминатата година советничката од редовите на ДОМ се избори во минатогодишниот буџет да влезе ставка за бесплатни менструални производи за секоја ученичка од средните училишта на територија на Скопје. Но, од информациите досега ниту една ученичка нема добиено бесплатен пакет менструални производи. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: постови на социјални мрежи, герила акција, media show room.

Имплементатор
Балканска Водна Мрежа - Скопје
Локација
Скопје
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не До моментот на завршување на мониторингот нема донесено одлука за реализација, иако при крај се активностите за изработка на истражување од стручните служби во средните училишта за потребите од бесплатни хигиенски производи за средношколките од Скопје Помошник раководител на сектор за образование на Град Скопје
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не До моментот на завршување на мониторингот нема информација за спроведување на процес на набавки од почеток на годината откако беше изгласан амандман за издвојување средства за бесплатни менструални производи за средношколите во Скопје https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не До завршување на мониторингот нема одржано средби со засегнати страни, иако комисијата и секторот за образование се достапни за мислење во одредени фази од реализацијата на ветувањето, а нема ни одговор на барањето од БВМ за средба со Градоначалничката Раководител на сектор за образование на Град Скопје БВМ, организација која го мониторира изборното ветување https://www.facebook.com/balkanwashnet/posts/pfbid02TJiwv1tmxi7JW4fuMiS52mt7tgFtWE9tsFjBE7s89CC3dab92fnCNFjH8gkyCVvkl
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Иако истражувањето од стручните служби во средните училишта е во завршна фаза додека не се достави нема предвидени следни чекори во врска со изборното ветување за доделување бесплатни менструални производи за средношколките во Скопје Раководител на сектор за образование на Град Скопје
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Усвоен е амандман, одреден буџет, донесена програма, позитивно мислење од комисија за образование за спроведување на истражување од стручните служби во средните училишта, истражување во завршна фаза Помошник раководител на сектор за образование на Град Скопје Раководител на сектор за образование на Град Скопје https://skopje.gov.mk/media/9286/budget-2023.pdf http://ipserver1.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/7b564524a7668cb6c125892e002ee9f7?OpenDocument&Highlight=0,%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8,%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Се очекува доставување на истражувањето од стручните служби во средните училишта (подготовка на прашалник,избор на примерок), во меѓувреме не се предвидени други активности за спроведување на изборното ветување Помошник раководител на сектор за образование на Град Скопје
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не До крај на спроведување на мониторингот нема видливи резултати од реализацијата, освен дека е во завршна фаза истражувањето од стручните служби во средните училишта Помошник раководител на сектор за образование на Град Скопје
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Средствата се предвидени во програмата за активностите на Градот Скопје од област на средно oбрaзoвaниe во 2023 од ставка 3.1.2, за три активности за кои средства ќе се црпат од Буџетот на Град Скопје од потпрограма NB, ставки 481, 480 и 485 http://ipserver1.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/7b564524a7668cb6c125892e002ee9f7?OpenDocument&Highlight=0,%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8,%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Следните чекори во реализацијата на изборното ветување од Град Скопје ќе следат откако ќе биде разгледано најавеното истражување од стручните служби во средните училишта за потребите од бесплатни менструални производи за средношколки Раководител на сектор за образование на Град Скопје
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Следните чекори ќе се предвидат врз основа на истражувањето на стручните служби од средните училишта, кое е во завршна фаза но може да биде доставено и на почеток на следната учебна година Помошник раководител на сектор за образование на Град Скопје Раководител на сектор за образование на Град Скопје http://ipserver1.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/7b564524a7668cb6c125892e002ee9f7?OpenDocument&Highlight=0,%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8,%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Не е стопирано ветувањето, но од очекуваното истражување на стручните служби на кое се темелат следните чекори, зависи следната динамика, но нема други активности за комуникација, консултација со други засегнати страни во врска со изборното ветување Раководител на сектор за образование на Град Скопје
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Очекуваното истражување на стручните служби во средните училишта е услов за планирање следни чекори, тоа е во завршна фаза, но може да биде доставено и на старт на следната учебна година Раководител на сектор за образование на Град Скопје Помошник раководител на сектор за образование на Град Скопје
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не До крај на спроведување на мониторионгот нема ниту една споделена информација за изборното ветување на веб страната на општината, а нема ни на страната на Град Скопје на социјалните медиуми https://skopje.gov.mk/mk/vesti/ https://www.facebook.com/CityofSkopje
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Иако барање за информации од јавен карактер е поднесено од Балканска Водна Мрежа-Скопје како организација која го мониторира изборното ветување, до крај на спроведување на мониторионгот нема повратен одговор БВМ, организација која го мониторира изборното ветување
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Балканска Водна Мрежа-Скопје контактира и остварува разговори со претставници од секторот образование на Град Скопје Раководител на сектор образование на Град Скопје; Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје; Раководител на одделение за образование на Град Скопје; БВМ- организација која го мониторира изборното ветување; Советник во град Скопје
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Нема таква пракса, но советничката на ДОМ во Град Скопје, предлагач на Амандманот за бесплатни менструални производи за средношколките во Скопје, споделува информации на социјалните мрежи https://www.facebook.com/teodora.krstevska.58/posts/pfbid032hfc54ieaGAUgr6hcwQSttouSnecBU48uTrqkm8gifXGzMrhJqzVmVCAaPQ7i3zRl https://www.facebook.com/zelenapartija/posts/533297332172981 https://www.facebook.com/watch/?v=618336709426426
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Анкетата која општината ја спроведува. Исто така, БМВ спроведе анкета со 328 средношколки и поднесе барање до Градот за средба и проактивна соработка Граѓани, раководител на сектор за образование на Град Скопје, https://skopje.gov.mk/mk/vesti/ БВМ, организација која го мониторира изборното ветување https://www.facebook.com/balkanwashnet/posts/pfbid02TJiwv1tmxi7JW4fuMiS52mt7tgFtWE9tsFjBE7s89CC3dab92fnCNFjH8gkyCVvkl
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Не се поднесени иницијативи од граѓани за учество во одлуките поврзани со мониторираното изборно ветување, но БМВ поднесе барање до Градот за средба и проактивна соработка за реализација на изборното ветување кое се мониторира Раководител на сектор за образование на Град Скопје; Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје; Раководител на одделение за образование на Град Скопје БВМ, организација која го мониторира изборното ветување https://www.facebook.com/balkanwashnet/posts/pfbid02TJiwv1tmxi7JW4fuMiS52mt7tgFtWE9tsFjBE7s89CC3dab92fnCNFjH8gkyCVvkl
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не До крај на мониторингот нема граѓанско учество со придонес за реализација на изборното ветување, но БВМ направи истражување и дебати во училишта за потребата од бесплатни менструални производи, и поднесе барање до Градот за реализација на ветувањето Помошник раководител на сектор за образование на Град Скопје; БВМ, организација која го мониторира изборното ветување https://www.facebook.com/photo?fbid=237168692285918&set=a.181629184506536 https://www.facebook.com/balkanwashnet/posts/pfbid02HkapJDDQTn68vEXHwVfAeVzwZVuHfFmuEv3HkrVtMrCsHr9DdywyuL92S4iLysZrl https://www.facebook.com/balkanwashnet/posts/pfbid0PEVh7Q9WNuNY3RfWksDb9jkGcRmL7DjBtgkBkKSQJr9pkwNQLNvMRj5KfHx87hUsl
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Град Скопје нема организирано јавни настани, но БВМ во рамки на мониторирањето на ова изборно ветување организираше 5 дебати во училишта, герила акција и прес за промоција на трошковна анализа за изборното ветување https://skopje.gov.mk/ https://www.facebook.com/CityofSkopje/ Советник во град Скопје https://www.facebook.com/balkanwashnet/posts/pfbid02J71stX4aNzoUEcE876QUy2gNACso8AVgcmn529tCuFsaXSSqaib5k4nSpBLVoQ6xl?__cft__[0]=AZU3u9_U4LgRDJbJG513bLHE-5_Dm8ztnVtqnyqfjKQy-KMYMbA6b6LxzovqOLNWSgq4pJ_wzFtRpQsHtOGbRkIETuE-NOtksXMCeLkqTK20t2ODhzaApJP-zQkqhVEttGDHNlPxIEasRaB6yo0vTGKJSfd4lBcquXjg9DTdEWa1fo92jInTqyEwqDFo87QeMK3iMk4bOhz3--E7yJqW0_w-&__tn__=%2CP-R https://www.facebook.com/balkanwashnet/videos/1593677624460184/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Нема можност за електронско учество за ова изборно ветување преку мобилни апликации, освен преку посебен мејл до Град Скопје или мејл до секторот за образование, или преку порака на фејсбук страната на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/ https://skopje.gov.mk/mk/skopje/administracija/sektor-obrazovanie/ https://skopje.gov.mk/mk/kontakt/
      4.3 Отворени денови на општината Не До крај на мониторингот на ова изборно ветување нема организирано отворени денови, иако на порталот на град Скопје стои дека има отворена канцеларија 24 часа за граѓаните, но БВМ спроведе герила акција и поднесе барање до Град Скопје за средба и соработка https://skopje.gov.mk/mk/vesti/ https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/31012022_otcet_otvorena_kancejarija_24casa/ https://fb.watch/kTfiMeg_bh/ https://www.facebook.com/balkanwashnet/posts/pfbid0PEVh7Q9WNuNY3RfWksDb9jkGcRmL7DjBtgkBkKSQJr9pkwNQLNvMRj5KfHx87hUsl
      4.4 Граѓански иницијативи Не До крај на мониторингот немало конкретна иницијатива од граѓаните за изборното ветување, но БВМ спроведе герила акција, изработи трошковна анализа и поднесе барање до Град Скопје за спроведување на ветената буџетска распределба и соработка за реализација Граѓани, https://fb.watch/kTfiMeg_bh/ https://www.facebook.com/balkanwashnet/posts/pfbid0PEVh7Q9WNuNY3RfWksDb9jkGcRmL7DjBtgkBkKSQJr9pkwNQLNvMRj5KfHx87hUsl https://balkanwashnetwork.org/2023/05/27/%d1%82%d1%80%d0%be%d1%88%d0%ba%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%bd%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80/