Борбата против менструалната сиромаштија – неостварено изборно ветување

Со оваа иницијатива ќе се мониторира отчетноста и реализацијата на изборното ветување на ДОМ за искоренување на менструалната сиромаштија. Во предизбоната програма, во делот кој се однесува на правата на жената , како и во “Национална стратегија за родова еднаквост 2021-2026”, се ветува дека ќе се изборат за искоренување на менструалната сиромаштија. Една од алатките за тоа е секое девојче вклучено во редовниот образовен процес да добива бесплатен пакет на менструални производи секој месец. Во меѓувреме, во изминатата година советничката од редовите на ДОМ се избори во минатогодишниот буџет да влезе ставка за бесплатни менструални производи за секоја ученичка од средните училишта на територија на Скопје. Но, од информациите досега ниту една ученичка нема добиено бесплатен пакет менструални производи. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: постови на социјални мрежи, герила акција, media show room.

Имплементатор
Балканска Водна Мрежа - Скопје
Локација
Скопје
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Нема одлука поврзана со реализација на изборното ветување иако веќе втора година Советот усвојува ставка во буџетот за бесплатни менструални производи за сите ученички од средни училишта на територија на град Скопје https://skopje.gov.mk/mk/vesti/ https://www.facebook.com/CityofSkopje https://skopje.gov.mk/media/9286/budget-2023.pdf
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Нема јавна информација за спроведување на таков процес на набавки, за оваа како ни минатата година кога исто беше изгласан амандман за издвојување средства за бесплатни менструални производи за сите ученички од средни училишта на територија на град Скопје https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/ https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-annual-plan/8d53fb5f-d3ec-47f4-aa83-af8100b3cbc2/4 https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-annual-plan/2b49c3aa-619d-4127-a68a-ae0d009fe1af/7
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Досега не се одржани средби со засегнатите страни, а не се прифатени ниту иницијативите од советничката предлагач на амандманот за стратегија за реализација на изборното ветување Советник во град Скопје https://skopje.gov.mk/mk/vesti/ https://www.facebook.com/CityofSkopje
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Досега нема подготвен план за реализација на изборното ветување од страна на Град Скопје Советник во град Скопје https://skopje.gov.mk/mk/objavi/ https://www.facebook.com/CityofSkopje
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Со усвојување на амандманот и оваа година се лоцирани средства во секторот средно образование за реализација на ова изборно ветување, а понудена е и помош при реализација од советничката предлагач на амандманот Советник во град Скопје https://skopje.gov.mk/media/9286/budget-2023.pdf
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Нема други активности освен што град Скопје во буџетот за 2023 има усвоено Амaндман за купување менструални производи за средните училишта и во ПРОГРАMAТА за активности е предвидено подобрување на состојбите со менструалната сиромаштија Советник во град Скопје https://skopje.gov.mk/mk/vesti/ https://www.facebook.com/CityofSkopje/ http://ipserver1.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/7b564524a7668cb6c125892e002ee9f7?OpenDocument&Highlight=0,%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8,%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Освен усвоениот амандман во буџетот за 2023 на Град Скопје, нема иницијатива ниту активност која води кон реализација на изборното ветување Советник во град Скопје https://skopje.gov.mk/ https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-annual-plan/8d53fb5f-d3ec-47f4-aa83-af8100b3cbc2/4
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Во буџетот има општа ставка за средни училишта каде нема посебно издвоени средства за таа намена. До сега нема објавено најава за јавни набавки за менструални производи Советник во град Скопје https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-annual-plan/8d53fb5f-d3ec-47f4-aa83-af8100b3cbc2/4
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Нема информација, иако советничката која го предложи Амандманот предложила заедничка акција со секторот за образование за реализација на изборното ветување, но досега нема никаков одговор Советник во град Скопје
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Нема информација дека изборното ветување не е веќе приоритет бидејќи годинава Амандманот го поддржале советници од повеќе различни политички партии Советник во град Скопје
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Нема информација дека процесот на реализација е стопиран Советник во град Скопје
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Иако за 2022 имало ставка во јавните набавки за хигиенски производи за средношколки, немало оглас, а годинава уште нема таков тендер, ниту се знае зошто лани не биле набавени менструални влошки за средношколките во Скопје Советник во град Скопје https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-annual-plan/8d53fb5f-d3ec-47f4-aa83-af8100b3cbc2/4 https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-annual-plan/2b49c3aa-619d-4127-a68a-ae0d009fe1af/7
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема информации за изборното ветување ниту на веб страната на општината, ниту на страните на општината на социјалните медиуми, а не се објавуваат ни амандманите кои се изгласани Советник во град Скопје https://skopje.gov.mk/mk/objavi/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Балканска Водна Мрежа-Скопје како организација која го мониторира изборното ветување има поднесено барање за информации од јавен карактер и сеуште се чека одговор БВМ, организација која го мониторира изборното ветување
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Балканска Водна Мрежа-Скопје направи интервју со советничката во Град Скопје од ДОМ, која е предлагач на Амандманот за обезбедување на бесплатни менструални производи за средношколките во Скопје БВМ, организација која го мониторира изборното ветување Советник во град Скопје
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да ДОМ чија советничка во Град Скопје е предлагач на Амандманот, споделува информации на социјалните мрежи https://www.facebook.com/zelenapartija/posts/533297332172981 https://www.facebook.com/watch/?v=618336709426426
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема активности ниту информации за вклученост на граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Граѓани Советник во град Скопје https://skopje.gov.mk/mk/vesti/
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Досега нема граѓански иницијативи за учество во одлуките поврзани со мониторираното изборно ветување Советник во град Скопје
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Освен од некои медиуми, не е покажан интерес од граѓаните за учество во процесот на реализација на изборното ветување кое се мониторира, особено од младата популација - засегнатите средношколки Советник во град Скопје
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Град Скопје нема организирано јавни настани по ова прашање ниту има информации за граѓаните на своите официјални канали - веб страна и социјални медиуми, а не се одзива ниту на иницијативата за соработка и помош од советниците https://skopje.gov.mk/ https://www.facebook.com/CityofSkopje/ Советник во град Скопје
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Нема можности за електронско учество конкретно за ова изборно ветување, а поставувањето прашања на веб страната на град Скопје не е функционално, туку мора да се испрати посебен мејл, или да се испрати порака на профилот на Градот на социјалните мрежи https://skopje.gov.mk/mk/kontakt/ https://www.facebook.com/CityofSkopje/
      4.3 Отворени денови на општината Не Иако според информацијата од порталот на град Скопје, градоначалничката има отворена канеларија 24 часа за потребите на граѓаните, нема информација за активност во врска со ова изборно ветување. https://skopje.gov.mk/mk/vesti/ https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/31012022_otcet_otvorena_kancejarija_24casa/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Не е забележана конкретна иницијатива од граѓаните за мониторираното прашање, а и Советничката предлагач на Амандманот посочи на пасивен однос на граѓаните Граѓани Советник во град Скопје