Борбата против менструалната сиромаштија – неостварено изборно ветување

Со оваа иницијатива ќе се мониторира отчетноста и реализацијата на изборното ветување на ДОМ за искоренување на менструалната сиромаштија. Во предизбоната програма, во делот кој се однесува на правата на жената , како и во “Национална стратегија за родова еднаквост 2021-2026”, се ветува дека ќе се изборат за искоренување на менструалната сиромаштија. Една од алатките за тоа е секое девојче вклучено во редовниот образовен процес да добива бесплатен пакет на менструални производи секој месец. Во меѓувреме, во изминатата година советничката од редовите на ДОМ се избори во минатогодишниот буџет да влезе ставка за бесплатни менструални производи за секоја ученичка од средните училишта на територија на Скопје. Но, од информациите досега ниту една ученичка нема добиено бесплатен пакет менструални производи. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: постови на социјални мрежи, герила акција, media show room.

Имплементатор
Балканска Водна Мрежа - Скопје
Локација
Скопје
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Нема донесена официјална одлука но предвидено е да се направи истражување од стручните служби во средните училишта за потребите од бесплатни хигиенски производи за средношколки во однос на буџетот на Град Скопје Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Нема јавна информација за спроведување на процес на набавки од почеток на годината откако беше изгласан амандман за издвојување средства за бесплатни менструални производи за средношколите во Скопје https://www.e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Досега не се одржани посебни средби со засегнатите страни, но раководителите на сектори се достапни за советниците при седници на советот или по потреба Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Освен предвиденото истражување од стручните служби во средните училишта, нема други чекори кои водат кон реализација на изборното ветување Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје, Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Усвоен е амандман и алоцирани се средства во секторот средно образование, и превидено е истражување од стручните служби во средните училишта за потребите од бесплатни хигиенски производи за средношколки Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје, https://skopje.gov.mk/media/9286/budget-2023.pdf
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Има планирани активности, но сеуште не се спроведени. Раководител на одделение за образование на Град Скопје http://ipserver1.skopje.gov.mk/e-skopje/sluzben%20glasnik%20so%20konverzija.nsf/82aa49069edfbbb780256a22004ba9e0/7b564524a7668cb6c125892e002ee9f7?OpenDocument&Highlight=0,%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8,%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Сеуште нема конкретни активности. Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Во буџетот под општа ставка за средни училишта нема посебно издвоени средства за таа намена, а зависно од проценката по предвиденото истражување можни се измени со ребаланс на буџетот предвиден во јуни Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Додека не се направи предвиденото истражување од стручните служби во средните училишта за потребите од бесплатни хигиенски производи за средношколки, не се преземаат натамошни чекори во секторот образование Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје, Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување е дел од програмата за 2023. Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје, Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Процесот на реализација не е стопиран, но се одвива споро и нема конкретни рокови или дополнителни активности за координација со други засегнати страни за да се реализира изборното ветување Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје, Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Треба да се започне со реализација на истражување. Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје, Раководител на одделение за образование на Град Скопје
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема информации за изборното ветување ниту на веб страната на општината, ниту на страните на општината на социјалните медиуми https://skopje.gov.mk/mk/objavi/ Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Поднесено барање и се чека одговор на барање за информации од јавен карактер поднесено од Балканска Водна Мрежа-Скопје како организација која го мониторира изборното ветување БВМ, организација која го мониторира изборното ветување
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Балканска Водна Мрежа-Скопје оствари разговор со претставници од секторот образование на Град Скопје Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје, Раководител на одделение за образование на Град Скопје БВМ, организација која го мониторира изборното ветување Советник во град Скопје
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Советничката на ДОМ во Град Скопје, предлагач на Амандманот, споделува информации на социјалните мрежи https://www.facebook.com/zelenapartija/posts/533297332172981 https://www.facebook.com/watch/?v=618336709426426
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема достапни информации за вклученост на граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Граѓани, Раководител на одделение за образование на Град Скопје, https://skopje.gov.mk/mk/vesti/
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Досега нема граѓански иницијативи за учество во одлуките поврзани со мониторираното изборно ветување Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје, Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Досега нема иницијативи за граѓанско учество ниту придонес за реализација на изборното ветување Помошник раководител на сектор образование на Град Скопје, Раководител на одделение за образование на Град Скопје
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Досега не се организирани јавни настани по ова прашање од Град Скопје, а нема ни информации за граѓаните на официјални канали - веб страна и социјални медиуми на Град Скопје https://skopje.gov.mk/ https://www.facebook.com/CityofSkopje/ Советник во град Скопје
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Нема можности за електронско учество конкретно за ова изборно ветување, само да се испрати посебен мејл до Град Скопје или конкретниот сектор за образование, или порака на фејсбук профилот на Град Скопје https://skopje.gov.mk/mk/kontakt/ https://skopje.gov.mk/mk/skopje/administracija/sektor-obrazovanie/ https://www.facebook.com/CityofSkopje/
      4.3 Отворени денови на општината Не Нема информација за активност во врска со ова изборно ветување иако на порталот на град Скопје стои дека градоначалничката има отворена канцеларија 24 часа за потребите на граѓаните. https://skopje.gov.mk/mk/vesti/ https://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/31012022_otcet_otvorena_kancejarija_24casa/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема конкретна иницијатива од граѓаните за мониторираното прашање, ниту Советничката предлагач на Амандманот, а ни секторот за образование нема таква информација Граѓани, Раководител на одделение за образование на Град Скопје, Советник во град Скопје