Одговорни пред одговорностите

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на предизборното ветување поврзано со ревитализација на туристичкиот локалитет Голак. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: интервју со градоначалникот на општина Делчево; граѓански форум; дебати со засегнати страни и носители на одлуки; петиција за ревитализација на туристички локалитет Голак; тркалезна маса и слично.

Темата на локалниот мониторинг е креирањето физибилити студија за развој на туристичкиот центар Голак и решавањето на имотно правните односи на лицата кои имаат купено градежни парцели на Голак.

Имплементатор
Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби БРАВУРА КООПЕРАТИВА Делчево
Локација
Делчево
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Сеуште не е донесена одлука за реализација на прашањето Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведуваат набавки поврзани со проектот Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Во изминатиот период се реализирани неколку состаноци со засегнатите страни Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подготвен е план за реализација на проектот Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Обезбедени се сите предуслови за почеток, но сопственоста на земјиштето не е регулирана. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Сеуште не е започнато со реализација на конкретни активности од планот Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Сеуште не се видливи првични резултати од реализација на проектот, Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Во буџетот за 2023 година нема одвоено средства за таа намена Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Сопственоста на земјиштето не е регулирана со што се отежнува инфраструктурниот развој ( патишта, водоводни мрежи и сл.) Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е сеуште приоритет на општината Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Да Одговорено е со да но во суштина не станува збор за инспекциска забрана туку пречка настаната во процесот на солемнизација на земјиштето Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Постои детален урбанистички план за Голак но постојат и проблемите со Македонски Шуми сопственост на земјиште Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статусот на проектот не се достапни на веб страната на општината Веб страна на општина Делчево https://www.delcevo.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Сите заинтересирани страни можат да добијат информации за статусот на прашањето на формален начин од општината Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Според општината постои пракса за неформално споделување на информации со засегнати граѓани Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Oпштината ги има вклучено граѓаните на почетокот на проекот Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Нема информација
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Граѓаните не учествуваат во реализација на изборното ветување Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината нема одржано јавни собири, но Бравура Кооператива, организацијата која го мониторира ветувањето организира јавен настан "Го сакам Голак" со цел да биде слушнат гласот на граѓаните за подобра промоција и ревитализација на Голак. https://www.facebook.com/people/%D0%93%D0%9E-%D0%A1%D0%90%D0%9A%D0%90%D0%9C-%D0%93%D0%9E%D0%9B%D0%90%D0%9A/100088963597817/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Општината нуди неколку можности за електронско учество преку веб страната, посебен дел - прашај го градоначалникот, пријави проблем и наведени контакти на вработените во општината https://www.delcevo.gov.mk/prashaj-go-gradonachalnikot https://www.delcevo.gov.mk/prijavi-problem https://www.delcevo.gov.mk/kontakt
      4.3 Отворени денови на општината Да Секој четврток општината организира отворени денови на општината Претставник од Општина Делчево - Одделение за локален економски развој
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање Претставник од Општина Делчево - Одделение за локален економски развој