Одговорни пред одговорностите

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на предизборното ветување поврзано со ревитализација на туристичкиот локалитет Голак. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: интервју со градоначалникот на општина Делчево; граѓански форум; дебати со засегнати страни и носители на одлуки; петиција за ревитализација на туристички локалитет Голак; тркалезна маса и слично.

Темата на локалниот мониторинг е креирањето физибилити студија за развој на туристичкиот центар Голак и решавањето на имотно правните односи на лицата кои имаат купено градежни парцели на Голак.

Имплементатор
Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби БРАВУРА КООПЕРАТИВА Делчево
Локација
Делчево
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Не е донесена одлука но се превземаат мерки согласно предлозите од иницијативата Го сакам Голак. Тоа подразбира дека Општината ќе превземе активности кои ќе задоволуваат минмално технички услови со цел да се обезбеди функционалност на Голак Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Набавка не се спроведува но се врши истражување на неопходните елементи и ресурси, се креира план и се подготвуваат и усогласуваат согласно можностите. Тој план содржи летниковци, јавни тоалети и друга рекреативна инфраструктура. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Контактирани се граѓани кои понудија проекти како и можни инвеститори Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Деталниот урбанистички план (ДУП) постои. Во моментот Општината развива план за задоволување на минималните услови кои не се поврзани или ги заобиколуваат проблемите со нерешените имотно правни односи со Министерство за шумарство. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Предуслови за почеток постојат но во тек се нови обиди за решавање на проблемите на повисоко владино ниво. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Од месец март согласно предлозите од иницијативата се работи на планирање и истражување на оптималните потреби на Голак. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Видливи се разработени предлози и идеи а процесот за имплементација како и тендерските постапки бараат подолго време Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Во буџетот за 2023 година не се предвидени буџетски средства но се предвидени проекти од други донатори во соработка со невладини организации. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Сопственоста на земјиштето не е регулирана со што се отежнува инфраструктурниот развој ( патишта, водоводни мрежи и сл.) Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот станува приоритетно прашање на Општината. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Да Одговорено е со да но во суштина не станува збор за инспекциска забрана туку пречка настаната во процесот на солемизација на земјиштето. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Познати се проблемите-солемизација на земјиштето. Реализирана е седница со претставници од сите релевантини министерства каде постои неусогласеност на меѓусекторската соработка на Министерството. Едни сметаат дека е во ред постапката, други не. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статусот на проектот сеуште нее се достапни на веб страната на општината Веб страна на општина Делчево https://www.delcevo.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информациите за проектот спаѓаат во прашања кои подлежат на одговор преку Барање за информации од јавен карактер, но нема информации дали истите се искористени Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Зголемен е интензитетот со соработка на граѓани по одност на прашањето за Голак Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Според Општинта постои пракса за неформално споделување на информации со засегнати граѓани. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината ги има вклучено граѓаните на почетокот на проектот Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Не, но најавено е дека иницијативата собира потписи и петиција за Голак што на некој начин подразбира и вклучување на иницијаторите кон изборното ветување. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат со свои предлози. Следејќи ја иницијативата Го сакам Голак и масовноста на населението, како и предлозите кои стигнуваат до организацијата монитор, а и засегнатите страни кои имаат парцели се се позаинтересирани со свои прашања. Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Реализирани се повеќе состаноци во Општината со оделение за урбанизам, комисија за продажба на земјиштето, правен сектор во однос на прашањето за Голак Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Општината нуди неколку можности за електронско учество преку веб страната, посебен дел - прашај го градоначалникот, пријави проблем и наведени контакти на вработените во Општината https://www.delcevo.gov.mk/prashaj-go-gradonachalnikot https://www.delcevo.gov.mk/prijavi-problem https://www.delcevo.gov.mk/kontakt
      4.3 Отворени денови на општината Да Секој четврток општината организира отворени денови на општината Претставник од Општина Делчево за локален економски развој
      4.4 Граѓански иницијативи Да Во моментот е активна иницијативата Го сакам Голак, која работи на ревитализација на Голак Претставник од Општина Делчево за локален економски развој https://www.facebook.com/people/%D0%93%D0%9E-%D0%A1%D0%90%D0%9A%D0%90%D0%9C-%D0%93%D0%9E%D0%9B%D0%90%D0%9A/100088963597817/