Одговорни пред одговорностите

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на предизборното ветување поврзано со ревитализација на туристичкиот локалитет Голак. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: интервју со градоначалникот на општина Делчево; граѓански форум; дебати со засегнати страни и носители на одлуки; петиција за ревитализација на туристички локалитет Голак; тркалезна маса и слично.

Темата на локалниот мониторинг е креирањето физибилити студија за развој на туристичкиот центар Голак и решавањето на имотно правните односи на лицата кои имаат купено градежни парцели на Голак.

Имплементатор
Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби БРАВУРА КООПЕРАТИВА Делчево
Локација
Делчево
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Сеуште не е донесена одлука за почеток со реализација Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведуваат набавки поврзани со проектот Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Во изминатиот период се реализирани неколку состаноци со засегнатите страни. Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подготвен е план за реализација на проектот Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Обезбедени се сите предуслови за почеток Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Сеуште не е започнато со реализација на конкретни активности од планот Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Сеуште не се видливи првични резултати од реализација на проектот Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Има доволно средства во буџетот за реализација на проектот Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Сопственоста на земјиштето не е регулирана со што се отежнува инфраструктурниот развој ( патишта, водоводни мрежи и сл. ) Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е сеуште приоритет за општината Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Да Проектот е стопиран поради пречка настаната во процесот на солемизација на земјиштето. Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Постои детален урбанистички план за Голак но постојат и проблемите со Македонски Шуми-сопственост на земјиште Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статусот на проектот не се достапни на веб страната на општината Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој Веб страна на општината https://www.delcevo.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Информации за статусот на проекто се споделуваат со засегнати страни на неформален начин Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Нема доволно информации за конкретна граѓанска иницијатива по ова прашање Мобилизатори
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Одржани се јавни настани на оваа тема Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постојат други можности за електронско учество, освен е-меил комуникација овозможена со јавно објавените е-меил адреси на веб страната на општинара Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој Веб страна на општина Делчево https://www.delcevo.gov.mk/kontakt
      4.3 Отворени денови на општината Да Секој четврток општината организира отворени денови на општината Претставник од Општина Делчево -Одделение за Локален економски развој
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Нема доволно информации за конкретна граѓанска иницијатива по ова прашање Мобилизатори