Изградба на старечки дом во Кавадарци

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања на градоначалникот поврзано со „Создавање на модерен и урбан простор за задоволување на потребите на постарото население во општина Кавадарци“ Ова ветување е наведено во програмата на општина Кавадарци за 2022 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: воспоставување канали за комуникација со засегнатите страни во врска со ветувањето; истражување и дисеминација на резултатите од истражувањето преку социјалните и традиционалните медиуми; јавни дискусии со засегнатите страни и слично.

Темата на локалниот мониторинг се подготвителните активности кои ги превзема општината за изградба на дом за стари лица во современи услови со што ќе ги задоволи потребите за достоинствен живот на старите лица во Кавадарци.

Имплементатор
Здружение за европска социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС Скопје
Локација
Кавадарци
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Домот за стари лица во Кавадарци не е предвиден во новата програма за 2023, но по заложбите на здружението Еси Нелис, направени се преговори со Владата и е донесена одлука Министерството за Труд и Социјална Политика да ја финансира изградбата. Секретар на Општина Кавадарци
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведува процес на набавки Секретар на Општина Кавадарци
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Општината одржа средба со министерката за труд и социјална политика за можноста МТСП да ја презема одговорноста за финансирање на проектот. https://kanal5.com.mk/sredba-trenchevska-janchev-se-razgoravashe-za-sorabotkata-megju-mtsp-i-opshtina-kavadarci/a567642
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Надлежностите на општината опфаќаат, изготвување Урбанистичка документација, изготвување урбанистички план, изградба на течничко - градежна документација и слично, експерт - архитект од Општина Штип кој соработува на проектот со општина Кавадарци, секретар на Општина Кавадарци
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Во моментов не, но општината ќе ги забрза активностите во следниот период експерт - архитект од Општина Штип кој соработува на проектот со општина Кавадарци
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Иако проектот не е предвиден во самата програма на Општината, сепак планот е да се реализира преку финансии од МТСП, така што одржана е прва координативна и успешна средба со Министерката , значи има напредок во однос на ова прашање Секретар на Општина Кавадарци
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Преоктот е сеуште во својата подготвителна фаза Секретар на Општина Кавадарци
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Како една од причините зошто Општината не го гради сама домот е токму недостатокот на средства во буџетот, затоа се бара соработката со МТСП Информации од повеќе средби со Општината, секретар на Општината, Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Проектот сеуште не е започнат Секретар на Општината
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување останува приоритет и затоа е побарана соработката со МТСП за истото да се реализира Секретар на Општината.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е започнат Секретар на Општината
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот не е започнат Секретар на Општината
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да На веб страната на општината нема информации но на ФБ профилот на градоначалникот споделена е веста за средбата со министерката за труд и социјална политика за можноста да се гради дом за стари лица во Кавадарци https://www.facebook.com/MitkoJanchev/posts/pfbid0YotRHBcHA8XVmYSHbT6QXb7sJsT1MTkbnpb6xneALEGbkLF2ZsCMfJVS93wfQGuZl?__cft__[0]=AZU_qUWoaQ4zEnftzaWsqt1QR5vRmAQLgMiSbQVNL_pssMHvSk1DSygliuxSX-iAAXnQGyhFWWC7BipRDMQUf44ID40BaAhAzb1dA3wiP9VbkmrdSuVHqz8xY8Lyz8WGFnQ_JswlI2CUURC3cW3r3rESWuzXduDFIkTR0CAExVX3yxgR5oy4ReFqzGLF70qJLCSCDIP4hZvaOhMV26Gjir2a&__tn__=%2CO%2CP-R
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Согалсо искуството на здружението Еси Нелис, општината навремено одговара на сите Барања за информации од јавен карактер Тим на мобилизатори од организацијата Еси Нелис
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Досегашни искуства на тимот кој го мониторира прашањето
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Пред официјалната средба во Општината, мобилизаторите телефонски разговараа со претставник од општината каде беа неформално споделени информации Тим на мобилизатори од здружението Еси Нелис
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Иницијатива за изградба на домот е поднесена од Здружение на пензионери Здружение на пензионери, Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Здружението на пензионери во општина Кавадарци , има поднесено иницијатива за изградба на домот која општината ја прифатила Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Секретар на Општина Кавадарци
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец февруари нема одржано јавни настани по ова прашање Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Постои можност за електронско учество на веб страницата на општината, но тие не се сеуште искористени за ова прашање веб страна на општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/)
      4.3 Отворени денови на општината Не Општина Кавадарци не одржува отворени денови на општината веб страна на општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/)
      4.4 Граѓански иницијативи Да Иницијатива од Здружението на пензионери на Општина Кавадарци Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци, Здружение на пенионери