Изградба на старечки дом во Кавадарци

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања на градоначалникот поврзано со „Создавање на модерен и урбан простор за задоволување на потребите на постарото население во општина Кавадарци“ Ова ветување е наведено во програмата на општина Кавадарци за 2022 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: воспоставување канали за комуникација со засегнатите страни во врска со ветувањето; истражување и дисеминација на резултатите од истражувањето преку социјалните и традиционалните медиуми; јавни дискусии со засегнатите страни и слично.

Темата на локалниот мониторинг се подготвителните активности кои ги превзема општината за изградба на дом за стари лица во современи услови со што ќе ги задоволи потребите за достоинствен живот на старите лица во Кавадарци.

Имплементатор
Здружение за европска социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС Скопје
Локација
Кавадарци
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Одлуката која е донесена во однос на ова прашање е дека Министерството за труд и социјална политика ќе ја финансира изградбата на домот на стари лица во Кавадарци. Секретар на Општина Кавадарци
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Се уште не се спроведува процес на јавни набавки Секретар на Општина Кавадарци
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Се одржа панел дискусија како дел од активноста на проектот за мониторинг од страна на здружен. ЕСИ НЕЛИС на која Општината презентираше иницијален плански распоред на собите во домот, истотака бевме информирани дека е започнато прибирање на документи https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02mu3jkzCWwYDGc3AGWGTmZZ1FbQC2nagXyKu94v3MbShXoBYcsfyrrqswn8yCKB4Yl&id=100088576455569 Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во Општина Кавадарци,
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Општината ги презентираше првите чекори коишто ги презема и претстави документ за иницијалниот плански распоред на собите во домот. Документот беше презентиран пред граѓаните и доставен на проектниот тим. Но се уште не е конечно дефиниран Експерт - архитект од Општина Штип кој соработува на проектот со Општина Кавадарци, телефонски разговор со секретар на Општина Кавадарци https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02mu3jkzCWwYDGc3AGWGTmZZ1FbQC2nagXyKu94v3MbShXoBYcsfyrrqswn8yCKB4Yl&id=100088576455569
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Се уште се работи на обезбедување на предусловите Експерт - архитект од Општина Штип кој соработува на проектот со Општина Кавадарци
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Започнато е со прибирање и изготвување на урбанистичко - техничка документација од страна на Општината потребна за почеток на градба https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02CiSNbNWGHKDwc1kfoxEN1S33k5VWtJ7XzD5KRh2mkN9hespKVUjRTFLJUg8dTqYPl&id=100088576455569
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Проектот е се уште во процес на планирање и комплетирање на урбанистичко - техничка документација Секретар на Општина Кавадарци https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02CiSNbNWGHKDwc1kfoxEN1S33k5VWtJ7XzD5KRh2mkN9hespKVUjRTFLJUg8dTqYPl&id=100088576455569
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Општината нема доволно средства за реализација, затоа во соработка со МТСП реализира дел од активностите како подготовка на инцијален план за распоредот на собите и прибира урбанистичко - техничка документација. Информации од повеќе средби со Општината, секретар на Општината, Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Се работи на исполнување на предусловите Секретар на Општина Кавадарци
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување останува приоритет, побарана соработката со МТСП за истото да се реализира, видлива е активноста на општината за реализација на прашањето, за 6 месеци мониторинг забележливи се придвижувања од нулта точка Секретар на Општина Кавадарци, Тим на мобилизатори од организацијата ЕСИ НЕЛИС
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е започнат со изградба затоа не постојат услови за да биде стопирано заради инспекција или истрага Секретар на Општина Кавадарци
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Проектот не е во стагнација Секретар на Општина Кавадарци
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Не постојат нови информации за моменталниот статус на ова прашање на веб порталите на Општината, истите се споделуваат на ФБ профилот на организацијата монитор Еси Нелис https://kavadarci.gov.mk/ https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02CiSNbNWGHKDwc1kfoxEN1S33k5VWtJ7XzD5KRh2mkN9hespKVUjRTFLJUg8dTqYPl&id=100088576455569 https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02mu3jkzCWwYDGc3AGWGTmZZ1FbQC2nagXyKu94v3MbShXoBYcsfyrrqswn8yCKB4Yl&id=100088576455569
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Согласно искуството на здружението Еси Нелис, општината навремено одговара на сите Барања за информации од јавен карактер. Тим на мобилизатори од организацијата ЕСИ НЕЛИС
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Искуство на мобилизаторите во однос на споделени информации од општината е позитивно. За многу кратко време беа остварени средби со општината по претходно официјално барање. Информациите се споделуваат со сите заинтересирани страни Тим на мобилизатори од организацијата ЕСИ НЕЛИС
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Пред официјалните средби во Општината, мобилизаторите телефонски разговараат со претставник од општината каде беа неформално споделени информации Тим на мобилизатори од организацијата ЕСИ НЕЛИС
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината претоходно остварила средба со Здружението на Пензионери Кавадарци, каде им презентирала проект идеја за домот и неговата функција а пак Здржението учествувало со свои дополнителни предлози Здружение на пензионери, Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Здружението на пензионери во општина Кавадарци , има поднесено иницијатива за изградба на домот , по што е остварена средба меѓу општината и Здружението на пензионери Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Проектот се остварува од финансиска поддршка на Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Кавадарци Секретар на Општина Кавадарци
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината нема одржано јавен настан но Еси Нелис, како дел од активностите на проектот одржа панел дискусија на која присуствуваа официјални лица од општината, Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во Општина Кавадарци Здружение на пензионери, ЕСИ НЕЛИС https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=pfbid02CiSNbNWGHKDwc1kfoxEN1S33k5VWtJ7XzD5KRh2mkN9hespKVUjRTFLJUg8dTqYPl&id=100088576455569
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Постои можност за електронско учество на веб страницата на општината, но тие не се сеуште искористени за ова прашање веб страна на општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/)
      4.3 Отворени денови на општината Не Општина Кавадарци не одржува отворени денови на општината веб страна на општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/)
      4.4 Граѓански иницијативи Да Иницијатива од Здружението на пензионери на Општина Кавадарци, Инцијативи на граѓански здуженија и здруженија на инвалидни лица Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци, Здружение на пенионери