Изградба на старечки дом во Кавадарци

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборните ветувања на градоначалникот поврзано со „Создавање на модерен и урбан простор за задоволување на потребите на постарото население во општина Кавадарци“ Ова ветување е наведено во програмата на општина Кавадарци за 2022 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: воспоставување канали за комуникација со засегнатите страни во врска со ветувањето; истражување и дисеминација на резултатите од истражувањето преку социјалните и традиционалните медиуми; јавни дискусии со засегнатите страни и слично.

Темата на локалниот мониторинг се подготвителните активности кои ги превзема општината за изградба на дом за стари лица во современи услови со што ќе ги задоволи потребите за достоинствен живот на старите лица во Кавадарци.

Имплементатор
Здружение за европска социјална инклузија ЕСИ НЕЛИС Скопје
Локација
Кавадарци
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Одлуката која е донесена во однос на ова прашање е дека Министерството за труд и социјална политика ќе ја финансира изградбата на домот на стари лица во Кавадарци. Секретар на Општина Кавадарци
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Сеуште не се спроведува процес на јавни набавки Секретар на Општина Кавадарци
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Засега одржана беше средба со министерката за труд и социјална политика за можноста МТСП да ја презема одговорноста за финансирање на проектот. Истотоака во минатото, беа одржани и средби на градоначалникот со Здружението на пензионери на Кавадарци https://kanal5.com.mk/sredba-trenchevska-janchev-se-razgoravashe-za-sorabotkata-megju-mtsp-i-opshtina-kavadarci/a567642 Секретар на Општина Кавадарци.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Надлежностите на општината опфаќаат, изготвување Урбанистичка документација, изготвување урбанистички план, изградба на течничко - градежна документација и слично. Досега нема ништо ново по ова прашање експерт - архитект од Општина Штип кој соработува на проектот со општина Кавадарци, телефонски разговор со секретар на Општина Кавадарци
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Уште не се стигнати работите до оваа фаза. експерт - архитект од Општина Штип кој соработува на проектот со општина Кавадарци
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Не се реализираат активности од планот за реализација, туку само некои подготовки како на пример средби. Телефонски разговор со Секретар на Општина Кавадрци
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Проектот е се уште во својата подготвителна фаза Секретар на Општина Кавадарци
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Како една од причините зошто Општината не го гради сама домот е токму недостатокот на средства во буџетот, затоа се бара соработката со МТСП. Информации од повеќе средби со Општината, секретар на Општината, Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Овој проект не стигнал до фазата каде ќе недостига основен предуслов бидејќи се уште се планира неговата изградба Секретар на Општина Кавадарци
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување останува приоритет и затоа е побарана соработката со МТСП за истото да се реализира Секретар на Општина Квадарци
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е започнат со изградба затоа не постојат услови за да биде стопирано заради инспекција или истрага Секретар на Општина Кавадарци
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот не стагнира во својата изградба бидејќи истата не е започната Секретар на Општина Квадарци
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да На веб страната на Општината нема информации, но на повеќе веб портали на социјалните мрежи, како и на профилот на Градоначалникот Митко Јанчев споделена е веста за средбата остварена помеѓу него и министерката за труд и социјална политика. https://www.facebook.com/MitkoJanchev/posts/pfbid0YotRHBcHA8XVmYSHbT6QXb7sJsT1MTkbnpb6xneALEGbkLF2ZsCMfJVS93wfQGuZl?__cft__[0]=AZU_qUWoaQ4zEnftzaWsqt1QR5vRmAQLgMiSbQVNL_pssMHvSk1DSygliuxSX-iAAXnQGyhFWWC7BipRDMQUf44ID40BaAhAzb1dA3wiP9VbkmrdSuVHqz8xY8Lyz8WGFnQ_JswlI2CUURC3cW3r3rESWuzXduDFIkTR0CAExVX3yxgR5oy4ReFqzGLF70qJLCSCDIP4hZvaOhMV26Gjir2a&__tn__=%2CO%2CP-R https://narodenglas.com/%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%9C%D0%B5-%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B8%D1%80%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%BC-%D0%B7/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Согласно искуството на здружението Еси Нелис, општината навремено одговара на сите Барања за информации од јавен карактер Тим на мобилизатори од организацијата ЕСИ НЕЛИС
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Досега нашето искуство во однос на споделени инфорации од општината е позитивно. За многу кратко време остварени средби со општината по претходно официјално барање. Информациите се споделуваат Досегашни искуства на тимот кој го мониторира прашањето
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Пред официјалната средба во Општината, мобилизаторите телефонски разговараа со претставник од општината каде беа неформално споделени информации Тим на мобилизатори од Здружение ЕСИ НЕЛИС Скопје
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината претоходно остварила средба со Здружението на Пензионери Кавадарци, каде им презентирала проект идеја за домот и неговата функција а пак Здржението учествувало со свои дополнителни предлози Здружение на пензионери, Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Здружението на пензионери во општина Кавадарци , има поднесено иницијатива за изградба на домот , по што е остварена средба меѓу општината и Здружението на пензионери Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Секретар на Општина Кавадарци
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец март нема одржани јавни настани по ова прашање. Претходно е одржана една средба со пенизонерите, информативни средби со ЕСИ НЕЛИС, но само на тоа останува Здружение на пензионери, ЕСИ НЕЛИС
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Постои можност за електронско учество на веб страницата на општината, но тие не се сеуште искористени за ова прашање веб страна на општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/)
      4.3 Отворени денови на општината Не Општина Кавадарци не одржува отворени денови на општината веб страна на општина Кавадарци (https://kavadarci.gov.mk/)
      4.4 Граѓански иницијативи Да Иницијатива од Здружението на пензионери на Општина Кавадарци Помлад соработник за подготовка и анализа на проекти во општина Кавадарци, Здружение на пенионери