Колку се реални предизборните ветувања?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со реконструкција на улицата долж брегот на Охридското Езеро, кое е едно од најфреквентните места за граѓаните и туристите. Мониторинг, исто така, ќе се спроведува и за степенот на транспарентност на локалната самоуправа, кој е составен дел од преземената одговорност за вршење на јавната функција. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: изработка на видео материјали; истражување на јавното мислење; дебати и јавен настан.

Темата на локалниот мониторинг е реконструкција на вториот дел од улицата „Туристичка„ во Струга.

Имплементатор
Планинарски спортски клуб КАБ СТРУГА 2017
Локација
Струга
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Поднесено е барање за пристап до информации од јавен карактер на кое се очекува одговор https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Поднесено е барање за пристап до информации од јавен карактер на кое се очекува одговор
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не На барањето за пристап до информации од јавен карактер поднесено од страна на мобилизаторите, одговорено е дека во иднина се планирани средби со засегнати страни Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Реконструкцијата на улицата од Еуро Хотел до река Сатеска е во надлежност на Агенцијата за државни патишта. Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Улица ,, Туристичка 2“ патниот сегмент од Стара Аполонија до Еуро Хотел е во надлежност на општината, а од Еуро Хотел до река Сатеска е во надлежност на Агенцијата за државни патишта. Нерешени имотно-правни односи со приватни сопоственици Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Нема видливи резултати, иако во изјава од општината велат дека - Во тек е процесот на решавање на неколку имотно-правни проблеми, со приватни сопственици на тој дел. Во меѓувреме, решен е проблемот со отстранувањето на старата зграда на Министерство https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Видливо на терен https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да На барањето за пристап до информации од јавен карактер, општината одговорила дека средства за овој проект не се предвидени за 2023, но во изјава - проектот е предвиден во програмата за 2023 Одговор на Барање за информации од јавен карактер https://www.struga.gov.mk/wp-content/uploads/2023/02/BUXHETI-2023-%D0%91%D0%A3%D0%8F%D0%95%D0%A2-2023.pdf https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Нерешени имотно-правни односи на локацијата https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Одговор на Барање за информации од јавен карактер https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран од тие причини
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Освен нерешени имотно-правни односи на локацијата, постојат и други причини за стагнација кои сеуште не се познати https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Веб страна на општината https://www.struga.gov.mk/mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите имаат поднесено повеќе барања за информации од јавен карактер на кои е навремено одговорено од страна на општината Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Одговор на Барање за информации од јавен карактер
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои пракса на неформално споделување на информации преку социјалните мрежи на оштината ФБ страна на општина Струга https://www.facebook.com/komunaestruges/
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени во одлуките во врска со прашањето кое се мониторира Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Ова е капитален проект кој неможе да биде реализиран со учество на граѓаните со свој придонес и ресурси Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се одржани јавни настани по ова прашање Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Преку контакт формата на веб страната на општината и социјалните мрежи Веб страна на општината - контакт https://www.struga.gov.mk/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/ ФБ профил на општина Струга https://www.facebook.com/komunaestruges/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината не организира отворени денови на општината Граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање Граѓани