Колку се реални предизборните ветувања?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со реконструкција на улицата долж брегот на Охридското Езеро, кое е едно од најфреквентните места за граѓаните и туристите. Мониторинг, исто така, ќе се спроведува и за степенот на транспарентност на локалната самоуправа, кој е составен дел од преземената одговорност за вршење на јавната функција. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: изработка на видео материјали; истражување на јавното мислење; дебати и јавен настан.

Темата на локалниот мониторинг е реконструкција на вториот дел од улицата „Туристичка„ во Струга.

Имплементатор
Планинарски спортски клуб КАБ СТРУГА 2017
Локација
Струга
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Реконструкцијата на улицата од Еуро Хотел до река Сатеска е во надлежност на Агенцијата за државни патишта. Општина Струга - одговор на Барање за информации од јавен карактер
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Не се обезбедени неопходните предуслови за почеток. Улица ,, Туристичка 2“ патниот сегмент од Стара Аполонија до Еуро Хотел е во надлежност на општината, а од Еуро Хотел до река Сатеска е во надлежност на Агенцијата за државни патишта. Општина Струга - одговор на Барање за информации од јавен карактер
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Н/П Нема информации, се очекува одговор на поднесено Барање за информации од јавен карактер
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи резултати Видливо на терен
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Нема информации, се очекува одговор на поднесено Барање за информации од јавен карактер
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Нема информации, се очекува одговор на поднесено Барање за информации од јавен карактер
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет за општината Општина Струга - одговор на Барање за информации од јавен карактер
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран од овие причини
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема информации
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статусот на проектот не се достапни на веб страната на општината Веб страна на општината https://www.struga.gov.mk/mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите поднесоа барање за информации од јавен карактер на кои беше навремено одговорено од страна на општината Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Невладини организации, граѓани
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои пракса на неформално споделување на информации преку социјалните мрежи на оштината ФБ страна на општина Струга https://www.facebook.com/komunaestruges/
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Нема информација
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да На барањето за информации од јавен карактер, општината одговорила дека јавни собири се организирале континуирано Општина Струга - одговор на Барање за информации од јавен карактер
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Преку контакт формата на веб страната на општината и социјалните мрежи Веб страна на општината - контакт https://www.struga.gov.mk/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/ ФБ профил на општина Струга https://www.facebook.com/komunaestruges/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината не организира отворени денови на општината Граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање Граѓани