Колку се реални предизборните ветувања?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборното ветување поврзано со реконструкција на улицата долж брегот на Охридското Езеро, кое е едно од најфреквентните места за граѓаните и туристите. Мониторинг, исто така, ќе се спроведува и за степенот на транспарентност на локалната самоуправа, кој е составен дел од преземената одговорност за вршење на јавната функција. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: изработка на видео материјали; истражување на јавното мислење; дебати и јавен настан.

Темата на локалниот мониторинг е реконструкција на вториот дел од улицата „Туристичка„ во Струга.

Имплементатор
Планинарски спортски клуб КАБ СТРУГА 2017
Локација
Струга
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Нема донесено одлука за почеток со реализација но општината вели дека го разгледуваат прашањето и ќе постапат во најбрз можен рок Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведуваат набавки за проектот Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се одржани средби со засегнати страни Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Улица ,,Туристичка“ е поделена по надлежности - еден дел е во надлежност на општината додека другиот дел е во надлежност на Агенцијата за државни патишта. На барањето за пристап до информации од јавен карактер, е одговорено дека случајот се разгледува Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Не се реализираат никакви активности по однос на прашањето Видливо на терен
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема никакви резултати од проектот Видливо на терен
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да За овој проект не се предвидени средства во буџетот за 2023 година Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Нерешени имотно-правни односи на локацијата https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Да Прашањето останува приоритет за општината Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е сеуште започнат https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Активностите се уште не се започнати! Со оглед на тоа што патот треба да се двои со Агенцијата за јавни патишта - проблемот со патот останува во состојба на неизвесност (без решение). https://meta.mk/nema-reshenie-za-haosot-na-strushkata-ulica-turistichka-vetuvanje-na-merko-ushte-od-prethodniot-mandat/
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Не се споделуваат информации за статусот на проектот на веб страната на општината Веб страна на општината https://www.struga.gov.mk/mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите имаат поднесено повеќе барања за информации од јавен карактер на кои е навремено одговорено од страна на општината Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Планирани се информативни состаноци во иднина Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои пракса на неформално споделување на информации преку социјалните мрежи на оштината ФБ страна на општина Струга https://www.facebook.com/komunaestruges/
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Проектот се уште не е започнат затоа граѓаните не се вклучени во одлуките во врска со прашањето кое се мониторира
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено иницијатива за ова прашање Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Граѓаните не учествуваат со свои придонеси и ресурси Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Планирани се јавни настани по однос на ова прашање во иднина Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Преку контакт формата на веб страната на општината и социјалните мрежи Веб страна на општината - контакт https://www.struga.gov.mk/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/ ФБ профил на општина Струга https://www.facebook.com/komunaestruges/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината не организира отворени денови на општината Граѓани
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање Граѓани