Активна младина преку транспарентна општина

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување за идентификување/спречување на загадувачите на животната средина (вода, почва, воздух) преку младински активизам. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: идентификување на загадувачите на животната средина преку фотографирање; изложба на фотографии на откриени загадувачи на животната средина; тркалезна маса за конечна презентација на резултатите.

Темата на локалниот мониторинг е управувањето и селекцијата на отпад во општина Тетово.

Имплементатор
Здружение на граѓани, Центар за едукација и развој-ЦЕД, Теарце
Локација
Теарце
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не До овој месец не е донесена одлука за следената политика. Страницата за е-извештај продолжува да работи додека инспекторатот не донесе одлука за тежината на казните или колку казни се изречени за еколошките загадувачи. https://www.facebook.com/komunaofficial https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=1
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Нема потреба од јавни набавки
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Одржана е јавна дискусија за потенцијални загадувачи на водата, на која беше презентиран проект од страна на општина Тетово за чистење на црната вода. https://www.facebook.com/photo/?fbid=554569040039620&set=pcb.554569076706283
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Од општина Тетово во јавната дискусија ни рекоа дека се подготвува конкретен план за заштита на животната средина. Овој план ќе вклучува и откривање и гонење на потенцијалните загадувачи и нивно казнување. https://www.facebook.com/photo/?fbid=554569040039620&set=pcb.554569076706283 Јавна Дискусија
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Општина Тетово во јавната дискусија се изјасни дека ги имаат потребните ресурси преку еколошката инспекција за откривање на потенцијални загадувачи во градот. https://www.facebook.com/photo/?fbid=554569040039620&set=pcb.554569076706283 Јавна Дискусија
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Н/П Според општина Тетово, ги следат потенцијалните загадувачи. Сè уште нема информации колку потенцијални загадувачи се откриени во последните години. За ова наскоро одговор ќе даде еколошкиот инспекторат. https://www.facebook.com/photo/?fbid=554569040039620&set=pcb.554569076706283 Јавна Дискусија Еколошки инспекторат
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Резултатите не се видливи. На официјалните веб-страници или информации од јавен карактер, општина Тетово не посочува откривање на потенцијални загадувачи. https://www.facebook.com/npktetovatetove https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=1 https://www.facebook.com/komunaofficial
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Еколошкиот инспекторат вели дека нема недостиг од финансиски средства во буџетот. Деталниот буџет се уште не е објавен. Разговори со Еколошки инспекторат - Општина Тетово
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Од анализата на административната структура на општина Тетово, забележавме дека не недостасуваат основни услови. Инспекторатот постапува врз основа на законот за животната средина. https://www.tetova.gov.mk/getartm.aspx?aid=109&men=1&lan=1&sub=3 Разговори со Еколошки инспекторат - Општина Тетово
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Изборното ветување и понатаму е приоритет бидејќи има многу еколошки проблеми. Во јавната дискусија Општина Тетово се изјасни дека тоа е приоритет и ќе започне со реализација за ова ветување. https://www.facebook.com/photo/?fbid=554569040039620&set=pcb.554569076706283 Јавна Дискусија
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Се уште не се познати причините поради кои работата е стопирана и нема транспарентност. Од еколошкиот сектор само ветуваат дека ќе дадат одговор но сеуште нема ништо конкретно https://www.facebook.com/photo/?fbid=554569040039620&set=pcb.554569076706283 Јавна Дискусија
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Информациите се наоѓаат на изборната платформа на градоначалникот на општината и се дел од проектот е-извештај. https://tetova.gov.mk/ereport/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Н/П Се уште се очекува одговор од еколошкиот сектор. https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=1
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Најголем дел од информациите мобилизаторите ги добиваат преку официјалните веб-страници на општина Тетово или јавните соопштенија и социјалните мрежи. https://www.facebook.com/photo/?fbid=554569040039620&set=pcb.554569076706283 Јавна Дискусија https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=1 https://www.facebook.com/komunaofficial
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Не од општината но дел од информациите мобилизаторите успеале да ги добијат преку неформални разговори со невладини организации, граѓани или еколошки активисти. граѓани, Невладини организации, Еколошки активисти.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Јавната дискусија на оваа тема беше првиот чекор што покажува дека општината сериозно ги сфаќа потребите на граѓаните https://www.facebook.com/photo/?fbid=554569040039620&set=pcb.554569076706283
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено иницијатива по ова прашање Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните продолжуваат со пријавување на страницата за е-извештај. https://tetova.gov.mk/ereport/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Одржана е јавна дискусија за потенцијални загадувачи на водата, на која беше презентиран проект од страна на општина Тетово за чистење на црната вода. https://www.facebook.com/photo/?fbid=554569040039620&set=pcb.554569076706283
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Страницата за е-извештај продолжува да работи. https://tetova.gov.mk/ereport/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општината немаше одржано отворени денови во текот на овој месец. https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=2
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи по ова прашање Граѓани