Активна младина преку транспарентна општина

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување за идентификување/спречување на загадувачите на животната средина (вода, почва, воздух) преку младински активизам. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: идентификување на загадувачите на животната средина преку фотографирање; изложба на фотографии на откриени загадувачи на животната средина; тркалезна маса за конечна презентација на резултатите.

Темата на локалниот мониторинг е управувањето и селекцијата на отпад во општина Тетово.

Имплементатор
Здружение на граѓани, Центар за едукација и развој-ЦЕД, Теарце
Локација
Теарце
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Нема одлука директно поврзана со набљудуваната тема. Веб-страницата која е достапна на интернет, продолжува да постои. https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=2 https://tetova.gov.mk/ereport/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Нема јавна информација за спроведување на таков процес https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=2
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Н/П Општина Тетово има одржано состаноци само на тема на буџетот. Не е остварена конкретна средба на општината со граѓаните на еколошки теми. https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=2 https://www.facebook.com/komunaofficial
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Општината нема конкретен план за следење на загадувачите на животната средина. https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=2
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Во општината постои еколошки сектор во кој е вклучен еколошкиот инспекторат со целокупната структурна организација на персоналот и работата. Сектор за комунални дејности и заштита на животната средина и природа https://www.tetova.gov.mk/getartm.aspx?aid=172&men=7&lan=2&sub=51
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Н/П Нема информација во моментов. Нема видливи конкретни активности. Од страна на мобилизаторите е поднесено Барање за информации од јавен карактер на кое се очекува одгoвор. Поднесено Барање за информации од јавен карактер
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Нема видливи првични резултати од реализација на проектот поради нетранспарентност на општината. https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=2
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не На јавната расправа организирана од општината на тема на буџетот за 2023, на поставено прашање, беше одговорено дека општината нема недостиг од средства за еколошки прашања. Деталниот буџет за 2023г се очекува да биде објавен во јануари 2023. https://www.facebook.com/komunaofficial Јавна Дебата Општина Тетово
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Не недостасуваат основни услови за почеток на проектот. Обврска на секторот за животна средина е да ги следи загадувачите на животната средина. Еколошки невладини организации
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е приоритет, бидејќи загадувањето на воздухот во Тетово останува високо. Оваа информација беше потврдена на јавната расправа, каде што општина Тетово ја потврди важноста на заштитата на животната средина. https://www.facebook.com/komunaofficial Јавна Дебата Општина Тетово
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Такво нешто не е забележано. Проектот продолжува да функционира https://tetova.gov.mk/ereport/
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Се уште не се познати причините зошто општината не е транспарентна во работата што ја вршат во потрагата по загадувачи на животната средина. Она што е важно е дека бројот за поднесување случаи на загадување не е во функција. https://tetova.gov.mk/ereport/
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не На официјалната страна на општина Тетово нема конкретни информации за загадувачи на животната средина. https://www.tetova.gov.mk/menu.aspx?amen=51&lan=2&men=7 https://www.facebook.com/komunaofficial
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Организацијата задолжена за мониторирање на прашањето, ЦЕД од Теарце, веќе има поднесени Барања за информации од јавен карактер на кои сеуште се очекува одговор. Поднесени Барања за информации од јавен карактер
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Не е забележано дека информациите за еколошката тема се споделуваат на ваков начин од страна на општината. https://tetova.gov.mk/ereport/ https://www.facebook.com/komunaofficial
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Информации може да се добијат неофицијално од вработени лица. Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Нема конкретна информација. Не е забележано дека општината преземала некоја активност или ги имала предвид потребите на граѓаните или нивните мислења на темата. Граѓаните можат само да ги пријават своите проблеми и да не учествуваат во одлучувањето https://tetova.gov.mk/ereport/ Невладини Организации Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Нема конкретна информација. Не е забележана иницијатива од страна на граѓаните на оваа тема. Невладини Организации Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните ги презентираат своите проблеми на страницата е-извештај. https://tetova.gov.mk/ereport/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Досегашната јавна расправа се однесуваше на буџетот на општина Тетово. Не е забележана јавна дебата за предметот што се следи. https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=2 https://www.facebook.com/komunaofficial
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Граѓаните можат да поднесуваат проблеми само на страницата за е-извештај. https://tetova.gov.mk/ereport/
      4.3 Отворени денови на општината Да Отворени денови има во општина Тетово. Постојат општи отворени денови за различни теми. https://www.facebook.com/komunaofficial
      4.4 Граѓански иницијативи Не Не е забележана граѓанска иницијатива во врска со темата. Невладини Организации Граѓани