Активна младина преку транспарентна општина

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување за идентификување/спречување на загадувачите на животната средина (вода, почва, воздух) преку младински активизам. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: идентификување на загадувачите на животната средина преку фотографирање; изложба на фотографии на откриени загадувачи на животната средина; тркалезна маса за конечна презентација на резултатите.

Темата на локалниот мониторинг е управувањето и селекцијата на отпад во општина Тетово.

Имплементатор
Здружение на граѓани, Центар за едукација и развој-ЦЕД, Теарце
Локација
Теарце
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Општината подготвува план за следење на потенцијалните загадувачи. но истиот се уште не е изготвен / јавно објавен Заменик директор на ЈКП Тетово
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Нема потреба од јавни набавки за реализација на ветувањето Мобилизатори
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во месец април нема одржани состаноци на темата https://www.facebook.com/komunaofficial
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не До моментот на завршување на мониторингот не е донесен план за реализација иако Општинските органи имаат изјавено во март дека подготвуваат план за следење на потенцијалните загадувачи кој се очекува да биде објавен наскоро. Директор на ЈКП Мобилизатори
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Општина Тетово ги поседува потребните ресурси преку еколошката инспекција за откривање на потенцијални загадувачи во градот. Заменик директор на ЈКП
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Во месец април нема реализирано нови акртивности https://www.facebook.com/komunaofficial https://www.tetova.gov.mk/menu.aspx?lan=1&men=1&amen=1
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Општината не е транспарентна за податоците за потенцијалните загадувачи и резултатите не се видливи за јавноста https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=1 https://www.facebook.com/komunaofficial
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Еколошкиот инспекторат вели дека нема недостиг од финансиски средства во буџетот. Деталниот буџет се уште не е објавен. Разговори со Еколошки инспекторат - Општина Тетово
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предусловите за започнување на проектот се исполнети Разговори со Еколошки инспекторат - Општина Тетово
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Да Општината изјавува дека ветувањето останува приоритет, но реалната ситуација го покажува спротивното Заменик директор на ЈКП Мобилизатори
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран од тие причини Заменик директор на ЈКП Тетово
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Да Целосните причини за стагнација на процесот не се познати. Мобилизаторите не успеале да го добијат одговорот. Според одговорот на општината за медиумот Порталб, страницата е-извештај е во обработка, додека се изречени само 5 казни за загадување за 2022 https://portalb.mk/840863-numri-i-e-report-ne-tetove-me-vite-nuk-punon-komuna-arsyet-jane-teknike/
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема споделени информации во однос на проектот https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=1 https://www.facebook.com/komunaofficial
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Н/П Нема информации
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информации се споделуваат од страна на општината но во месец април немало такви барања Заменик на ЈКП
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Општината нема пракса на неформално споделување на информации. Граѓани, Невладини организации
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓани, невладини организации
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено иницијатива од страна на граѓаните по ова прашање Граѓани, Невладини организации
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните продолжуваат да известуваат на страницата за е-извештај. https://tetova.gov.mk/ereport/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец април нема одржано јавни настани на темата Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Страницата за е-извештај продолжува да работи. https://tetova.gov.mk/ereport/
      4.3 Отворени денови на општината Не Во месец април немаше отворени денови на општината Граѓани, невладини организации
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесени граѓански иницијативи по однос на ова прашање Невладини организации