Граѓански ангажман за подобра иднина!

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборното ветување за зголемување на сместувачките капацитети во градинките. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: организирање на форуми на заедницата за потсетување на граѓаните и локалните власти на изборното ветување; потпишување и поднесување петиција до градоначалникот и Советот на општина Прилеп; креативна/герила акција за потсетување на градоначалникот и локалната самоуправа на ветената заложба за проширување/изградба на три нови предучилишни објекти (градинки).

Темата на локалниот мониторинг е изградбата на капацитети за згрижување на децата во предучилишна возраст.

Имплементатор
Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. Прилеп
Локација
Прилеп
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Само за градинката во нас. Точила која е веќе во завршна фаза https://republika.mk/vesti/makedonija/jovchevski-novata-gradinka-koja-e-vo-zavrshna-faza-kje-zgrizi-nad-250-dechinja-od-prilep/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Досега не се спроведува процес на јавни набавки за ниту една од трите планирани градинки. Очекуваме одговор на 2 барања за пристап до информации од јавен карактер во однос на планот за јавни набавки на општината за 2022 и 2023 година. https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices Барања за пристап до информации
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во изминатиот период согласно објавите на официјалната веб страна на Општина Прилеп не се забележани никакви активности во врска со пуштање на градинката во нас. Точила, но и останатите. https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Не постои јавна информација за подготвен план за реализација, но испратено е барање за пристап до информации до Општина Прилеп доколку е подготовен таков план да се достави на увид. https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/ Барање за пристап до информации
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П Не постои јавна информација на било кој од комуникациските канали на општината, но испратено е барање за пристап до информации до Општина Прилеп за доставување на информација за Годишен план за вработување на кадар во градинката во населба Точила. https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/ Барање за пристап до информации
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Планот не е јавно објавен, со оглед на тоа не знаеме дали се преземаат конкретни активности за почеток со работа, но е испратено барање за пристап до информации до Општина Прилеп доколку е подготовен таков план да се достави на увид. https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/ Барање за пристап до информации
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Досега е завршена изградбата на градинката во нас. Точила, останатите две воопшто не се споменуваат. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Градоначалникот имаше изјава дека досега е исплатен поголемиот износ од долгот во висина од 37 милиони денари, а вкупната инвестиција чинела околу 144 милиони денари, што значи има недостаток на средства за доопремување. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Внатрешниот ентериер се очекува да биде уреден од страна на МТСП, како што изјави Градоначалникот, што секако е главен предуслов за почеток со работа. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот за детска градинка во населба Точила е планиран со Буџетот за 2023, што значи дека е приоритет. Но, градинките во населбата Кузман 2 и ООУ Кочо Рацин не се предвидени со Буџетот за 2023 година. Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер. https://www.prilep.gov.mk/wp-content/uploads/2023/01/sluzhben-glasnik-br.14.pdf
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Не постои таква информација. /
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Во одговорот на Барање за пристап до информации е наведено дека моменталните тековни активности поврзани со градинката во нас. Точила, се во делот на уредување на ентериерот и потребните елементи и реквизити, за кои што е задолжено МТСП. Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не / Веб страна на општината https://www.prilep.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Изминатиот период беа испратени 6 Барања за пристап до информации од јавен карактер и на повеќето беше добиен одговор. Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Само за градинката во населба Точила, другите две градинки стагнираат, воопшто не се споменуваат никаде. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d1%80%d1%88%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d0%b0%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd/?fbclid=IwAR23qwBUCKpaaJg_OzIKzq3ZEHtReyYOuD2cNr8m27x0-UnL9AE9P_GGYK8
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Н/П Нема информација.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не / Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Досега не е поднесена инцијатива, но ќе биде поднесена петиција во рамките на проектот кој го спроведува Станица П.Е.Т. Граѓани
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Според изјавата на градоначалникот дека градинката е изградена со средства од локалната самоуправа, тоа значи дека учество имаат и граѓаните со плаќањето на локални давачки. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Конкретно за ова прашање не, но има Отворени денови во општината каде граѓаните можат да се информираат за текот на проектите и планираните активности. https://www.facebook.com/borchejovcheski/posts/pfbid0qQK47kLwCjdkx3ybPKsHfu4hwqx1vBRRGxSWpokTG5cHkpRtEk7WAAk95AehLHpyl
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постојат други апликации освен контакт формата на веб страната на општината. Контакт форма на веб страната на општината (https://www.prilep.gov.mk/kontakt/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината организира отворени денови. ФБ пост на градоначалникот (https://www.facebook.com/borchejovcheski/posts/pfbid0qQK47kLwCjdkx3ybPKsHfu4hwqx1vBRRGxSWpokTG5cHkpRtEk7WAAk95AehLHpyl)
      4.4 Граѓански иницијативи Не Досега не се поднесени граѓански иницијативи по ова прашање. Граѓани.