Граѓански ангажман за подобра иднина!

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборното ветување за зголемување на сместувачките капацитети во градинките. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: организирање на форуми на заедницата за потсетување на граѓаните и локалните власти на изборното ветување; потпишување и поднесување петиција до градоначалникот и Советот на општина Прилеп; креативна/герила акција за потсетување на градоначалникот и локалната самоуправа на ветената заложба за проширување/изградба на три нови предучилишни објекти (градинки).

Темата на локалниот мониторинг е изградбата на капацитети за згрижување на децата во предучилишна возраст.

Имплементатор
Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. Прилеп
Локација
Прилеп
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Само за градинката во нас. Точила која е веќе во завршна фаза. Во однос на пренамена на дел од просториите на ООУ Кочо Рацин во градинка добиен е одговор на Барање за пристап до информации дека во плановите не била предвидена пренамена. https://republika.mk/vesti/makedonija/jovchevski-novata-gradinka-koja-e-vo-zavrshna-faza-kje-zgrizi-nad-250-dechinja-od-prilep/ Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Согласно добиените одговори на Барањата за пристап до информации , од Годишните планови за јавни набавки на Општина Прилеп за 2022 и 2023 година може да се забележи дека не се предвидени никакви јавни набавки за предвидените детски градинки. Одговори на барања за пристап до информации од јавен карактер.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во изминатиот период согласно објавите на официјалната веб страна на Општина Прилеп не се забележани никакви активности во врска со мониторираното прашање https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Според добиените одговори на Барањата за пристап до информации од Општина Прилеп, ЈП за ПУП и ЈОУДГ „Наша иднина“, ниту една од овие институции не располага со бараната информација за план за реализација. Одговори на Барања за пристап до информации од јавен карактер.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П Согласно добиените одговори на Барањата за пристап до информации, од Општина Прилеп и ЈП за ПУП е одговорено дека не располагаат со потребните податоци. Одговори на Барања за пристап до информации од јавен карактер.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Н/П Планот не е јавно објавен, со оглед на тоа не знаеме дали се преземаат конкретни активности за почеток со работа, но согласно добиените одговори на Барањата за пристап до информации - никоја од гореспоменатите институции не располага со информации. https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/ Одоговори на Барања за пристап до информации од јавен карактер.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Досега е завршена изградбата на градинката во нас. Точила, останатите две воопшто не се споменуваат. Согласно добиените одговори на Барањата за пристап до информации за оваа градинка се чека на внатрешно уредување од страна на МТСП. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/ Одговори на Барања за пристап до информации од јавен карактер.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Градоначалникот имаше изјава дека досега е исплатен поголемиот износ од долгот во висина од 37 милиони денари, а вкупната инвестиција чинела околу 144 милиони денари, што значи има недостаток на средства за доопремување. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Внатрешниот ентериер се очекува да биде уреден од страна на МТСП, како што изјави Градоначалникот, што секако е главен предуслов за почеток со работа. Истиот одговор беше добиен и на Барањето за пристап до информации. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/ Одговор на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот за детска градинка во населба Точила е планиран со Буџетот за 2023. Но, градинките во населбата Кузман 2 и ООУ Кочо Рацин не се предвидени со Буџетот за 2023 година, а согласно одговорот добиен од Општината тие не биле дел од предвидените планови. Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер. https://www.prilep.gov.mk/wp-content/uploads/2023/01/sluzhben-glasnik-br.14.pdf
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Не постои таква информација. https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Во одговорот на Барање за пристап до информации стои дека моменталните тековни активности поврзани со градинката во нас. Точила, се во делот на уредување на ентериерот за кои што е задолжено МТСП, а другите две градинки не биле дел од предвидените планови. Одговори на барања за пристап до информации.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Информации за статусот на мониторираното прашање не се споделуваат на веб страната на општината Веб страна на општината https://www.prilep.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Изминатиот период беа испратени 6 Барања за пристап до информации од јавен карактер од страна на мобилизаторите и на повеќето беше добиен одговор, но дел од одговорите не соодветствуваат со надлежностите кои ги има Општината. Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Само за градинката во населба Точила, другите две градинки стагнираат, воопшто не се споменуваат никаде. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d1%80%d1%88%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d0%b0%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd/?fbclid=IwAR23qwBUCKpaaJg_OzIKzq3ZEHtReyYOuD2cNr8m27x0-UnL9AE9P_GGYK8
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Н/П Нема таква информација. /
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени во одлуките поврзани со мониторираното прашање Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Досега не е поднесена инцијатива, но планирано е да биде поднесена петиција во рамките на проектот кој го спроведува Станица П.Е.Т. Станица П.Е.Т.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Според изјавата на градоначалникот дека градинката е изградена со средства од локалната самоуправа, тоа значи дека учество имаат и граѓаните со плаќањето на локални давачки. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Конкретно за ова прашање нема организирано посебен јавен настан, но има Отворени денови во општината каде граѓаните можат да се информираат за текот на проектите и планираните активности. https://www.facebook.com/borchejovcheski/posts/pfbid0qQK47kLwCjdkx3ybPKsHfu4hwqx1vBRRGxSWpokTG5cHkpRtEk7WAAk95AehLHpyl
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постојат други апликации освен контакт формата на веб страната на општината. Контакт форма на веб страната на општината (https://www.prilep.gov.mk/kontakt/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината организира отворени денови. ФБ пост на градоначалникот (https://www.facebook.com/borchejovcheski/posts/pfbid0qQK47kLwCjdkx3ybPKsHfu4hwqx1vBRRGxSWpokTG5cHkpRtEk7WAAk95AehLHpyl)
      4.4 Граѓански иницијативи Не Досега не се поднесени граѓански иницијативи по ова прашање. Граѓани