Граѓански ангажман за подобра иднина!

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на изборното ветување за зголемување на сместувачките капацитети во градинките. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: организирање на форуми на заедницата за потсетување на граѓаните и локалните власти на изборното ветување; потпишување и поднесување петиција до градоначалникот и Советот на општина Прилеп; креативна/герила акција за потсетување на градоначалникот и локалната самоуправа на ветената заложба за проширување/изградба на три нови предучилишни објекти (градинки).

Темата на локалниот мониторинг е изградбата на капацитети за згрижување на децата во предучилишна возраст.

Имплементатор
Здружение за правна едукација и транспарентност Станица П.Е.Т. Прилеп
Локација
Прилеп
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Само за градинката во нас. Точила која е веќе во завршна фаза. За двете други градинки нема поместувања. А на просторот каде беше планирана градинката во нас. Кузман 2 веќе е продаден просторот за изградба на две нови згради. https://republika.mk/vesti/makedonija/jovchevski-novata-gradinka-koja-e-vo-zavrshna-faza-kje-zgrizi-nad-250-dechinja-od-prilep/ Добиени се информации на лице место од контакт со граѓани на населбата Кузман 2 каде е започнато уредување на просторот од страна на приватно лице за изградба на две нови станбени згради. Граѓаните од населбата не информираа дека веќе 30 години во нивната населба на тој простор се ветуваат изградба на градинка и подрачно училиште, но за жал ниту една политичка власт не го исполнила ветувањето. Сега веќе се сигурни дека нема ниту да се исполни, со оглед на тоа што на местото веќе изникнуваат нови станбени згради.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведува процес на набавки. https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/notices
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во изминатиот период согласно објавите на официјалната веб страна на Општина Прилеп не се забележани никакви активности во врска со пуштање на градинката во нас. Точила, но и останатите. https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Не постои јавна информација за подготвен план за реализација. За градинките во нас. Кузман 2 и ООУ Кочо Рацин добиени се одговори на барања за пристап до информации дека не биле воопшто предвидени во предизборните планови. https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/ Одговори на барања за пристап до информации од јавен карактер
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не За доопремување на внатрешниот ентериер на градинката во нас. Точила се чека на МТСП, согласно одговорот на општината по барањето за пристап до информации. Додека не се уреди ентериерот градинката не може да добие дозвола да започне со работа. https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/ Одговор на барање за пристап до информација од јавен карактер
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Планот не е јавно објавен и не се преземаат конкретни активности за почеток со работа. https://www.prilep.gov.mk/category/oglasna-tabla/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Досега е завршена изградбата на градинката во нас. Точила, останатите две воопшто не се споменуваат. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Градоначалникот имаше изјава дека досега е исплатен поголемиот износ од долгот во висина од 37 милиони денари, а вкупната инвестиција чинела околу 144 милиони денари, што значи има недостаток на средства за доопремување. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Внатрешниот ентериер се очекува да биде уреден од страна на МТСП, како што изјави Градоначалникот, што секако е главен предуслов за почеток со работа. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот за детска градинка во населба Точила е планиран со Буџетот за 2023. Но, градинките во населбата Кузман 2 и ООУ Кочо Рацин не се предвидени со Буџетот за 2023 година, а согласно одговорот добиен од Општината тие не биле дел од предвидените планови. Одговор на Барање за пристап до информации од јавен карактер. https://www.prilep.gov.mk/wp-content/uploads/2023/01/sluzhben-glasnik-br.14.pdf
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Не постои таква информација /
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не За градинката во населба Точила, како што извести Градоначалникот се чека на МТСП, на внатрешно уредување, а за другите две градинки нема информации. Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Не се споделуваат информации за статусот на проектот Веб страна на општината https://www.prilep.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Самите мобилизатори го користеа овој начин на добивање на информации за изборното ветување Мобилизатори
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Само за градинката во населба Точила, другите две градинки стагнираат, воопшто не се споменуваат никаде https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%d0%b2%d0%b8%d0%b4%d0%b5%d0%be-%d0%b2%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d1%80%d1%88%d0%bd%d0%b0-%d1%84%d0%b0%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd/?fbclid=IwAR23qwBUCKpaaJg_OzIKzq3ZEHtReyYOuD2cNr8m27x0-UnL9AE9P_GGYK8
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Н/П Нема информација /
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните не се вклучени во одлуките поврзани со мониторираното прашање Граѓани
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Досега не е поднесена инцијатива, но беше поднесена петиција во рамките на проектот кој го спроведува Станица П.Е.Т. Граѓани Станица П.Е.Т.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Според изјавата на градоначалникот дека градинката е изградена со средства од локалната самоуправа, тоа значи дека учество имаат и граѓаните со плаќањето на локални давачки. https://infokompas.com.mk/2022/11/03/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%B2%D1%80%D1%88%D0%BD%D0%B0-%D1%84%D0%B0%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BD/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Конкретно за ова прашање не, но има Отворени денови во општината каде граѓаните можат да се информираат за текот на проектите и планираните активности. https://www.facebook.com/borchejovcheski/posts/pfbid0qQK47kLwCjdkx3ybPKsHfu4hwqx1vBRRGxSWpokTG5cHkpRtEk7WAAk95AehLHpyl
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постојат други апликации освен контакт формата на веб страната на општината Контакт форма на веб страната на општината (https://www.prilep.gov.mk/kontakt/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината организира отворени денови ФБ пост на градоначалникот (https://www.facebook.com/borchejovcheski/posts/pfbid0qQK47kLwCjdkx3ybPKsHfu4hwqx1vBRRGxSWpokTG5cHkpRtEk7WAAk95AehLHpyl)
      4.4 Граѓански иницијативи Не Досега не се поднесени граѓански иницијативи по ова прашање. Граѓани