Спортска сала во ОСЕУ ГОСТИВАР

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот до кој е завршена реконструкцијата на спортската сала во општинското средно економско училиште (ОСЕУ) во Гостивар. Ова беше дел од изборната програма и предвидени се активности за реконструкција во општинската програма за развој за 2022-2023 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средби со локалната самоуправа и директорот на ОСЕУ Гостивар; работилница со засегнатите страни; изјави и информирање на јавноста преку локалните телевизии и социјалните медиуми.

Темата на локалниот мониторинг е реконструкцијата на спортската сала во СЕОУ „Гостивар“ од Гостивар.

Имплементатор
Здружение на граѓани ИНТЕГРАЦИЈА НА РОМИТЕ - Гостивар
Локација
Гостивар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Се очекува во месец февруари да се изгласа развојната програма на општината за 2023 година. Раководител на сектор за образование.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Сеуште не е изгласана развојната програма за 2023 година. Раководител на сектор за образование.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Одржани се средби со училишниот одбор и училишниот совет на СЕОУ Гостивар Директор на СЕОУ Гостивар.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Се очекува по изгласување на развојната програма за 2023 година. Раководител на сектор за образование.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Претходно е потребно да се формира група која што ќе го води спроведувањето на оваа активност Раководител на сектор за образование.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Остварени се средби со засегнатите страни и надлежни органи. Директор на СЕОУ Гостивар.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Директор на СЕОУ Гостивар.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Се очекува Министерство за образование да помогне во финансискиот дел за реконструкција на спортската сала на СЕОУ Гостивар. Директор на СЕОУ Гостивар.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Да се изгласа развојната програма на општината чиј дел ќе биде и ова прашање Раководител на сектор за образование.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Се очекува прашањето да биде приоритет и во 2023 година Раководител на сектор на образование.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е стопиран бидејќи сеуште не е започнат со реализација Раководител на сектор за образование.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Се очекува да се изгласа развојната програма на општината кеде ќе биде вклучено и ова прашање Раководител на сектор за образование.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема јавни информации за оваа активност Раководител на сектор за образование.
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Не До сега нема поднесени барања за информации од јавен карактер по ова прашање Раководител на сектор за образование.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Заинтересираните страни можат да добијат информации за проектот од надлежни лица од општината преку телефонски разговори и преку директни средби. Раководител на сектор за образование.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Не Овој месец не биле споделувани информации на неформален начин Раководител на сектор за образование.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Граѓаните се вклучени во одлуките поврзани со прашањето кое се мониторира преку отворени денови на општината. Директор на СЕОУ Гостивар.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема поднесено формална и неформална иницијатива. Раководител на сектор за образование.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Раководител на сектор за образование.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Се одржуваат јавни собири по однос на мониторираното прашање Раководител на сектор за образование.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Нема таква опција. Мобилизатори
      4.3 Отворени денови на општината Да Општинаѕа организира отворени денови на општината кои претходно јавно ги најавува Раководител на сектор за образование.
      4.4 Граѓански иницијативи Не До овој момент нема поднесено граѓанска иницијатива по ова прашање Раководител на сектор за образование