Спортска сала во ОСЕУ ГОСТИВАР

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот до кој е завршена реконструкцијата на спортската сала во општинското средно економско училиште (ОСЕУ) во Гостивар. Ова беше дел од изборната програма и предвидени се активности за реконструкција во општинската програма за развој за 2022-2023 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средби со локалната самоуправа и директорот на ОСЕУ Гостивар; работилница со засегнатите страни; изјави и информирање на јавноста преку локалните телевизии и социјалните медиуми.

Темата на локалниот мониторинг е реконструкцијата на спортската сала во СЕОУ „Гостивар“ од Гостивар.

Имплементатор
Здружение на граѓани ИНТЕГРАЦИЈА НА РОМИТЕ - Гостивар
Локација
Гостивар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Се чека одобрување од Министерство за наука и образование Раководител на сектор за образование.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Сеуште не е распишан повик за јавни набавки Раководител на сектор за образование
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Општината нема одржано средби но организацијата Интеграција на Ромите која го мониторира прашањето има одржано работилница со сите засегнати страни на 20.02 на кој присуствуваа граѓани, НВОа, претставници од општината и од СЕОУ Гостивар https://mcms.mk/mk/vesti-i-javnost/vesti/2460-srednoshkolcite-pobaraa-itna-rekonstrukcija-na-sportskata-sala-na-seou-gostivar.html
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подготвен е план за реализација и испратен до Министерство за образование и наука за одобрување Раководител на сектор за образование.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Потребно е претходно да се добие одобрување од МОН Раководител на сектор за образование
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Потребно е претходно да се добие одобрување од МОН Раководител на сектор за образование.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Изготвен е план за реализација и испратен до МОН за одобрување Раководител на сектор за образование.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Дел од средствата ќе покрие владата (МОН) и дел ќе покрие општината. Општината има издвоено буџет од 5.000.000 денари за реконструкција на салата Раководител на сектор за образование https://mcms.mk/mk/vesti-i-javnost/vesti/2460-srednoshkolcite-pobaraa-itna-rekonstrukcija-na-sportskata-sala-na-seou-gostivar.html
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Изгласување на одлуката за реализација на ветувањето во влада и објавување тендер за реконструкција. Раководител на сектор за образование.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет на општината. Раководител на сектор за образование.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Раководител на сектор за образование
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација од страна на општината, се чекаат одобрувања од МОН и гласање на Влада Раководител на сектор за образование, директор на СЕОУ Гостивар.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема јавно достапни информации за статусот на мониторираното изборно ветување
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Раководител на сектор за образование.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информации за статусот се споделуваат преку формални и неформални средби и телефонски разговори. Раководител на сектор за образование.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои пракса на неформално споделување на информации. Во месец март одржани се 2 неформални средби со општината по однос на прашањето Раководител на сектор за образование.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општината ги има вклучено сите засегнати страни во донесување на одлуките Раководител на сектор за образование.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Не, бидејќи оваа мерка е приоритет на општината. Раководител на сектор за образование
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Раководител на сектор за образование.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Нема одржани јавни настани по ова прашање во месец март од страна на општината Раководител на сектор за образование.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постои можност за електронско учество Раководител на сектор за образование
      4.3 Отворени денови на општината Да Повремено се организраат отворени денови на општината со однапред закажан термин Раководител на сектор за образование.
      4.4 Граѓански иницијативи Не До овој момент нема поднесено граѓанска иницијатива по ова прашање Раководител на сектор за образование