Спортска сала во ОСЕУ ГОСТИВАР

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот до кој е завршена реконструкцијата на спортската сала во општинското средно економско училиште (ОСЕУ) во Гостивар. Ова беше дел од изборната програма и предвидени се активности за реконструкција во општинската програма за развој за 2022-2023 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средби со локалната самоуправа и директорот на ОСЕУ Гостивар; работилница со засегнатите страни; изјави и информирање на јавноста преку локалните телевизии и социјалните медиуми.

Темата на локалниот мониторинг е реконструкцијата на спортската сала во СЕОУ „Гостивар“ од Гостивар.

Имплементатор
Здружение на граѓани ИНТЕГРАЦИЈА НА РОМИТЕ - Гостивар
Локација
Гостивар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Се чека изгласување на планот за реализација во Влада. Раководител на сектор за образование.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Прво треба да биде изгласан планот за реализација во Влада Раководител на сектор за образование.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Направени се телефонски разговори со надлежни лица во МОН Раководител на сектор за образование.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подготвен и испратен во МОН. Раководител на сектор за образование.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Сеуште нема зелено светло од МОН за започнување на активности Раководител на сектор за образование.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Се очекува одобрување на планот за реализација во МОН. Раководител на сектор за образование.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Проектот е вклучен во новата развојна програма на општина Гостивар, други резултати нема, се очекуваат одобрувања од централната власт Раководител на сектор за образование.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Општината е спремна да учествува со дел од средства за реконструкција на спортската сала на СЕОУ Гостивар. Раководител на сектор за образование.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Раководител на сектор за образование
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е приоритет за оваа година на општина Гостивар. Раководител на сектор за образование.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Нема пречки затоа што не е ни започнато со реализација. Раководител на сектор за образование.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација, проектот сеуште не е започнат Раководител на сектор за образование.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема јавно достапни информации за статусот на мониторираното изборно ветување Веб страна на општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Раководител на сектор за образование.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Сите заинтересирани страни можат да поднесат барање за средба и да добијат информации кои ги интересираат Раководител на сектор за образование.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Раководител на сектор за образование.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Вклучена е целната група. Раководител на сектор за образование.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Нема таква иницијатива. Раководител на сектор за образование.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Граѓаните не учествуваат во реализацијата на тој начин Раководител на сектор за образование.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Освен контакт формата на веб страната на општината, други можности за електронско учество нема https://www.prilep.gov.mk/kontakt/
      4.3 Отворени денови на општината Да Повремено се организраат отворени денови на општината со однапред закажан термин Раководител на сектор за образование.
      4.4 Граѓански иницијативи Не До овој момент нема поднесено граѓанска иницијатива по ова прашање Раководител на сектор за образование.