Спортска сала во ОСЕУ ГОСТИВАР

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот до кој е завршена реконструкцијата на спортската сала во општинското средно економско училиште (ОСЕУ) во Гостивар. Ова беше дел од изборната програма и предвидени се активности за реконструкција во општинската програма за развој за 2022-2023 година. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: средби со локалната самоуправа и директорот на ОСЕУ Гостивар; работилница со засегнатите страни; изјави и информирање на јавноста преку локалните телевизии и социјалните медиуми.

Темата на локалниот мониторинг е реконструкцијата на спортската сала во СЕОУ „Гостивар“ од Гостивар.

Имплементатор
Здружение на граѓани ИНТЕГРАЦИЈА НА РОМИТЕ - Гостивар
Локација
Гостивар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Не Предвидена е реализација во текот на 2023 година. Раководител на сектор за образование и инспектор за образование
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Сеуште не се спроведува процес на набавки бидејќи се чека потврда за ослободување од данок од СЕП. Раководител на сектор за образование
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Средба со засегнати страни е предвидена во месец Декември 2022. План за реализација на активности
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Постои подговен план. Раководител на сектор за образование
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Раководител на сектор за образование
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Не Раководител на сектор за образование
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Не се отпочнати конкретни активности.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Нема информации
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Н/П Нема информации
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е приоритет во текот на 2023 година. Раководител на сектор за образование и инспектор за образование.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Раководител на сектор за образование
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Развојна програма на општина Гостивар. стр.43 точка 8 во делот на Висококвалитетно образование. http://gostivari.gov.mk/wp-content/uploads/2022/01/Buletini-Zyrtar-NR.11.pdf
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Н/П Нема информации во тековниот месец.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Раководител на сектор за образование и инспектор за образовани при општина Гостивар.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Н/П Нема информации
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Консултирани се засегнатите страни Раководител на сектор за образование и инспектор за образование.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Проблемот е презентиран од страна на одборот на СЕУО Гостивар. Раководител на сектор за образование.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Предвидени се средства од буџетот Раководител на сектор за образование.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Инспектор за образование.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Н/П Нема информации.
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината два пати годишно има отворени денови на општината каде граѓаните или формални здруженија поднесуваат иницијативи и ги кажуваат потребите и проблемите на заедницата Инспектор за образование
      4.4 Граѓански иницијативи Да Проблемот е презентиран од страна на засегнатите страни. Инспектор за образование.