Битола – Вело град

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за реконструкција и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки. Пешачките и велосипедски патеки се од исклучително значење за општина како што е Битола. Постојат голем број на луѓе кои секојдневно сакаат да рекреираат или да пешачат низ градот, но голем дел од нив велосипедите или пешачењето го користат и за да стигнат до одредена дестинација (работа, училиште исл.) Со овозможување на посебни пешачки и велосипедски зони низ градот, жителите на Битола ќе се здобијат со голем број на здравствени но и еколошки придобивки. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Спонзорирани постови на социјално мрежи, соопштенија до медиуми, инфо сесии.

Имплементатор
Младинска Асоцијација ИМКА - Битола
Локација
Битола
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да На седница на Совет на Општина Битола на 31.05.2023 изгласано е ажурирање на програмата за економски развој со два нови проекти (изработка на документација) од кои едниот е проектот за реконструкција на тротоари на кои ќе се прават велосипедски патеки. https://tera.mk/%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Периодов се очекува ребаланс на буџетот со кој ќе се алоцираат средства за проектот. Состанок со Секретарот на Општината.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Во месец јуни нема нови состаноци, но претходно се одржуваа состаноци. Секретар на општината
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Се работи за две улици од особено значење. Градежниот проект за улица Генерал Васко Карангелевски е завршен и се работи на финализирање на градежниот проект за улица Партизанска. Изјава на Директорката на ЈП за урбанистичко планирање на јавната инфо сесија.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Откако ќе заврши градежниот проект за Партизанска по што следи изведбен проект со кој треба да се утврди број на привремени објекти кои ќе треба да се дислоцираат, број на дрвја кои ќе треба да се остранат и сл. по што ќе следи и презентација во Советот. Изјава на Раководителот на Локален Економски развој на јавната инфо сесија. https://www.youtube.com/watch?v=WM8sJpd0I9A&ab_channel=%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Планот штотуку се усвои со ново ажурирање за проектот. Сега се работи на градежниот проект. Изјава на Директорката на ЈП за урбанистичко планирање на јавната инфо сесија.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Доколку се оди според планот првите резултати на терен би требало да се видат при крајот на годинешнава градежна сезона Изјава на Секретарот на Општината на јавната инфо сесија.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Не се алоцирани средства за проектот во тековната година. Се очекува средствата да бидат алоцирани со следниот ребаланс на буџетот кој е планиран за една од наредните седници. Изјава на Секретарот на Општината на јавната инфо сесија.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Завршување на градежниот проект. Завршување на изведбен проект. Алоцирани средства во буџетот. Состаноци со претставници од Општината.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот останува приоритет. Едногласно усвоени измени на последната седница на Комисијата за локален економски развој https://tera.mk/%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%81%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81%d0%bd%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8-%d1%81%d0%bf%d0%be%d1%80%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82/
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П (AL) / (AL) /
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот повеќе не е во стагнација. (AL) /
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да На јутуб каналот на Општината има видеа од сите седници на комисиите и на Советот. ИСто така информации с еобјавуваат и на ФБ профилот на општината. https://www.youtube.com/watch?v=WM8sJpd0I9A&ab_channel=%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да ИМКА како организација монитор на ветувањето има поднесено барање за информација од јавен карактер на кое е навремено одговорено во месец април https://www.bitola.gov.mk/bar_res_spijk_23/
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Од страна на ИМКА како организација монитор беше одржана панел дискуија на која беа присутни и претставници од општината, советот и професори на кои беа споделени информации на темата https://www.youtube.com/watch?v=JPS8igyRHgE&ab_channel=TeraTV
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Јавните функционери се присутни на разни настани и отворени за краток разговор и блиц прашања. Исто така седниците на Советот се од отворен тип и таму може да се сретнат релевантни личности и да се разговара со нив на паузите. ИМКА
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Граѓаните се вклучени во одлуките преку претставници на граѓанската иницијатива Битола на Точак кои беа поканети и присуствуваа на Комисија во Советот при презентација на проектот. https://apla.mk/denes/item/12818-velosipedskite-pateki-ne-pominaa-na-sovet
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Во минатотот имало поднесено иницијативи поврзани со изборното ветување Секретар на Општината
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Преку иницијативата Битола на Точак која постои веќе 9 години и преку која е вложен многу волонтерски труд, време и енергија, како и материјални ресурси. https://www.facebook.com/BitolaNaTocak
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец јуни нема нови настани. ИМКА
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Постои можност за електронска комуникација и веб апликација М заедница. https://mzaednica.mk/
      4.3 Отворени денови на општината Да Пракса е на секои 3 месеци, а по потреба и почесто да има отворени денови во Општина Битола, но во периодот на мониторинг немаше одржано ниту еден отворен ден https://www.bitola.gov.mk/otvoren_den_1121/
      4.4 Граѓански иницијативи Да Граѓанската иницијатива Битола на Точак која постои веќе 9 години и активно се залага за темата. Исто така беше реализирана и анекта поврзана со изборното ветување преку која граѓаните се вклучија с свои предлози и мислења. https://www.facebook.com/BitolaNaTocak