Битола – Вело град

Со оваа иницијатива ќе се мониторира изборното ветување за реконструкција и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки. Пешачките и велосипедски патеки се од исклучително значење за општина како што е Битола. Постојат голем број на луѓе кои секојдневно сакаат да рекреираат или да пешачат низ градот, но голем дел од нив велосипедите или пешачењето го користат и за да стигнат до одредена дестинација (работа, училиште исл.) Со овозможување на посебни пешачки и велосипедски зони низ градот, жителите на Битола ќе се здобијат со голем број на здравствени но и еколошки придобивки. Добиените резултати од мониторингот ќе се дисеминираат до јавноста преку: Спонзорирани постови на социјално мрежи, соопштенија до медиуми, инфо сесии.

Имплементатор
Младинска Асоцијација ИМКА - Битола
Локација
Битола
Буџет
172000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Во декември 2022 година, за наредната 2023 година е предвидена реазлизација на велосипедски патеки согласно изјавата на градоначалникот. Изјавата постои на веб страната на Општина Битола. https://www.bitola.gov.mk/со-велосипедските-патеки-од-идната-го/ https://www.bitola.gov.mk/подобрување-на-инфраструктурата-на-40-у/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Овој тип на инфомација не е пронајден од деск истражувањето. Се очекува да се добие одговор со барање за информација од јавен карактер или средба со компетентен преставник. /
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Н/П По однос на ова прашање не се пронајдени информации од деск истражувањето. /
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да https://www.bitola.gov.mk/со-велосипедските-патеки-од-идната-го/ https://www.bitola.gov.mk/подобрување-на-инфраструктурата-на-40-у/
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Започнат е процес на отстранување на времени објекти што е предуслов за почеток со реализација. Видливо на терен
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Нема активности според деск истражување. Само изјави кои до сега се повторуваат https://www.bitola.gov.mk/подобрување-на-инфраструктурата-на-40-у/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Првични резултати се видливи според тоа што се отстрануваат одредени објекти каде што треба да има велосипедски патеки. /
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не (EN) Initial results are visible in that certain objects where there should be bicycle paths are being removed. Обраќање на градоначалникот по повод предлог буџетот за 2023 https://www.bitola.gov.mk/%D0%BF%D0%BE%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BA%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-40-%D1%83/ https://www.bitola.gov.mk/budzet-2023-god/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да - Фаза на подготовка на градежен проект - Новата програма на одделението за економски развој за 2023 година, предвидува изработка на проектна документација https://www.bitola.gov.mk/подобрување-на-инфраструктурата-на-40-у/
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Ветување се'уште е приоритет. https://www.bitola.gov.mk/со-велосипедските-патеки-од-идната-го/ https://www.bitola.gov.mk/подобрување-на-инфраструктурата-на-40-у/
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран https://www.bitola.gov.mk/со-велосипедските-патеки-од-идната-го/
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Проектот не е во стагнација https://www.bitola.gov.mk/со-велосипедските-патеки-од-идната-го/
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Од програмата: - Точка 7 (комплетно нова велосипедска инфраструктура - Поврзување со месноста Смолево со пешачка и велосипедска патека - велосипедски патеки и вело - премини) и рекреативна велосипедска патека во паркот Веб страна на општината https://www.bitola.gov.mk/ https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2022/04/Битола-програма-локални-2021.pdf
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статусот на извборното верување моѓат да се добијат преку барање за информација од јавен карактер, но до сега немало барања по ова прашање Лице за информации од јавен карактер на Општина Битола.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Вакви информации се добиени преку изјави за јавноста, кои можат да се пронајдат на веб страната на Општина Битола. https://www.bitola.gov.mk/со-велосипедските-патеки-од-идната-го/
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Од разговори со граѓаните е добиена е информација дека општината има пракса на неформално споделување на информации. Граѓани
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Согласно пребарувањата на веб страните и социјалните медиуми не е пронајдена ваква информација. /
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Согласно пребарувањата на веб страните и социјалните медиуми не е пронајдена ваква информација. /
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат со ресурс - време. Иницијативата „Битола на точак“ споделува информации, ја таргетира општината, јавно дава предлози и решенија и учествува на јавни собири. https://www.facebook.com/BitolaNaTocak/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да -На јавен настан каде се поканети граѓаните, организации и чинители од Општина Битола се дебатира за буџетот и приоритетите за негово користење. -Иницијативи за локални граѓански приоритети. Од четири иницијативи, три се за инфраструктура. https://www.bitola.gov.mk/граѓаните-ќе-го-креираат-буџетот-на-оп/ https://nvoinfocentar.org.mk/lokalni-gragjanski-prioriteti-za-2023/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да - Електронска пријава на проблем поделена по области - Мобилна апликација М заедница, поделена по области http://www.pp.e-uslugi.mk/bt/prijavi.php https://bitolanews.mk/2022/05/18/преку-апликацијата-мзаедница-ќе-м/
      4.3 Отворени денови на општината Да Отворени денови на општината е предвидено да се одржуваат на секои три месеци. Доколку има заинтересираност и потреба отворени денови може да има и неколку последователно. https://www.bitola.gov.mk/отворен-ден-на-градоначалникот-тони-к/ https://www.bitola.gov.mk/градоначалникот-коњановски-и-раково/ https://www.bitola.gov.mk/втор-отворен-ден-на-градоначалникот-з/ https://www.bitola.gov.mk/отворен-ден-на-градоначалникот-на-опш/ https://www.bitola.gov.mk/во-петок-отворен-ден-на-градоначалник/
      4.4 Граѓански иницијативи Да Битола на точак - предлози, решенија, јавни настапи. https://www.facebook.com/BitolaNaTocak/