Зелена мапа за зелена заедница

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на имплементација на општинската Програма за заштита на животната средина, вклучувајќи и развој на нови зелени површини, управување со отпад и изградба на велосипедски патеки. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: дизајн на дигитална апликација за мапирање и означување на дрвјата во Велес и нови локации за садење дрвја; три јавни настани со локални и национални власти и засегнати страни, невладини организации и граѓани; дизајн на веб-страница за промоција на резултатите од мониторингот; организација на конкурс за доделување награди за млади и слично.

Темата на локалниот мониторинг се активностите за заштита на животната средина предвидени со програмата на општината.

Имплементатор
Фондација ИМПАКТ Нет – лидери во мисија за мир, слобода и просперитет Велес
Локација
Велес
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Донесена е програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2023 година. https://veles.gov.mk/programi/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Изработка на Елаборати за заштита на животната средина. https://veles.gov.mk/oglasi/ Датум на објава: 27.03.2023
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се одржани никакви состаноци во месец март. Веб страна на општината: https://veles.gov.mk
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Има план за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина. https://veles.gov.mk/downloads/2023/januari/ProgramaZastitaZS2023.pdf
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите предуслови се исполнети https://veles.gov.mk/downloads/2023/januari/ProgramaZastitaZS2023.pdf
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Засадени се нови зелени садници https://veles.gov.mk/novi-zeleni-sadnici/
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Во централното градско подрачје се поставени нови садници https://www.facebook.com/kolevmarko/posts/pfbid02Z4Y4CpWeCAW7JD7wesamrgUd1zwX8dWY2wtALxQsidmDRZeBCss9M73ijneL4jiul
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Намален буџет за заштита на животната средина во однос на нацрт програмата. Kоординатор на советничка група
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат средства во буџетот на општината. Kоординатор на советничка група
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот за заштита на животната средина е приоритет во општина Велес. Во овој период се спроведуваат доста активности со засадување нови садници. Kоординатор на советничка група
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран Kоординатор на советничка група
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Недостаток на средства за целосна реализација на проектот Kоординатор на советничка група
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Веб страна на општината (https://veles.gov.mk/)
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Веб страна на општината https://veles.gov.mk/sloboden-pristap-do-informacii-2
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со барање за разговор Веб страна на општината https://veles.gov.mk/sloboden-pristap-do-informacii-2
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои пракса за неформално разменување на информации и активности кои тековно се одвиваат. https://www.facebook.com/kolevmarko
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Jавен повик за јавна расправа за нацрт буџет за 2023. https://veles.gov.mk/javna-rasprava-budjet-2023/
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено иницијатива за учество во одлуките по ова прашање. Координатор на советничка група
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Првиот ден на пролетта со еко-акција. Претставници од Младински центар, Локален младински совет, ученици и граѓани. https://www.facebook.com/kolevmarko/posts/pfbid02ideizyq56VQefhvqJgtnUWhsr9ppuoaj67mQQXnMBNMQW623Y37bcpWuL1zQ4HDSl
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец март нема одржани јавни настани по ова прашање Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Постои можност за добивање информации преку електронски обрасци.. https://veles.gov.mk/downloads/website2019/obrazec-za-baranje-za-pristap-do-informacii-od-javen-karakter.pdf
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има пракса на организирање на отворени денови на општината. Но нема информација дали ова прашање било покренато за месец март. Координатор на советничка група
      4.4 Граѓански иницијативи Да Засадени садници преку акцијата „Боренка“. https://www.radiomof.mk/galerija-okolu-1-000-sadnici-zasadeni-preku-akcijata-borenka/