Зелена мапа за зелена заедница

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на имплементација на општинската Програма за заштита на животната средина, вклучувајќи и развој на нови зелени површини, управување со отпад и изградба на велосипедски патеки. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: дизајн на дигитална апликација за мапирање и означување на дрвјата во Велес и нови локации за садење дрвја; три јавни настани со локални и национални власти и засегнати страни, невладини организации и граѓани; дизајн на веб-страница за промоција на резултатите од мониторингот; организација на конкурс за доделување награди за млади и слично.

Темата на локалниот мониторинг се активностите за заштита на животната средина предвидени со програмата на општината.

Имплементатор
Фондација ИМПАКТ Нет – лидери во мисија за мир, слобода и просперитет Велес
Локација
Велес
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Донесена е програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2023 година. https://veles.gov.mk/programi/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Да Набавка за урбанистички проект и основен проект за изградба на велосипедска патека до Бабуна. https://veles.gov.mk/planirani-nabavki/
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Општината нема одржано средби за изборното ветување во месец април Веб страна на општината: https://veles.gov.mk
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Подготвен е план за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина. https://veles.gov.mk/downloads/2023/januari/ProgramaZastitaZS2023.pdf
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите предуслови се исполнети. https://veles.gov.mk/downloads/2023/januari/ProgramaZastitaZS2023.pdf
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Како дел од планот на активности општината реализираше, дигитализација на барање за субвенции на велосипед. https://www.facebook.com/opshtinaveles/posts/pfbid028Mw97ACuk34Nzzj8arytGZNQFENKqrs1ZxHeSQzafZdKwrprdAim6kizM1BWqoool
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Засадени 2.000 багремови садници кај опожарената површина на езеро Младост https://www.facebook.com/kolevmarko/posts/pfbid0Jud16m1rp9FkKu2ZB2ZbU1iGEMwHgLWmj5ih1zzroAK3wtjzTo9SyhXE6Apij4Gxl
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Намален буџет за заштита на животната средина во однос на нацрт програмата. Kоординатор на советничка група
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат средства во буџетот на општината. Kоординатор на советничка група
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Во овој период се спроведуваат поголем број на активности во однос на животната средина. Kоординатор на советничка група
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Нема стопирано програма во областа на заштитата на животната средина. Kоординатор на советничка група
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Во овој период нема стагнации во однос на заштитата на животната средина. Kоординатор на советничка група
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Информации за статусот на проектот споделува градоначалникот на својот ФБ профил https://www.facebook.com/kolevmarko/posts/pfbid0Jud16m1rp9FkKu2ZB2ZbU1iGEMwHgLWmj5ih1zzroAK3wtjzTo9SyhXE6Apij4Gxl
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со барање за информации од јавен карактер. Веб страна на општината: https://veles.gov.mk/sloboden-pristap-do-informacii-2
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината споделува информации за статусот на изборното ветување со сите заинтересирани страни со официјално барање за разговор Координатор на советничка група
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Постои пракса за неформално разменување на информации и активности кои тековно се одвиваат преку ФБ профилот на градоначалникот https://www.facebook.com/kolevmarko
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Jавен повик за јавна расправа за нацрт буџет за 2023. https://veles.gov.mk/javna-rasprava-budjet-2023/
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено иницијатива за учество во одлуките по ова прашање. Координатор на советничка група.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат со свое доброволно работно ангажирање за пошумување. https://www.facebook.com/AkcijashVeteraniVeles/posts/pfbid029W7gXDDSB7LEEZ8EG6sjKHNhjhLrCigG2WTjWWg16MEmRak3ShWkdTHRYXH4nqwul
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец април нема одржани јавни настани по ова прашање. Граѓани
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Постои можност за добивање информации преку електронски обрасци. https://veles.gov.mk/downloads/website2019/obrazec-za-baranje-za-pristap-do-informacii-od-javen-karakter.pdf
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има пракса на организирање на отворени денови на општината. Но нема информација дали ова прашање било покренато за месец април. Координатор на советничка група
      4.4 Граѓански иницијативи Да Засадување садници за денот на планетата Земја, 22 април. https://vecer.mk/ekonomija/zazelenuvanje-okolu-halkbank/