Справување со комуналниот отпад и подигање на свеста кај граѓаните на Тетово

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на реализацијата на изборното ветување поврзано со „Подобрено собирање на цврст отпад во општина Тетово“. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски посети на населби и локации со препознатлива нечиста животна средина; јавни дебати со засегнати чинители и носители на одлуки; дисеминација на информации и подигнување на свеста преку социјалните мрежи како што се Фејсбук и Инстаграм, итн.

Темата на локалниот мониторинг е начинот на управување со отпадот и неговата селекција во Тетово.

Имплементатор
Здружение за култура, уметност, образование, спорт, медиуми и издавачка дејност, АЛБАНИКА ЕТ Тетово
Локација
Тетово
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да На средбата на мобилизаторите на организацијата „Албаника ЕТ“ со градоначалникот, раководителот на општинскиот инспекторат и директорот на JКП - Тетово, се потврди решението за почнување со реализација на прашањето. Градоначалник
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведуваат јавните набавки поради блокираната сметка на општина Тетово. Раководител на сектор за финансии
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Градоначалник
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Градоначалникот на општина Тетово и директорот на ЈКП Тетово подготвија акциски план со општинскиот инспекторат за спречување и отстранување на дивите депонии. Градоначалник
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Раководителот на општинскиот инспекторат организира дежурства во најзагадените зони (зони во кои најмногу се фрла ѓубре) и одлучено е општинските редари да имаат дежурства во сабота и недела. Раководител на општински инспекторат, раководител на единица на општинскиот инспекторат за животна средина.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да По пријавувањето од страна на мобилизаторите, општината постапува по пријавените случаи. Градоначалникот на општината, директорот на ЈКП Тетово.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Општинскиот инспекторат изрече казни во текот на месеците ноември и декември, чии податоци беа објавени на Фејсбук страницата „Мобилизирај, информирај, пријави – Тетово“ и постапувал на местата каде што биле пријавени дивите депонии и нелегални загадувачи. Раководителот на единицата на општинскиот инспекторат за животна средина. https://www.facebook.com/profile.php?id=100088588332075
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Има недостаток на средства во буџетот поради акумулираниот долг на општината како институција, и долгот на ЈКП Тетово (не е ликвиден). Раководител на одделението за финансии во ЈКП Тетово.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Во општинскиот буџет недостигаат средства поради блокирана сметка. Раководител на одделението за финансии во ЈКП Тетово, раководител на буџетска единица.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Градоначалникот е заинтересиран за реализацијата на овој проект Градоначалникот
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот продолжува да се реализира според предвидениот планот. Здружение „Албаника Е.Т.“, Градоначалникот
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот продолжува да се реализира според предвидениот планот. Здружение „Албаника Е.Т.“, Градоначалникот
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема споделени информации за статусот на проектот на веб страната на општината Раководителот на информативното биро на градоначалникот https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=2
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации во врска со статусот на проектот може да се добијат преку доставување на барање за информации од јавен карактер. Раководителот на информативното биро на градоначалникот
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Раководителот на општинскиот инспекторат.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите одржуваат редовни неформални контакти со општината, раководителот на одделението за финансии, раководителот на инспекторатот и директорот на ЈКП. Мобилизатори, координаторот и раководителот на проектот.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општина Тетово има организирано отворени денови со граѓаните секој последен петок од секој месец, на кои меѓу другото, граѓаните го пријавувале создавањето на дивите депонии, Градоначалник
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Ставот на Градоначлникот и раководните лица од општината по ова прашање е дека поради големиот долг на општина Тетово и материјалните и финансиските неможности, граѓаните се свесни дека општината не може да ги поддржи граѓанските иницијативи. Градоначалникот, раководителот на одделението за финансии, раководителот на одделението за јавна дејност и раководителот на одделението за општинска дејност.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните организираа различни иницијативи преку локалните заедници од различни места во регионот на општината Тетово каде придонесоа и иселениците. Граѓаните и здружението Албаника Е.Т.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Здружението „Албаника ЕТ“ во текот на месец март планира јавна дебата со граѓани, невладини организации и претставници на ЈКП Тетово, општинскиот инспекторат и градоначалникот. Здружението Албаника Е.Т.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На официјалната веб-страница на општината има посебен дел „е-извештај“ каде граѓаните можат да пријавуваат проблем. Веб-страница на општината, пријави проблем https://tetova.gov.mk/ereport/ информирациски раководител - кабинет на градоначалникот
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има отворени денови секој последен петок на секој месец на кои се дискутирало и за ова прашање. Градоначалник
      4.4 Граѓански иницијативи Не Градоначалник, одделение за јавни дејности, раководител на одделението финансии и раководител на единицата за буџет.