Справување со комуналниот отпад и подигање на свеста кај граѓаните на Тетово

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на реализацијата на изборното ветување поврзано со „Подобрено собирање на цврст отпад во општина Тетово“. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски посети на населби и локации со препознатлива нечиста животна средина; јавни дебати со засегнати чинители и носители на одлуки; дисеминација на информации и подигнување на свеста преку социјалните мрежи како што се Фејсбук и Инстаграм, итн.

Темата на локалниот мониторинг е начинот на управување со отпадот и неговата селекција во Тетово.

Имплементатор
Здружение за култура, уметност, образование, спорт, медиуми и издавачка дејност, АЛБАНИКА ЕТ Тетово
Локација
Тетово
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да На средбата на мобилизаторите од организацијата Албаника со градоначалникот на општината, раководителот на општински инспекторат и директор на ЈКП - Тетово, беше потврдена одлуката за почеток со реализација на прашањето кое се мониторира. Градоначалник
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Не се спроведуваат јавни набавки Раководител на сектор за финансии
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Градоначалник
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Градоначалник
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Градоначалникот на општина Тетово ги става на располагање ЈКП - Тетово и комуналниот инспекторат. Градоначалник на општина, Раководител на општински инспекторат и Директор на ЈКП - Тетово, Тетово.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да По пријавите на мобилизаторите, општината постапи по пријавените случаи. Мобилизатори, Раководител на сектор за комунална хигиена и одржување на јавна чистота
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Општинскиот инспекторат постапуваше на местата каде што беа пријавени диви депонии и диви загадувачи. Советник/инспектор за животна средина, независен рефернет, комунален редар.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Во буџетот недостигаат средства поради наталожениот долг на општината како институција како и долгот на ЈКП Тетово (не е ликвиден). Раководител на сектор за финасии во ЈКП Тетово
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Има недостаток на средства во буџетот на општината. Раководител на сектор за финансии во ЈКП Тетово, Раководител на одделение за буџет.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Градоначалникот е заинтересиран овој проект да се реализира. Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот продолжува со реализација Здружение ,,Албаника ЕТ“, Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Проектот продолжува со реализација Здружение ,,Албаника ЕТ“, Градоначалник
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Раководител за информации - канцеларија на градоначалник.
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Информации за статусот на проектот може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Раководител за информации - канцеларија на градоначалник.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Раководител на комунален инспекторат
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите одржуваат редовен неформален контакт со општината, раководителот на секторот за финансии, раководителот на инспекторатот и директорот на ЈКП. Мобилизатори
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Општина Тетово организира јавни дебати со граѓаните, на кои меѓу другото се дебатира и на темата за загадување на животната средина од неодговорни загадувачи, како и нивно пријавување до општинскиот инспекторат. Градоначалник, Раководител на комунален инспекторат
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Поради големиот долг на општина Тетово и материјалната и финансиската неможност, граѓаните се свесни дека општината не може да ги поддржи граѓанските иницијативи. Градоначалник, Раководител на сектор за финасии
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Граѓаните учествуваат со тоа што пријавуваат локални загадувачи Граѓани
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Не се реализирани јавни настани на темата Градоначалник
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да На официјалната веб-страница на општината, има посебен дел каде граѓаните можат да поднесуваат пријави. Веб страна на општината, пријави проблем https://tetova.gov.mk/ereport/ Раководител за информации - канцеларија на градоначалник.
      4.3 Отворени денови на општината Да 3-ти март и секој последен петок од секој месец општината има отворени денови Градоначалник
      4.4 Граѓански иницијативи Не Поради големиот долг на општина Тетово и материјалната и финансиската неможност, граѓаните се свесни дека општината не може да ги поддржи граѓанските иницијативи Градоначалник