Подобрување на транспарентноста преку дебати

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со „Зголемена транспарентност и отчетност на локалната самоуправа преку охрабрување на јавната дебата и вклучување на младите во донесувањето одлуки“. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: онлајн кампања за вршење притисок врз локалните власти; јавни дебати; подигнување на свеста преку видеата што се споделуваат на социјалните и традиционалните (ТВ, радио) медиуми и слично.

Темата на локалниот мониторинг е реосновање на локален младински совет во општина Гостивар.

Имплементатор
Здружение Организирана Асоцијација на Младите
Локација
Гостивар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Од месец ноември 2022 година, започната е реализацијата на ветувањето за создавање на локален младински совет https://gostivari.gov.mk/2022/11/thirrje-per-krijimin-e-keshillit-nismetar/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Проектот нема потреба од јавни набавки
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Се одржа состанок со избраното раководство на младинскиот совет и се донесе одлука за претседателот на младинскиот совет, но се уште не е донесено решение Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Се очекува одлука од општина Гостивар која што најверојатно ќе биде објавена во првите недели од месец април заедно со објавување на избраното раководство на младинскиот совет. Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Општина Гостивар ја продолжува соработката со локалните младински организации во градот, каде што заедно организираа и информативна сесија пред студентите и младите. Во месец март нема конкретни нови активности https://www.facebook.com/YCCGostivar/posts/pfbid0Ah6y7P5Ly7iFQD1iXPfB34fcnQhS6erBwThpjZRx2MVMA8tQuJDF3ESg1HdbWbD7l
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Забележлив е напредок, работите се движат во правилна насока, добро се следат сите процедури за формирање на младинскиот совет врз основа на законот за младинско учество и младински политики. https://gostivari.gov.mk/2023/01/thirrje-publike-per-keshillin-rinor-lokal/ https://gostivari.gov.mk/2022/11/thirrje-per-krijimin-e-keshillit-nismetar/ https://gostivari.gov.mk/2023/01/mbahet-seanca-konstituive-e-kuvendit-lokal-te-te-rinjve/ https://gostivari.gov.mk/2022/12/thirrje-publike-per-kuvendin-rinor-lokal/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Врз основа на буџетот за 2023 година, од општиот буџет на општина Гостивар се издвоени 0,1% од средствата, што подразбира околу 1.500.000 денари. https://gostivari.gov.mk/2022/12/komuna-e-gostivarit-prezantoi-propozim-buxhetin-e-vitit-2023-para-qytetareve/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети и проектот е во фаза на реализација Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Проектот останува приоритет и активностите се во завршната фаза Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е стопиран Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација Администратор за младински прашања во општина Гостивар
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Информациите во врска со ова прашање се објавени на веб-страницата на општина Гостивар, исто така и на Фејсбук страницата. https://gostivari.gov.mk/2023/01/thirrje-publike-per-keshillin-rinor-lokal/ https://gostivari.gov.mk/2022/11/thirrje-per-krijimin-e-keshillit-nismetar/ https://gostivari.gov.mk/2023/01/mbahet-seanca-konstituive-e-kuvendit-lokal-te-te-rinjve/ https://gostivari.gov.mk/2022/12/thirrje-publike-per-kuvendin-rinor-lokal/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Општината ја нуди таа можност но организацијата која го мониторира прашањето нема поднесено барање за пристап до информации од јавен карактер, бидејќи општината беше подготвена да ги достави сите информации, со или без барање. Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Сите заинтересирани страни можат да добијат информации за статусот на изборното ветување Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Сите засегнати страни можат неформално да се обратат до вработени во општината за добивање на информации Млади, младински организации
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Да, сега сите млади на возраст од 15-29 години кои се жители на општина Гостивар имаат право да се вклучат во процесот на формирање на младинскиот совет и да станат активни членови. Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено иницјатива за учество во одлуките по ова прашање Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Сите млади на возраст од 15-29 години кои се жители на општина Гостивар имаат право да се вклучат во процесот на формирање на младинскиот совет и да станат активни членови. https://gostivari.gov.mk/2022/12/komuna-e-gostivarit-prezantoi-propozim-buxhetin-e-vitit-2023-para-qytetareve/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Освен информативната сесија (види прашање 1.3) други јавни настани по ова прашање не се одржани Младински организации
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постојат посебно креирани алатки за електронско учество токму за ова прашање, освен контакт формата на веб страната на општината каде можат да се поставуваат секаков вид на прашања во надлежност на општината https://gostivari.gov.mk/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општина Гостивар не организирала отворени денови на општината во месец март https://gostivari.gov.mk/mk/pocetna/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање Младински организации