Подобрување на транспарентноста преку дебати

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување поврзано со „Зголемена транспарентност и отчетност на локалната самоуправа преку охрабрување на јавната дебата и вклучување на младите во донесувањето одлуки“. Клучните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: онлајн кампања за вршење притисок врз локалните власти; јавни дебати; подигнување на свеста преку видеата што се споделуваат на социјалните и традиционалните (ТВ, радио) медиуми и слично.

Темата на локалниот мониторинг е реосновање на локален младински совет во општина Гостивар.

Имплементатор
Здружение Организирана Асоцијација на Младите
Локација
Гостивар
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Од месец ноември 2022 година, започната е реализацијата на ветувањето за создавање на локален младински совет https://gostivari.gov.mk/2022/11/thirrje-per-krijimin-e-keshillit-nismetar/
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Проектот нема потреба од јавни набавки
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во месец април повеќе не се одржуваат информативни состаноци бидејќи локалниот младински совет е веќе формиран Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Донесена е одлука за формирање на локален младински совет со потпис од Градоначалникот на Општина Гостивар. Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Сите предуслови се исполнети и советот е веќе формиран Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Општина Гостивар ја продолжува соработката со локалните младински организации во градот, каде што заедно организираа и информативна сесија пред студентите и младите. Во месец април нема конкретни нови активности https://www.facebook.com/YCCGostivar/posts/pfbid0Ah6y7P5Ly7iFQD1iXPfB34fcnQhS6erBwThpjZRx2MVMA8tQuJDF3ESg1HdbWbD7l
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Забележлив е напредок, работите се движат во правилна насока, добро се следат сите процедури за формирање на младинскиот совет врз основа на законот за младинско учество и младински политики и локалниот младински совет е веќе формиран https://gostivari.gov.mk/2023/01/thirrje-publike-per-keshillin-rinor-lokal/ https://gostivari.gov.mk/2022/11/thirrje-per-krijimin-e-keshillit-nismetar/ https://gostivari.gov.mk/2023/01/mbahet-seanca-konstituive-e-kuvendit-lokal-te-te-rinjve/ https://gostivari.gov.mk/2022/12/thirrje-publike-per-kuvendin-rinor-lokal/
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Врз основа на буџетот за 2023 година, од општиот буџет на општина Гостивар се издвоени 0,1% од средствата, што подразбира околу 1.500.000 денари. https://gostivari.gov.mk/2022/12/komuna-e-gostivarit-prezantoi-propozim-buxhetin-e-vitit-2023-para-qytetareve/
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се исполнети и процесот за формирање на локален младински совет е завршен. Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Ветувањето беше и останува приоритет и советот е веќе формиран Администратор за младински прашања во општина Гостиварt
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П Проектот не е стопиран Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација и советот е веќе формиран Администратор за младински прашања во општина Гостивар
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Информациите во врска со ова прашање се објавени на веб-страницата на општина Гостивар, исто така и на Фејсбук страницата, но во месец април нема нови објави https://gostivari.gov.mk/2023/01/mbahet-seanca-konstituive-e-kuvendit-lokal-te-te-rinjve/ https://gostivari.gov.mk/2022/12/thirrje-publike-per-kuvendin-rinor-lokal/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Општината ја нуди таа можност но организацијата која го мониторира прашањето нема поднесено барање за пристап до информации од јавен карактер, бидејќи општината беше подготвена да ги достави сите информации, со или без барање. Администратор за младински прашања во општина Гостиварt
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Сите заинтересирани страни можат да добијат информации за статусот на изборното ветување Администратор за младински прашања во општина Гостиварrit
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Сите засегнати страни можат неформално да се обратат до вработени во општината за добивање на информации Администратор за младински прашања во општина Гостивар
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Да, сега сите млади на возраст од 15-29 години кои се жители на општина Гостивар имаат право да се вклучат во процесот на формирање на младинскиот совет и да станат активни членови. Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните немаат поднесено иницјатива за учество во одлуките по ова прашање Администратор за младински прашања во општина Гостивар
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Сите млади на возраст од 15-29 години кои се жители на општина Гостивар имаат право да се вклучат во процесот на формирање на младинскиот совет и да станат активни членови. https://gostivari.gov.mk/2022/12/komuna-e-gostivarit-prezantoi-propozim-buxhetin-e-vitit-2023-para-qytetareve/
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец април нема одржани јавни настани по однос на прашањето Младински организации Мобилизатори
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Не постојат посебно креирани алатки за електронско учество токму за ова прашање, освен контакт формата на веб страната на општината каде можат да се поставуваат секаков вид на прашања во надлежност на општината https://gostivari.gov.mk/mk/%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82%d0%b0%d0%ba%d1%82/
      4.3 Отворени денови на општината Не Општина Гостивар нема организирано отворени денови на општината во месец април https://gostivari.gov.mk/mk/pocetna/
      4.4 Граѓански иницијативи Не Нема поднесено граѓански иницијативи по ова прашање Младински организации