Легализирање на градби без градежни дозволи – затворање на историскиот процес или продолжување на бескрајната приказна?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на спроведувањето на постапките за легализација во општината, а истовремено ќе ги мобилизира граѓаните да дадат свој придонес во спречувањето на нелегалното градење. Конкретните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на нелегално изградените објекти во неколку пилот населби во општина Кисела Вода; прибирање податоци за бројот на поднесени барања за легализација, бројот на решени предмети и динамиката на обработка, како и бројот на решенија на градежните инспектори за отстранување на нелегално изградени објекти; активности за подигање на свеста за граѓаните и слично.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општина Кисела Вода за справување со дивоградбите.

Имплементатор
Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДНАКВОСТ, ДОСТОИНСТВО, ЕМПАТИЈА, НАТУРАЛИЗАМ Скопје.
Локација
Кисела Вода, Скопје
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П За конкретниот проект не се носи одлука за почеток на реализација, туку е тековен процес на локалната самоуправа
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Проектот нема потреба од јавни набавки
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Не се одржани никакви информативни состаноци и средби во месец јануари со засегнати страни по ова прашање Веб страна на општина Кисела Вода (https://www.kiselavoda.gov.mk/), Социјални медиуми (https://mk-mk.facebook.com/OpstinaKiselaVoda/
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Н/П Општина Кисела Вода сеуште ја нема објавено својата Годишина програма и буџет, па така нема информации во врска со планот за активности на општината во 2023 година. Во подотовка е барање за да се добие пристап до овие документи од јавен карактер. Недостиг од службениот гласник за 2023 година на https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/dokumentacija/2012-11-08-11-54-39
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П За прашањето не е потребно исполнување на предуслови за почеток.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да На сите 2.505 барања за легализација на дивоградби е одговорено позитивно. Од нив само 887 сопственици го уплатиле побараниот надоместок и добиле решение за легализација. Останатите се уште немаат платено надоместок, така што процесот е се уште во тек. Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да На сите 2.505 барања за легализација на дивоградби е одговорено позитивно. Одговор на барање за пристап до информации од јавен карактер.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Н/П Буџетот на општина Кисела Вода се уште не е јавно достапен. Во подотовка е барање за пристап до информации од јавен карактер за да го добиеме истиот. Не е објавен службениот гласник за 2023 година на https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/dokumentacija/2012-11-08-11-54-39
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Нема предуслови за реализација на проектот
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Н/П Поради недостапност на Годишната програма за 2023г не го знаеме статусот на прашањето. Не е објавен службениот гласник за 2023 година на https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/dokumentacija/2012-11-08-11-54-39
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Не се врши инспекција, истрага или нешто слично во врска со прашањето
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Тековни информации во врска со прашањето не се објавени на веб страната на општината, односно последната информација е повикот за поднесување на барања за легализација до крајот на 2022 година. Веб страна на општина Кисела Вода https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/naslovna/novosti
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите одговор на барањето добиле со мало најавено задоцнување, во извештајниот период беше испратено дополнување, но сепак не ги добиле сите одговори. За дел од прашањата надлежноста е префрлена на Министерство за транспорт и врски Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не На официјалните контакти оставени на веб страната не е добиен одговор и/или телефонските броеви се недостапни. https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/kontakti
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Општината користи канал на неформално споделување на информации преку Вибер група https://invite.viber.com/?g2=AQBKVmsL9JsoXE4QRUFhgKbAe4JFnoVHwWaqANpBRSF2mF1h5kNcug5Bl3ZBhXIU
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Општината нема организирано седница во месец јануари на чиј дневен ред било донесување на одлука по ова прашање со можност за вклучување на граѓаните. Веб страна и социјални медиуми на општина Кисела Вода https://www.kiselavoda.gov.mk/ https://www.facebook.com/OpstinaKiselaVoda/
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Н/П Не се обезбедени информации за тековниот месец, не е добиен одговор на обиди за телефонски контакт. Во тек е подготовка на ново барање за информација од јавен карактер за ова прашање https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/kontakti
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Н/П Не се обезбедени информации за тековниот месец, не е добиен одговор на обиди за телефонски контакт. Во тек е подготовка на ново барање за информација од јавен карактер за ова прашање https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/kontakti
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец јануари не е организиран јавен собир, дебата и/или форум по однос на ова прашање Веб страна и социјални медиуми на општина Кисела Вода https://www.kiselavoda.gov.mk/ https://www.facebook.com/OpstinaKiselaVoda/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Постои механизам за електронско учество во вид на давање на предлози во врска со работата на општината и распределбата на буџетот преку платформата budzet.mk, со селекција на општина Кисела Вода, како и преку веб-страната со отпочнување дискусија https://budzet.mk/ https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/glavnidiskusii
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има пракса на отворен ден - секој ден, со претходно закажан термин за видување на телефонскиот број 02/2785-401 https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2F1OrceGj%2Fposts%2Fpfbid0VzTXpgYhCwq85UEdfec6ict7mpgeoGvMyfZ1MUetoFo458ZZUKGAEzVpZqjJj7cDl&show_text=true&width=500
      4.4 Граѓански иницијативи Н/П Не се обезбедени информации за тековниот месец, не е добиен одговор на обиди за телефонски контакт. Во тек е подготовка на ново барање за информација од јавен карактер за ова прашање https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/kontakti