Легализирање на градби без градежни дозволи – затворање на историскиот процес или продолжување на бескрајната приказна?

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на спроведувањето на постапките за легализација во општината, а истовремено ќе ги мобилизира граѓаните да дадат свој придонес во спречувањето на нелегалното градење. Конкретните активности за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: мапирање на нелегално изградените објекти во неколку пилот населби во општина Кисела Вода; прибирање податоци за бројот на поднесени барања за легализација, бројот на решени предмети и динамиката на обработка, како и бројот на решенија на градежните инспектори за отстранување на нелегално изградени објекти; активности за подигање на свеста за граѓаните и слично.

Темата на локалниот мониторинг се активностите на општина Кисела Вода за справување со дивоградбите.

Имплементатор
Здружение за заштита на животните и животната средина ЕДНАКВОСТ, ДОСТОИНСТВО, ЕМПАТИЈА, НАТУРАЛИЗАМ Скопје.
Локација
Кисела Вода, Скопје
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П За конкретниот проект не се носи одлука за почеток на реализација, туку е тековен процес на локалната самоуправа
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Проектот нема потреба од јавни набавки
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во текот на месец март не се одржани информативни состаноци и средби кои можеме да ги поврземе со изборното ветување Веб страна и социјални медиуми на општина Кисела Вода https://www.kiselavoda.gov.mk/ https://www.facebook.com/OpstinaKiselaVoda/
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Општината работи по донесената програма за урбано планирање на општина Кислеа Вода за 2023 година, каде прашањето е сместено во подпрограма Ф1 урбанистичко планирање за вклопување на бесправно изградените објекти Страна 48 https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Sluzbeni%20Glasnici%202023/Sluzben%20glasnik%20na%20Opstina%20Kisela%20Voda%20br.%201-%202023.pdf
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Н/П За прашањето не е потребно исполнување на предуслови за почеток
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Покрај работењето по подпрограмата поврзана со прашањето, општината активно ги решава предметите поврзани со прашањето Целосен одговор на барање на информација од јавен карактер бр.08-00139сл Подпрограма на страна 48: https://www.kiselavoda.gov.mk/contendata/Broshuri/Sluzbeni%20Glasnici%202023/Sluzben%20glasnik%20na%20Opstina%20Kisela%20Voda%20br.%201-%202023.pdf
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Oд донесувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти до денес, во Општина Кисела Вода се поднесени 14.958 барања за легализација. Од 2019 година до денес примила вкупно 2505 барања, а од 2021 година до денес одговорила позитивно на сите Целосен одговор на барање на информација од јавен карактер доставен на 27.02.2023
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Во донесената програма и подпрограма предвидени се средства за дел од активностите поврзани со прашањето во износ од 12 000 000 денари Страна 48 и 49 https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Sluzbeni%20Glasnici%202023/Sluzben%20glasnik%20na%20Opstina%20Kisela%20Voda%20br.%201-%202023.pdf
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Нема предуслови за реализација на проектот
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Прашањето во врска со бесправно изградени објекти е сместено во програма и подпрограма на општина Кисела Вода за 2023 година Страна 47-49 https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Sluzbeni%20Glasnici%202023/Sluzben%20glasnik%20na%20Opstina%20Kisela%20Voda%20br.%201-%202023.pdf
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Не се врши инспекција, истрага или нешто слично во врска со прашањето
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема стагнација
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Да Информации поврзани во врска со направени средби со заинтересирани странки како и донесувањето на програмите за работа во општината се достапни на веб страната како и профилот на градоначалникот на социјалните мрежи https://www.facebook.com/100052298961760/posts/pfbid02fr6jNSwb4nA7By9WEBwqmTLkKKoMYTCBWF1pFQqwLayMSPL8opHJNsTqF9p1MJLgl/?mibextid=cr93526-2023u03 https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/2-uncategorised/3526-2023
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Мобилизаторите од организацијата Е.Д.Е.Н. добија делумен одговор на барањето испратено на 08.02.2023 година во предвидениот рок, а дополнувањето го добија на почеток од месец март Здружение за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. Целосен одговор на барање на информација од јавен карактер бр.08-00139сл
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Не Поради комплексноста на прашањето информации поврзани со прашањето се споделуваат исклучиво преку одговор на барање за информации од јавен карактер Службено лице за посредување информации од јавен карактер при општина Кисела Вода
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Општината користи канал на неформално споделување на информации преку Вибер група, како и Градоначалникот кој контактира со заинтересирани граѓани преку неформален телефонски разговор https://invite.viber.com/?g2=AQBKVmsL9JsoXE4QRUFhgKbAe4JFnoVHwWaqANpBRSF2mF1h5kNcug5Bl3ZBhXIU https://www.facebook.com/100052298961760/posts/pfbid02MkVMwJyfJ5jUX4fUravuExDQ6ceBNWimdaagn6SSzaPag7ECJuee6F4GKCa1qxgkl/?mibextid=cr9u03
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Општина Кисела Вода само прима барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, односно на никаков начин не ги вклучува граѓаните во донесувањето на одлуките и процесите на легализација и нема план да ги вклучува во иднина Целосен на барање на информација од јавен карактер бр.08-00139сл
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Во општина Кисела Вода не се поднесени граѓански иницијативи за учество во донесување на одлуките поврзани прашањето Целосен на барање на информација од јавен карактер бр.08-00139сл
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Во општина Кисела Вода граѓаните не учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси, освен доколку за придонес се смета механизмот за бесправно градење или лоцирање и пријава на дивоградба. Целосен на барање на информација од јавен карактер бр.08-00139сл
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во месец март не е организиран јавен настан по ова прашање Веб страна и социјални медиуми на општина Кисела Вода https://www.kiselavoda.gov.mk/ https://www.facebook.com/OpstinaKiselaVoda/
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Постои механизам за електронско учество во вид на давање на предлози во врска со работата на општината и распределбата на буџетот преку платформата budzet.mk, со селекција на општина Кисела Вода, како и преку веб-страната со отпочнување дискусија https://budzet.mk/ https://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/glavnidiskusii
      4.3 Отворени денови на општината Да Општината има пракса на отворен ден - секој ден, со претходно закажан термин за видување на телефонскиот број 02/2785-401 https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2F1OrceGj%2Fposts%2Fpfbid0VzTXpgYhCwq85UEdfec6ict7mpgeoGvMyfZ1MUetoFo458ZZUKGAEzVpZqjJj7cDl&show_text=true&width=500 https://www.facebook.com/100052298961760/posts/pfbid02MkVMwJyfJ5jUX4fUravuExDQ6ceBNWimdaagn6SSzaPag7ECJuee6F4GKCa1qxgkl/?mibextid=cr9u03
      4.4 Граѓански иницијативи Не Во општината досега не е примена ниедна граѓанска иницијатива поврзана со прашањето. Целосен на барање на информација од јавен карактер бр.08-00139сл