За исполнети ветувања

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборните ветувања поврзани со донесување на Општинска стратегија за соработка со ГО за 2022-2025 и обезбедување на буџет за нејзина реализација. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: јавна расправа со ГО за важноста на Стратегијата за соработка со ГО за 2022-2025; кампања и притисок врз локалната самоуправа за доделување на средства за проекти од јавен интерес; градење на капацитети за активни ГО во општина Делчево за следење на работењето на локалната самоуправа преку механизам/алатки за „слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Темата на локалниот мониторинг е подготовката и имплементацијата на стратегија за соработка на општината со НВО сектор.

Имплементатор
Невладина организација КХАМ ДЕЛЧЕВО
Локација
Делчево
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Н/П Поради недоволно средства во буџетот за 2023г општината даде согласност на Регионален Центар за Застапување (РЦЗ) да аплицира со проект во МЦМС за подготвување на стратегија за соработка на општината со невладините организации, се чека одговор од МЦМС Советник за односи со јавност
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Нема потреба од јавни набавки за реализација на проектот
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Општината нема одржано средби во месец јануари. КХАМ Делчево организира обуки со невладини организации од Делчево на кои се споделија информации за проектот Секретар на општина Делчево, КХАМ Делчево
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не Поднесена е проектна апликација од страна на РЦЗ до МЦМС за изработка на стратегијата, се чека одговор на проектната апликација Регионален Центар за Застапување
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Како подготвителни активности во проектната апликација се средбите со сите активни НВОи во Делчево со цел информирање за потребата од стратегијата Невладини организации
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Се спроведуваат состаноци со невлдини организации од Делчево Невладини организации
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Се очекува одобрување на проектната апликација за да се започне со реализација
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Да Општината во буџетот за 2023 нема предвидено средства за изработка на стратегијата, за тоа дадена е согласност на РЦЗ да аплицираат со проектна апликација во МЦМС за изработка на стратегијата. Буџет на општина Делчево за 2023 https://www.delcevo.gov.mk/budzet
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Недостигаат средства во буџетот за реализација на проектот, но прашањето ќе се реши со поднесена проектна апликација за изработка на стратегијата од страна на РЦЗ Советник за односи со јавност Регионален центар за Застапување
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Соработката со невладиниот сектор и изработка на стратегија за истата е приоритет за општината, затоа е дадена и согласност на РЦЗ да аплицира со проектна апликација за таа намена https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/6149359255116914/
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Проектот не е стопиран од надворешни фактори
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Нема предвидено средства во буџетот за 2023 за донесување на стратегијата Буџет на општина Делчево за 2023 https://www.delcevo.gov.mk/budzet
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема објави на веб страната на општина Делчево по однос на ова прашање https://www.delcevo.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Поднесени се барања за информации од јавен карактер до општина Делчево и добиен е навремен одговор КХАМ Делчево
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Општината постојано остварува средби поврзани со темата со засегнати страни Советник за односи со јавност
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Мобилизаторите се во постојан неформален контакт со лица од општината кои споделуваат информации за темата Мобилизатори
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Вклучување на граѓаните во одлуките по однос на прашањето се одвива преку проектната апликација на РЦЗ до МЦМС за која општина Делчево даде согласност Регионален Центар за Застапување Делчево
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Како резултат на граѓански иницијативи општината даде согласност на РЦЗ да аплицира со проектна апликација Невладини организации
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Невладини организации во Делчево учествуваат со свои ресурси во реализација на проектот Невладини организации
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Општината нема организирано јавни настани на темата КХАМ Делчево спроведе средби со секретар од кабинетот на градоначалникот на О. Делчево и средби со активни НВОи од Делчево Невладини организации КХАМ Делчево
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Сеуште не постои можност за електронско учество, освен e-mail комуникација која е овозможена со јавно достапните e-mail адреси на поважните контакт лица во општината Веб страна на општина Делчево https://www.delcevo.gov.mk/kontakt
      4.3 Отворени денови на општината Н/П Општината одржува отворени денови, но досега не е покренато прашањето Невладини организации
      4.4 Граѓански иницијативи Да НВО ,,КХАМ“ - Делчево поднесе иницијатива за донесување на стратегијата РЦЗ има поднесено проектна апликација за стекнување на финансии за донесување на стратегијата КХАМ Делчево Регионален Центар за Застапување