За исполнети ветувања

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на степенот на реализација на изборните ветувања поврзани со донесување на Општинска стратегија за соработка со ГО за 2022-2025 и обезбедување на буџет за нејзина реализација. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: јавна расправа со ГО за важноста на Стратегијата за соработка со ГО за 2022-2025; кампања и притисок врз локалната самоуправа за доделување на средства за проекти од јавен интерес; градење на капацитети за активни ГО во општина Делчево за следење на работењето на локалната самоуправа преку механизам/алатки за „слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Темата на локалниот мониторинг е подготовката и имплементацијата на стратегија за соработка на општината со НВО сектор.

Имплементатор
Невладина организација КХАМ ДЕЛЧЕВО
Локација
Делчево
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Отпочнати се активности за подготовка на стратегијата. Одржана е средба со Градоначалникот и издвоени се средства за финансисрање на граѓански организации за 2023. Средба со тимот градоначалникот
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Н/П Нема потреба од јавни набавки за реализација на проектот
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Одржана е средба со активните локални организации кои се согласни да придонесат кон целта Средба со тимот на градоначалникот
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Не На средбата со претставници од тимот на Градоиначалникот дискутирано е за план за реализација кој општината го има во предвид за отпочнување со подготовка на стратегијата Средба со тимот на градоначалникот
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Останува да се избере експерт кој ке работи на подготовка на стратегијата Средба со тимот на градоначалникот
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Одобрени 20 000 евра во буџет на о.Делчево предвидени за финансирање на граѓански организации во 2023 Средба со тимот на градоначалникот
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Да Веќе има одобрено средства во буџетот на општината за финансирање на грагански организации за 2023 Средба со тимот на градоначалникот
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не Веќе има одобрени средства во буџетот за финансирање на граѓански иницијативи како и средства за подготовка на стратегијата Средба со тим на градоначалник и советници
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Не Сите предуслови се задоволени Средба со тим на градоначалник и советници
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот е од голема важност и за о. Делчево и за сите активни граѓански организации во Општината Средба со граѓански организации и тим на градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Н/П
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Се очекува во 2023 да се започне со подготовка на стратегијата Средба со советници , Барање за информации од јавен карактер
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Сеуште нема објавено ништо на веб страната на општината Веб страна на општина Делчево https://www.delcevo.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Организацијата која го мониторира прашањето има поднесено 3 барања за информации од јавен карактер за кои има добиено одговор од Општина Делчево Одговорени барања за информации од јавен карактер од страна на општина Делчево
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да На средбата со тимот на градоначалникот и советниците се споделени информации во однос на статусот на проектот Средба со тимот на градоначалникот и советници
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Да, информации се споделуваат и преку неформални средби со вработени во општина Делчево Граѓани, невладини организации
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Сите активни организации ке бидат дел при донесувањето на стратешкиот документ Средба со тимот на градоначалникот
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да НВО ,,КХАМ“ - Делчево е граѓанска организација која ја поднесе иницијативата за донесување на стратегија за соработка на општината и граѓански организации НВО ,,КХАМ“ - Делчево
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Сите локални невладини организации се заинтересирани да дадат придонес при донесување на стратегијата за соработка со општина Делчево Средба со локлани невладини организации
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Реализирана средба на НВО секторот и тимот на градочалникот како и советници од совет на О. Делчево Невладини организации
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Не Сеуште не постои можност за електронско учество, освен e-mail комуникација која е овозможена со јавно достапните e-mail адреси на поважните контакт лица во општината Средба со тимот на градооначалникот, Веб страна на општината https://www.delcevo.gov.mk/kontakt
      4.3 Отворени денови на општината Да Секој четврток е отворен ден на градоначалникот за прием на странки кои сакаат да се информираат за било кој проблем Средба со тим на градоначалник, веб страна на општината https://www.delcevo.gov.mk/rasporedot-za-priemni-denovi-za-rabota-so-stranki-i-odrzhuvane-na-sostanoci
      4.4 Граѓански иницијативи Да КХАМ е граганска организација која со својата иницијатива сака да обезбеди подобри услови за невладиниот сектор во Делчево НВО ,,КХАМ“ - Делчево