Шанса за младите – Сега!

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување „Отворање на мини индустриска зона во населено место Подбрегје“ во насока на ревитализација на локалната економија во општина Јегуновце и отворање на нови работни места за младите. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски истражувања; состаноци со локалната самоуправа, лобирање, мобилизирање на младите и локалното население преку потсетување на ветувањето и споделување на резултатите од мониторингот; јавни дебати со засегнатите страни.

Темата на локалниот мониторинг се активностите за отворањето на индустриска зона во населеното место Подбрегје.

Имплементатор
Здружение за рурален развој Локална акциона група ЛАГ СКАРДУС с. Јегуновце, Јегуновце
Локација
Јегуновце
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Освен веќе започнатите административно-технички процедури за утврдување на сопственоста на земјиштето за кои е известено во декември 2022 нема други нови активности. Градоначалник на општина Јегуновце.
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Нема реализирано јавна набавка поврзана со проектот. Процесот на јавни набавки е планиран за понатамошна фаза. Градоначалник на општина Јегуновце.
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Не Во месец март не се одржани информативни состаноци и средби со засегнати страни. Градоначалник на општина Јегуновце.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Има подготвен план за реализација претходно, но истиот не се реализира бидејќи има застој (стагнација) на ветувањето и ќе треба планот да се ревидира и корегира Градоначалник на општина Јегуновце.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Не Во март 2023 продолжува стагнацијата на ветувањето кое што започна во јанауари, нема одговор од сите институции за подготвителни активности. Постојат административно - технички пречки. Градоначалник на општина Јегуновце.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Започнати се административно-технички процедури за утврдување на сопственоста на земјиштето на местото каде што треба да се изгради Индустриската зона. Градоначалник на општина Јегуновце.
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Се уште нема првични резулати од реализација на проектот. Градоначалник на општина Јегуновце.
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не За 2022 година немаше доволно средства во буџетот за овој проект, Во новиот буџет за 2023 година, општината има обезбедено средства, но не во посебна буџетска ставка, туку во делот на Локален економски развој, нема јасен буџет за ветувањето Градоначалник на општина Јегуновце.
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Легализацијата на земјиштето се јавува како проблем, за таа цел е испратено барање до Катастар за утврдување на сопственоста на парцелите на местото каде што ќе се гради Индустриската зона. Проблемот е со неидентификација на сопственоста на земјиштето. Градоначалник на општина Јегуновце.
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот се уште е приоритет и е дел од годишната програма за 2023 година на општина Јегуновце. Градоначалник на општина Јегуновце.
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Да Во март забележуваме три месечна стагнација на даденото ветување поради постоење на административно – технички пречки за продолжување со реализација на истото, со план да се надминат пречките за 1 месец. Градоначалник на општина Јегуновце.
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Не Причините за стагнација се од техничко-административна природа кои моментално се адресираат од страна на општината, односно постоење на проблем со идентификација на сопственоста на земјиштето каде што ќе се гради Индустриската зона. Градоначалник на општина Јегуновце.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема достапни информации за ветувањето на веб страната на општината Градоначалник на општина Јегуновце, веб страна на општината https://opstinajegunovce.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Може да се достави барање од јавен карактер за мониторираното прашање, но нема информација дали досега има поставено по однос на ова прашање. Градоначалник на општина Јегуновце.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Отворена можност за соработка со сите заинтересирани страни. Градоначалник на општина Јегуновце.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Се остваруваат директни контакти со заинтересирани граѓани, преку неформални состаноци и средби. Градоначалник на општина Јегуновце.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да На отворени денови во декември 2022 се разговарало и за мониторираното прашање и граѓаните биле информирани. За месец март нема нови информации. Градоначалник на општина Јегуновце.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Не Граѓаните на отворените денови на општината во декември 2022, поднеле барање за реализација на ветувањето за Индустриска зона. Во март 2023 нема поднесено друга инициајтива. Градоначалник на општина Јегуновце.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Не Преку поднесени барања и неформални средби, граѓаните постојано ја потсетуваат општината да се реализира ветувањето и да се отвори Индустриската зона. Градоначалник на општина Јегуновце.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Не Во март 2023 нема такви активности. Градоначалник на општина Јегуновце.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Посебен дел на веб страната на општината каде може електронски да се поднесе барање или да се пријави проблем. Веб страна на општината http://www.pp.e-uslugi.mk/jg/prijavi.php
      4.3 Отворени денови на општината Не Во март 2023 немало отворени денови поврзани со изборното ветување. Градоначалник на општина Јегуновце.
      4.4 Граѓански иницијативи Не Во март 2023 немало такви активности поврзани со изборното ветување. Градоначалник на општина Јегуновце.