Шанса за младите – Сега!

Со оваа иницијатива ќе се спроведува мониторинг на исполнувањето на изборното ветување „Отворање на мини индустриска зона во населено место Подбрегје“ во насока на ревитализација на локалната економија во општина Јегуновце и отворање на нови работни места за младите. Активностите за мобилизација на заедницата ќе вклучуваат: теренски истражувања; состаноци со локалната самоуправа, лобирање, мобилизирање на младите и локалното население преку потсетување на ветувањето и споделување на резултатите од мониторингот; јавни дебати со засегнатите страни.

Темата на локалниот мониторинг се активностите за отворањето на индустриска зона во населеното место Подбрегје.

Имплементатор
Здружение за рурален развој Локална акциона група ЛАГ СКАРДУС с. Јегуновце, Јегуновце
Локација
Јегуновце
Буџет
300000 денари
Статус
Активна

МАТРИЦА ЗА МОНИТОРИНГ

  • I. Статус на изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Реализација
      1.1 Донесена е одлука за почеток со реализација на изборното ветување кое се следи Да Започнати се административно-технички процедури за утврдување на сопственоста на земјиштето на местото каде што ќе се изгради Индустриската зона, а со тоа е и означен почетокот на реализација на ветувањето. Состанок со Градоначалник на општина Јегуновце
      1.2 Се спроведува процес на набавки поврзани со изборното ветување кое се следи Не Нема реализирано јавна набавка поврзана со проектот. Градоначалник и вработен од општина Јегуновце
      1.3 Одржани се информативни состаноци и средби со засегнатите страни од страна на општината како дел од реализацијата на изборното ветување Да Не се одржани директни средби со граѓани по тоа прашање, но на отворените денови и средбите со граѓаните во текот на месец декември е дискутирано и за прашањето кое се мониторира. Состанок со Градоначалник.
      1.4 Подготвен е план за реализација на изборното ветување од страна на општината Да Има подготвен план за реализација. Состанок со Градоначалник.
      1.5 Обезбедени се неопходните предуслови за почеток со реализација (пример дозволи, подготвителни активности, кадар и сл.) Да Недостига уште дозвола од Катастар за земјиште. Испратени се барања до Катастар за утврдување на сопственоста на земјиштето. Состанок со Градоначалник.
      1.6 Општината реализира конкретни активности од планот за спроведување на изборното ветување Да Започнати се административно-технички процедури за утврдување на сопственоста на земјиштето на местото каде што треба да се изгради Индустриската зона. Состанок со Градоначалник
      1.7 Видливи се првични резултати од реализацијата на изборното ветување Не Се уште нема првични резулати од реализација на проектот. Состанок со Градоначалник
      2 Стагнација
      2.1 Има недостаток на средства во буџетот на општината Не За 2022 година немаше доволно средства во буџетот за овој проект, Во новиот буџет за 2023 година се предвидени средства за проектот. Состанок со Градоначалник
      2.2 Недостига некој од основните предуслови Да Легализација на земјиште се јавува како проблем, затоа испратено е барање до Катастар за утврдување на сопственоста на парцелите на местото каде што ќе се гради Индустриската зона. Состанок со Градоначалник
      2.3 Изборното ветување не е повеќе приоритет Не Проектот се уште е приоритет, но нема средства за реализација и ќе биде дел од годишната програма за 2023 година на општина Јегуновце. Состанок со Градоначалник
      2.4 Стопирано заради инспекција, истрага и сл. Не Нема стопирање или стагнација на проектот. Состанок со Градоначалник
      2.5 Не се познати причините за стагнација на активностите Н/П Нема стагнација на проектот. Состанок со Градоначалник и вработен од општината.
  • II. Транспарентност и отчетност на општината/институцијата во врска со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Информации за статусот на изборното ветување се достапни на веб страницата и социјалните мрежи на општината Не Нема достапни информации за ветувањето на веб страната. Состанок со Градоначалник и веб страна на општината https://opstinajegunovce.gov.mk/
      2 Информации за стаусот на изборното ветување може да се добијат преку Барање за информации од јавен карактер Да Може да се достави барање од јавен карактер за мониторираното прашање. Состанок со градоначалник.
      3 Информации за статусот на изборното ветување се споделуваат со заинтересирани страни од страна на надлежни лица во општината (преку интервјуа, фокус групи барање за разговор и сл.) Да Отворена можност за соработка. со сите заинтересирани страни. Состанок со градоначалник.
      4 Постои пракса во општината за неформално споделување информации со засегнати граѓани за конкретното изборно ветување (пример во неформален разговор) Да Директен контакт со граѓани, преку неформални состаноци и средби. Состанок со Градоначалник.
  • III. Учество на граѓаните во донесувањето одлуки поврзани со изборното ветување кое се мониторира

      Критериуми за мониторинг Статус Краток опис и забелешки Извор на информации
      1 Општината ги вклучила граѓаните во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Да, на отворени денови во декември 2022 се разговарало и за мониторираното прашање и граѓаните биле информирани. Состанок со Градоначалник.
      2 Граѓаните поднеле иницијатива за учество во одлуките поврзани со изборното ветување кое се мониторира Да Граѓаните на отворените денови на општината поднеле барање за реализација на ветувањето за Индустриска зона. Состанок со Градоначалник.
      3 Граѓаните учествуваат во реализацијата на изборното ветување со свој придонес и ресурси Да Преку поднесени барања и неформални средби, граѓаните побарале од општината да се реализира ветувањето и да се отвори Индустриската зона. Состанок со Градоначалник.
      4 Механизими кои општината ги користи за да обезбеди вклученост на граѓаните конкретно за изборното ветување кое се мониторира:
      4.1 Јавни собири, дебати и форуми Да Општината во декември организирала јавни собири и средби со граѓани од поголем број на населените места, како и на Отворениот ден на општината во декември. Состанок со Градоначалник.
      4.2 Можност за електронско учество преку мобилни апликации, веб страна, електронски обрасци и сл. Да Има опција на веб страната, посебен дел електронски да се поднесе барање или да се пријави проблем Состанок со Градоначалник, Веб страна на општината (https://opstinajegunovce.gov.mk/)
      4.3 Отворени денови на општината Да Во декември 2022 имало отворени денови на општината на кои се дискутирало и за прашањето кое се мониторира Состанок со Градоначалник.
      4.4 Граѓански иницијативи Да Во декември 2022 имало поднесено барање од граѓани за мониторираното прашање. Состанок со Градоначалник.